Спорт
Кралицата Елизабета ги одликуваше Милнер, Бејл и Фердинанд
Џејмс Милнер, Герет Бејл и Рио Фердинанд го добија Орденот на британската империја (MBE, OBE за Фердинанд) на јубилејната прослава на кралицата Елизабета, со која се одбележува 70-годишнината од нејзиното крунисување.
Кратенката MBE значи „Член на британската империја“ и е трет најважен орден што кралицата им го доделува на граѓаните за посебни заслуги.
Кралицата Елизабета го награди Милнер за долгогодишните заслуги во фудбалот, но и за неговата хуманитарна работа, на која ѝ е посветен од 2011 година, од кога има своја хуманитарна фондација.
Со работата на фондацијата собрал повеќе од милион фунти, а парите биле проследени до разни организации.
Милнер во Премиер лигата дебитираше на само 16 години и 309 дена во 2002 година. Тој тогаш беше вториот најмлад играч кој играл во Премиер лигата. Оттогаш има одиграно 588 лигашки натпревари.
Оваа година кралицата со истиот орден беа наградени Герет Бејл и Рио Фердинанд. Бејл го доби истиот орден како Милнер, додека Фердинанд го доби орденот ОБЕ за хуманитарна работа, кој е втор во рангот на ордените што го доделува кралицата, но ја исклучува титулата витез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) ПСЖ во Монако од 0:2 до 3:2
Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија Монако со 3:2 во првиот натпревар од 1/16 финалето на Лигата на шампионите.
„Светците“ ќе го слават моментот кога Дезире Дуе стапна на теренот, бидејќи Дембеле мораше да го напушти теренот во средишницата од првото полувреме.
Но, пред тоа, сè што можеше да тргне наопаку за Пари Сен Жермен се случи.
Монако поведе во првата минута. Головин му асистираше на Балогун, кој го свлада Сафонов. Монако продолжи во ист ритам и ја дуплираше предноста.
Балогун му избега на Маркињос и повторно и лесно ја смести топката во голот.
ПСЖ можеше да се врати во игра кога Кварацхелија изнуди пенал, но Кен го одбрани ударот на Витиња. Но, пет минути подоцна, Дуе влезе во игра.
По само 80 секунди, одзеде топак и ја погоди мрежата. До крајот на првото полувреме, избраниците на Луис Енрике израмнија.
Шут од далечина, Кен одбрани, но Хакими налета на одбиената топка и го израмни резултатот.
Пресвртот пред пресвртот на ПСЖ се случи на почетокот од второто полувреме кога Головин заработи директен црвен картон по фаулот врз Витиња.
Дуе повторно стапи на сцена, доби додавање од Ворен Заир Емери и од 12 метри го постигна голот за победа.
Foto/ EPA
Спорт
Германците ги освоија медалите во боб двосед
Германија го повтори својот неверојатен успех и ги освои сите три медали во боб двосед на Зимските олимписки игри. Златото им припадна на Јоханес Лохнер и Георг Флајшхауер, среброто на Франческо Фридрих и Александар Шулер, додека дебитантите Адам Амур и Александар Шалер ја освоија бронзата.
Победата на Јоханес Лохнер и неговиот сопирач Георг Флајшхауер беше сигурна уште од првото возење во понеделникот. Лохнер, кој настапува на своите трети и последни Олимписки игри како лидер во двете дисциплини во боб, ги оправда очекувањата во вторникот и стигна до златото со огромна разлика од 1,34 секунди. За 35-годишниот пилот, ова е трет олимписки медал, но прво злато.
Ваквиот расплет е пресликан од последните Игри во Пекинг во 2022 година, кога Германија исто така ги освои сите медали во боб двосед. Тогаш Фридрих беше прв, а Лохнер втор. Последната нација што постигна таков подвиг на Зимските игри по ред беше исто така Германија, во санкање за жени во 2002 и 2006 година.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Винисиус постигна спектакуларен гол, па направи хаос, Мурињо исклучен
Реал Мадрид стекна минимална предност во дуелот со Бенфика, во првиот бараж меч за пласман во осминафиналето, во Лигата на шампионите. На „Да Луж“, во Лисабон, Реал ја победи Бенфика со 1:0. Единствениот гол во 50-та минута го постигна Винисиус Жуниор.
Три недели по спектакуларната пресметка во првата фаза и голот на голманот Трубин во 98-та минута, Бенфика и Реал одиграа уште еден натпревар. За разлика тој меч, во кој беше надигран, Реал доминираше и на крајот заслужено победи.
Во силно темпо мина првото полувреме, првите 15 минути им припаднаа на домаќините, потоа Реал воспостави контрола, а во последните пет минути од првиот дел Трубин три пати спречи водство на Реал.
Вториот дел започна со брилијантниот гол на Винисиус во 50-та минута.
Провокацијата на Винсиус ја вжешти атмосферата на стадионот. Бразилецот заработи жолт картон за провокативната прослава на голот, откако доби жолт картон му се пожали на судијата дека бил расистички навредуван од Џанлука Престијани од Бенфика.
Винисиус потоа седна на клупата, не сакаше да игра. Прекинот траеше 10 минути.
Прекинот го „уби“ одличниот ритам во кој беа двата тима. По една полу шанса имаа едните и другите. Потоа интересен момент во 85-та минута.
Жозе Мурињо заработи црвен картон поради жестоки протести. Тренерот на Бенфика побара жолт картон за Винисиус, односно исклучување за Бразилецот, но судијата Летексје не мислеше така, но, по бурните протести, на крајот му покажа црвен картон на Мурињо.
Реваншот се игра наредната среда во Мадрид.
Foto/ EPA

