Спорт
Крим се откажа од Усик поради русофобијата
Шампионот во тешка категорија, Олександер Усик, ја загуби поддршката на неговиот роден крај откако Советот на Крим му ја одзеде титулата почесен работник во физичката култура и спортот на Крим.
35-годишниот Усик, кој се подготвува за римеч со Британецот Ентони Џошуа, е роден во Симферопол на Крим, но во последните години со семејството живее во Киев. Пред војната во Украина, тој токму од Украинците беше обвинуван дека не е доволно голем патриот заедно со неговиот близок пријател Василиј Ломаченко, но сега, откога се вратија во Украина и се пријавија во територијалната одбрана, станаа непријатели на Русија и на проруското население во земјата.
Советот на Крим одлучи дека Усик, заедно со поранешните украински претседатели Леонид Кравчук и Леонид Кучма, не е достоен за да ја носи нивната почест.
„Тоа се луѓе што ја поддржуват водената и енергетската блокада на Крим, кои се противат на нашето легитимно соединување со Русија и луѓе што се потемнети од русофобија. Такви луѓе не треба да ги носиме во добри сеќавања“, изјави претседателот на парламентот на Крим, Владимир Константинов.
Усик: Поради политиката, загубив милиони во спонзорство во Украина
Усик ќе оди на Крим, ќе предизвика политички скандал во Украина?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos

