Спорт
„Кралевите“ затаија во нападот, Барселона има пет бода предност

Реал Мадрид не успеа да стигне до победа (0:0) на дуелот против Реал Сосиедад и дозволи Барселона да побегне со пет бода предност на врвот на табелата во Ла Лига. Тимот на Карло Анчелоти не наметна своја игра, немаше стопроцентни шанси пред голот на ривалот, а може да жали за пропуштената можност на Винисиус Жуниор во првиот дел.
Реал Сосиедад добро ги затвори приодите кон својот гол и успеа да освои голем бод на „Сантијаго Бернабеу“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ ја растажи Подгорица, Французите триумфираа во Даблин

Светскиот вицепрвак Франција стигна и до втора победа во квалификациите за ЕП 2024 откако ја совлада Република Ирска со 0:1 во Даблин. Бенјамин Павар беше стрелец на победничкиот гол за „триколорите“ во 50.минута од мечот.
Србија го доби дуелот со Црна Гора со 0:2, благодарение на Душан Влаховиќ. Напаѓачот на Јувентус беше двоен стрелец. Го отвори резултатот во 78.минута, а потоа и го потврди триумфот во 96.минута.
Шведска немаше милост против Азербејџан и славеше со 5:0, а Австрија со пресврт ја победи Естонија со 2:1.
Чешка не успеа да слави на гости во Кишињев против Молдавија и ремизираше без голови, а Полска ја победи Албанија со 1:0, со голот на Карол Свидерски. Унгарците беа убедливи и со 3:0 победија против Бугарија.
Холандија очекувано го победи Гибралтар со 3:0.
Спорт
Нагелсман ќе го почека отказот на Грем Потер и сака да раководи на „Стемфорд бриџ“

Раководството на Челси го посакува германскиот тренер Јулијан Нагелсман, откри новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг.
Доколку Потер не успее да постигне подобри резултати со Челси до крајот на сезоната, Тод Боели ќе го разреши. „Сините“ сакаат да му дадат поддршка, тоа го потенцираа неколку пати, но сега дојде моментот кога Челси треба да влезе во серија на позитивни резултати.
Реал Мадрид ќе биде тешка пречка за нив во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Тешко е да се поверува дека преку Премиерлигата би можеле да стигнат до ова натпреварување за следната сезона бидејќи моментално се на десеттото место со 38 бода.
Нагелсман веднаш доби понуда и од градскиот ривал Тотенхем. Тој е отворен и за тренерското место во тој клуб, но бидејќи Челси во моментов е финансиски помоќен и е во тек нов проект, Германецот многу лесно би можел да избере да дојде на „Стемфорд бриџ“.
Спорт
Калулу го пропушта дербито против Наполи

Францускиот интернационалец Пјер Калулу ќе го пропушти дербито на Милан против Наполи, лидерот во Серија А, поради повреда на потколеницата. Во соопштението, „росонерите“ велат дека централниот дефанзивец за една недела ќе биде подложен на дополнителни прегледи, но дефинитивно е во аут за дуелот со „наполитанците“.
Калулу се повредил за време на настапите за младата репрезентација на Франција до 21 година.
Милан и Наполи во април ќе се сретнат и во италијанското четвртфинале во Лигата на шампионите.