Спорт
Кралот Чарлс им честиташе на фудбалерите, и порача: „Обезбедете победа без драматични пенали“

Британскиот крал Чарлс Трети и честиташе на фудбалската репрезентација на Англија за пласманот во финалето на Европското првенство и ги повика играчите да триумфираат без „драматични голови и пенали во последните минути“.
Фудбалерите на Англија ја победија Холандија со 2:1 во полуфиналниот натпревар.
„Мојата сопруга, јас и целото наше семејство ви испраќаме најсрдечни честитки за пласманот во финалето на Европското првенство. Ве повикувам да победите пред да има потреба од чудесен гол во последната минута или уште една драма од пенал-рулетот – тогаш, сигурен сум, значително ќе падне притисокот и пулсот на целата земја, со среќа на Англија“, напиша Чарлс Трети, на официјалната страница на британското кралско семејство .
Гордиот Албион в недела на 14 јули ќе го игра финалето против Шпанија на Олимпискиот стадион во Берлин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Селото со 1.485 жители ќе има клуб во Лигата на шампионите

Шведскиот клуб Мјалби обезбеди учество во европските натпреварувања во сезоната 2026/27. Прв пат во историјата клубот ќе игра во натпреварувањата во организацијата на УЕФА.
Ова е огромен успех за клубот што доаѓа од Халевик, село на југот на Шведска каде што, според последниот попис, живеат 1.485 луѓе.
Како што сега стојат работите, Мјалби ќе игра во Лигата на шампионите. Мјалби е на чекор до освојување на титулата во шведското првенство. На пет кола до крајот, тие имаат предност од 11 бода во однос на второпласираниот Хамарби, а вистинско чудо би требало да се случи Мјалби да не ја освои титула шведски шампион, по прв пат во историјата.
Во блиското минато, од 2015 до 2018 година, беше во третата лига. Потоа, во две последователни сезони, скокна за два ранга и сега игра во највисокиот ранг на шведскиот фудбал шеста година по ред. Во тој период, се пласираше од петтото до десеттото место.
Според „Трансфермаркт“, Мјалби е деветтиот највреден тим во шведското првенство. Вкупната вредност на играчите е 15,7 милиони евра.
Спорт
Клоп добил понуда за работа од Саудиска Арабија

Јирген Клоп одлучи да направи пауза од тренерската работа и стана директор за спортски операции во Ред Бул. И покрај тоа што реши да не биде тренер, Германецот редовно добива понуди за работа.
Според медиумите од Саудиска Арабија, Ал Итихад го насочил вниманието кон германскиот стручњак, откако се раздели со Лоран Блан.
Французинот ја освои двојната круна минатата сезона, но по слабиот почеток во новата сезона доби отказ.
Се додава дека приоритетна цел е Клоп, иако прашањето е дали ќе можат да го убедат.
Како кандидати се споменуваат и Чави, Емери, Спалети и Консеисао.
Спорт
Руни: Ова не е Јунајтед

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, изјави дека на англискиот клуб му се потребни големи промени и додаде дека не го препознава клубот каде што играл.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се на 14-то место на табелата во Премиер лигата со седум бода. Англискиот клуб ја освои последната титула пред 12 години кога Руни го носеше дресот на клубот од „Олд Трафорд“.
„Едноставно не знам што се случува. Се обидов да бидам менаџер и не успеав. Рубен Аморим е на мои години, тој е сè уште млад менаџер и сигурен сум дека сè уште има голема иднина, но она што се случува во Манчестер Јунајтед, ова не е Манчестер Јунајтед. Навистина се надевам дека може да ги сврти работите и дека ќе го стори тоа. Но, ако ме прашувате дали верувате дека ќе го стори тоа, тогаш, по сè што видов, искрено не верувам дека тоа и ќе се случи“, рече Руни во подкастот на Би-би-си.
Тој изјави дека не гледа ништо што му дава самодоверба и додаде дека на Манчестер му се потребни големи промени.
„Менаџерот, играчите, што и да е. Што и да е потребно за Манчестер Јунајтед да се врати. Потребна е јасна порака од сопственикот. Без разлика дали се работи за Глејзерови, Џим Ратклиф, мора да има порака за тоа каде оди овој клуб. Во моментов сите седиме и чекаме да се распадне“, рече Руни.
Најдобриот стрелец во историјата на Јунајтед рече дека не го препознава клубот во кој помина 13 години.
„Културата на тој фудбалски клуб исчезна. Го гледам тоа секој ден, членови на персоналот добиваат отказ по 20, 30 години работа, а тоа се многу важни луѓе за тој фудбалски клуб. Имам две деца во академијата на тој фудбалски клуб и навистина се надевам дека ова нема да влијае на нив. Душата исчезна од клубот. Потребен му е нов мотор, нов моментум. Потребено е нешто за да го покрене Јунајтед“, рече поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед.
Инеос Групацијата на Ратклиф купи 27,7 проценти од акциите на Јунајтед во февруари 2024 година во вредност од околу 1,25 милијарди фунти.
Вкупниот број на вработени се намали од 1.100 на 700 во последните две години по контроверзните отпуштања.
Семејството Глејзер, кое е сопственик на Манчестер Јунајтед од 2005 година, го задржа мнозинскиот удел, но Инеос ја презеде контролата врз фудбалските операции на клубот.