Спорт
Кристал Палас го шокираше Ливерпул, а загуби и Челси

Кристал Палас му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во новата сезона од Премиер лигата, победувајќи со 2-1 на свој терен. Домаќинот обезбеди триумф со голот на Еди Нкетија во 97. минута. Претходно, Палас поведе со погодокот на Исмаила Сар во 9. минута, а Федерико Киеза израмни за Ливерпул во 87. минута.
Во останатите натпревари, Челси загуби на „Стемфорд Бриџ“ од Брајтон со 1-3, Манчестер Сити убедливо славеше против Барнли со 5-1, додека Лидс и Борнмут ремизираа со 2-2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Монако поразен на гостувањето кај Лориен

Монако претрпе тежок пораз на гостувањето кај Лориен со 3-1 во рамките на шестото коло од Лига 1. „Кнезовите“ останаа со играч помалку уште во 38. минута по црвениот картон за Тило Керер, што значително ја олесни задачата за домаќините.
Само две минути подоцна, Бамба го отвори резултатот за Лориен, а во завршницата Пабло Пажис со два погодоци ја потврди доминацијата на својот тим.
Единствената утеха за Монако беше погодокот на Ансу Фати од пенал во последните моменти од натпреварот.
Спорт
Атлетико ја наполни мрежата на Реал во мадридското дерби

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го одиграа својот најдобар натпревар сезонава во Ла Лига и го победија Реал Мадрид со 5-2 во мадридското дерби. Тимот на Диего Симеоне конечно забележа две победи во низа, додека „кралевите“ доживеаја прв пораз по шесте последовни триумфи.
Натпреварот започна со спектакл уште во првото полувреме, со четири гола. Ле Норман ја отвори серијата во 15. минута со гол со глава, а Реал возврати преку Арда Ѓулер и Мбапе, кој постигна погодок за водство од 1-2. На полувреме резултатот беше 2-2 откако Сорлот израмни со гол со глава во судиското продолжение.
Во вториот дел следуваше нов шок за Реал. Алварез постигна гол од слободен удар во 64. минута за 4-2, а во судиското продолжение Антоан Гризман со мајсторски погодок го постави конечниот резултат 5-2 за Атлетико.
Спорт
Борусија Дортмунд триумфираше на гости кај Мајнц

Борусија Дортмунд забележа победа на гостувањето кај Мајнц, совладувајќи го противникот со 0-2 во петтото коло на Бундеслигата.
„Милионерите“ ја решија судбината на натпреварот уште во првото полувреме, кога за водство погодија Даниел Свенсон и Карим Адејеми.
Во второто полувреме, Борусија Дортмунд ја контролираше играта без поголем напор, задржувајќи го водството и рутински го завери триумфот. Ова е четврта победа за тимот на сезонава, со што сега има два бода помалку од лидерот Баерн Минхен.
Баер Леверкузен славеше на гости кај Сент Паули со 1-2, со головите на Тапсоба и на Поку.
Во другите натпревари, Хајденхајм на домашен терен го совлада Аугсбург со 2-1, а Лајпциг со минимални 1-0 го победи Волфсбург.