Спорт
Кристанте потпиша нов договор

Италијанскиот фудбалер Брајан Кристанте го продолжи договорот со Рома, потврди клубот.
Кристанте е во Рома од 2018 година, а договорот го продолжи до 2027 година.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, продолжувањето на договорот е придружено со зголемување на платата на 2,8 милиони евра годишно.
Со репрезентацијата на Италија, Кристанте го освои Европското првенство во 2021 година, додека во дресот на Рома стигна до трофејот во Конференциската лига во 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Атлетико ја наполни мрежата на Реал во мадридското дерби

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го одиграа својот најдобар натпревар сезонава во Ла Лига и го победија Реал Мадрид со 5-2 во мадридското дерби. Тимот на Диего Симеоне конечно забележа две победи во низа, додека „кралевите“ доживеаја прв пораз по шесте последовни триумфи.
Натпреварот започна со спектакл уште во првото полувреме, со четири гола. Ле Норман ја отвори серијата во 15. минута со гол со глава, а Реал возврати преку Арда Ѓулер и Мбапе, кој постигна погодок за водство од 1-2. На полувреме резултатот беше 2-2 откако Сорлот израмни со гол со глава во судиското продолжение.
Во вториот дел следуваше нов шок за Реал. Алварез постигна гол од слободен удар во 64. минута за 4-2, а во судиското продолжение Антоан Гризман со мајсторски погодок го постави конечниот резултат 5-2 за Атлетико.
Спорт
Кристал Палас го шокираше Ливерпул, а загуби и Челси

Кристал Палас му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во новата сезона од Премиер лигата, победувајќи со 2-1 на свој терен. Домаќинот обезбеди триумф со голот на Еди Нкетија во 97. минута. Претходно, Палас поведе со погодокот на Исмаила Сар во 9. минута, а Федерико Киеза израмни за Ливерпул во 87. минута.
Во останатите натпревари, Челси загуби на „Стемфорд Бриџ“ од Брајтон со 1-3, Манчестер Сити убедливо славеше против Барнли со 5-1, додека Лидс и Борнмут ремизираа со 2-2.
Спорт
Борусија Дортмунд триумфираше на гости кај Мајнц

Борусија Дортмунд забележа победа на гостувањето кај Мајнц, совладувајќи го противникот со 0-2 во петтото коло на Бундеслигата.
„Милионерите“ ја решија судбината на натпреварот уште во првото полувреме, кога за водство погодија Даниел Свенсон и Карим Адејеми.
Во второто полувреме, Борусија Дортмунд ја контролираше играта без поголем напор, задржувајќи го водството и рутински го завери триумфот. Ова е четврта победа за тимот на сезонава, со што сега има два бода помалку од лидерот Баерн Минхен.
Баер Леверкузен славеше на гости кај Сент Паули со 1-2, со головите на Тапсоба и на Поку.
Во другите натпревари, Хајденхајм на домашен терен го совлада Аугсбург со 2-1, а Лајпциг со минимални 1-0 го победи Волфсбург.