Спорт
„Кралот“ падна пред Леванте, Барди асистираше за победничкиот гол

Фудбалерите на Леванте забележаа сензационална победа над Реал во Мадрид 2:1, во рамнките на 21.коло во Ла Лига. Асистент за победничкиот гол на Леванте беше македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Леванте покажаа дека се во добра форма, успаја да го победат фаворитот во Мадрид, и да ја продолжат серијата без пораз на седум натпревари. Реал, од друга страна, го доживеаја третиот пораз на домашен терен во Ла Лига, вкупно четврти во сезоната во домашното првенство.
Дуелот на „Алфредо Ди Стефано“ стадионот започна кошмарно за Реал. По само девет минути игра, Едер Милитао, како последен играч во одбраната го фаулираше Леон. Леванте добија слободен удар, а Бразилецот од Реал црвен картон.
И со играч помалку, Реал успеаја да постигнат гол. Крос и Марко Асенсио одиграа совршен контра напад, а стрелец беше младиот крилен напаѓач.
Од тој момент, Леванте ја презедоа контролата врз играта. Во 32.минута, Клер нафрли, а капитенот Моралес постигна прекрасен гол.
Во вториот дел, Реал не реализираа иделана шанса преку Бензема во 58.минута. Шест минути подоцна Леванте добија пенал, а Куртоа на фанатастичен начин го одбрани ударот на Роџер Марти.
Грешата во 64.минута, Марти ја исправи 14 минути подоцна кога по додавањето од Барди, го совлада Куртоа.
Леванте со оваа победа скокнаа на деветтото место со 26 бода, додека Реал останаа на втората позиција со 40.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Само бод за Јувентус во Верона

Јувентус и во вториот натпревар оваа сезона не успа да ја победи Верона. Вечерашниот дуел на „Бентегоди“, заврши со резултат 1:1. Јувентус ова дополнително го оддалечи од борбата за титулата. „Старата дама“, има седум поени помалку од лидерот Интер.
Верона и Јувентус, на „Бентегоди“, одиграа квалитетен натпревар, а головите беа постигнати во второто полувреме. Во првиот дел Верона се закани преку Фараони, чии удар заврши во дирекот, а најдобрата шанса за Јувентус ја имаше Рамзи.
На стартот од вториот дел, во 49.минута, Киеза му асистираше на Роналдо, кој го постигна својот 19 гол оваа сезона. Израмнувањето дојде во 77.минута, кога Верона го искористи периодот во кој играше добро. На центаршутот од Лазовиќ одлично реагираше Барак кој го постави конечниот резултат.
Спорт
Педри во аут најмалку три недели

Барселона скапо ја плати победата над Севилја (2:0), во дербито на колото, во Ла Лига. Роналд Куман одреден период остана без младиот Педри.
Играчот од редот за врска, кој сезонава ги одигра сите натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите, се повреди во 71.минута и веднаш го напушти теренот.
„Педри се здоби со повреда на мускулот во долниот дел на левата нога“, се огласи Барселона со кусо соопштение.
Локалната телевизија „ТВ3“, извести дека Педри по мечот се движел со помош на патерици.
Се шпекулира дека Куман нема да може да смета на Педри најмалку три недели.
Спорт
Барселона победи во Севилја

Барселона ја победи Севилја на „Санчез Писхуан“ со 2.0, во дербито на 25.коло. Со овој триумф, Барселона се искачи на второто место на табелата, со два бода помалку и два натпревари повеќе од лидерот Атлетико Мадрид.
Лионел Меси, на кого судијата Хернандез Хернадез му „прогледа низ прсти“ и не во 44.минута не му го покажа вториот жолт картон, и пресуди на Севилја со асистенција и гол.
Првиот гол против индиспонираната Севилја го постигна Усман Дембеле во 29.минута. Конечниот резултат го постави Меси во 86.минута. Аргентинецот го постигна 19 гол во Ла Лига оваа сезона.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер