Спорт
Кратење на платите во Барселона во следните три години, заштедени 122 милиони евра

Барселона се согласија со своите фудбалери да ги намалат платите за 122 милиони евра во следните три години, објавија од каталонскиот гигант. И покрај ова, Барса ќе исплати 50 милиони евра годишно во истиот период.
Барса мораше да направи големи кратења во клубот, откако Ла лига им постави помала граница за платите поради слабите финансиски резултати поради кризата со КОВИД-19 и недостатокот на гледачи на стадионот. Овој резултат доаѓа по повеќенеделните преговори со тренерот Роналд Куман, како и примателите на највисоки плати, како Лионел Меси и Антоан Гризман.
„Денеска, дојдовме до договор со кој ќе се направи промена на платите за оваа сезона, за сума од 122 милиони евра, која се однесува за следните три сезони. Договорот ќе биде потврден од групата фудбалери и тренери и доаѓа во важно време во сегашната економска ситуација“, велат од Барса.
❗ Joint statement from the FC Barcelona salary negotiation table
ℹ The details: https://t.co/KQlUFUnbRc
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 27, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпијакос го потврди трансферот на Ниликина

Францускиот кошаркар Франк Ниликина, го напушти белградски Партизан и ќе ја продолжи кариерата во грчки Олимпијакос.
Сагата околу неговиот трансфер од Србија во Грција траеше со денови, но челниците на црвено-белите попуштија и решија да му платат отштета на Партизан, па Ниликина ќе стане играч на Олимпијакос.
„КК Олимпијакос објавува дека го ангажираше Франк Нтиликина. Францускиот бек потпиша двегодишен договор со нашиот клуб“.
Ниликина пристигна во Белград од Шарлот минатото лето, а зад себе има солидна сезона во црно-белиот дрес.
Во Евролигата одигра 21 натпревар, помина просек од 17 минути на паркетот и запиша 6,1 поен со одлични проценти, 55% за два и 37% за три поени.
Ниликина осми пик на НБА драфтот кога дојде од Стразбур, а Њујорк Никс го избраа во 2017 година по инструкции на генералниот менаџер Фил Џексон.
Покрај Њујорк Никс и Шарлот Хорнетс, Ниликина играше и за Далас Маверикс.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Со двајца претставници Македонија на Европското првенство во пинг-понг за играчи до 13 години

Бојана Јовевска и Јован Пармачки се двајцата претставници на Македонија на Европското првенство во Коста, Шведска. Тимот го предводи Златко Рикалоски, соопшти Пинг понгарска федерација на Северна Македонија.
Првенството започна на 24 Септември и ќе трае до 28-ми со претставници од повеќе од 30 држави.
Ова е трето Европско првенство во оваа категорија, а последното се одржа во Романија 2024 година.
Спорт
Јувентус ќе се обиде во јануари да го продаде Влаховиќ

Челниците на Јувентус немаат доверба во Душан Влаховиќ и покрај тоа што тој на пет натпревари оваа сезона, постигна четири гола. Влаховиќ е џокерот од клупата, бидејќи сезонава ниту еден гол не постигнал кога започнал во дстартната постава.
Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус ќе се обиде да го продаде напаѓачот во зимскиот преоден рок.
Причината е што договорот на Влаховиќ истекува на крајот од оваа сезона, а вистинска аукција за таков напаѓач би можела да има во јуни. Затоа, за клубот, подобро решение е да го продаде во јануари со симболична отштета,
Јувентус сигурно сака да се ослободи од големите трошоци бидејќи е познато дека српскиот фудбалер заработува 12 милиони евра годишно оваа сезона.
Неговото заминување во јануари би значело 6 милиони евра повеќе во касата на Јувентус и плус неколку милиони евра од обесштетувањето.
Она што е јасно дури и во овој момент, Влаховиќ ќе го напушти Јувентус, без разлика дали во јуни или можеби во јануари.
Foto/ EPA