Спорт
Кристијано Џунтоли е нов спортски директор на Јувентус

Јувентус го потврдија пристигнувањето на Кристијано Џунтоли како нов спортски директор по осумте години поминати во Наполи.
51-годишниот Џунтоли е еден од најзаслужните за освоеното скудето на Наполи минатата сезона, откако во клубот ги донесе првите ѕвезди како Виктор Осимен и Квича Кварацхелија, но по конфликтот со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис се договори со Наполи за заминување една сезона пред крајот на договорот.
Џунтоли ќе работи во Јувентус со својот нов помошник, Џовани Мана, и ќе биде одговорен во трансформацијата на тимот во новата ера по заминувањето на претседателот на клубот Андреа Ањели, и прва задача ќе му биде да се ослободи од повеќе играчи за да се намали сумата која клубот ја дава за плати.
Cristiano Giuntoli è con noi!
Giuntoli è il nostro nuovo Football Director. Benvenuto!
— JuventusFC (@juventusfc) July 7, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Астон Вила се вклучи во траката за потписот на Де Брујне

Фудбалерот на Манчестер сити во заминување, Кевин Де Брујне, би можел да направи изненадувачки потег на крајот од сезоната и да ја продолжи кариерата во Астон Вила, пишува британски „Скај Спорт“.
Истиот извор наведува дека во еден од најпрогресивните клубови во Премиер лигата веќе се воделе интерни дискусии, околу можниот ангажман на Де Брујне, што е прв чекор кон евентуалниот трансфер.
Договорот на искусниот белгиски фудбалер со Сити истекува на 30 јуни. Минатиот месец тој објави дека да ја продолжи соработката со актуелниот англиски шампион, бидејќи тоа не му било ниту понудено.
По оваа негова објава следуваа бројни шпекулации околу иднината на Де Брујне. Медиумите запошнаа со негова преселба во Саудиска Арабија и САД, односно МЛС лигата, но фудблаерот засега не се огласил по ова прашање.
Спорт
Камавинга се повреди против Хетафе, ќе го пропушти финалето против Барселона

Реал, во предградието на мадрид, со тешка мака го победи Хетафе со 1:0 во 33.коло. Реал остана четири чекори зад Барселона во пресрет на меѓусебниот дуел, најпрвин в Купот, а потоа и во првенството.
Единствениот гол на натпреварот на „Колосеум Алфонсо Перез“, го постигна турскиот репрезентативец Арда Гулер. Покрај Гулер херој на Реал е Тибо Куртоа кој имаше вкупно шест одбрани, од кои две во самиот финиш.
Реал натпреварот го заврши со играч помалку на теренот. Во финишот поради повреда мораше да излезе Едуардо Камавинга, во ситуација кога Карло Анчелоти ги изврши сите измени.
По победата Анчелоти потврди дека Камавинга нема да конкурира за место во тимот за натпреварот против Барселона, во финалето на Купот, в сабота од 22 часот во Севилја.
Спорт
„Секоја чест за Консеисао што веруваше во Јовиќ“

Лука Јовиќ повторно е стартер, повторно дава голови, постигнува важни голови и решава натпревари, ова е главниот впечаток во Италија по „Дерби дела Мадонина“ во Купот на Италија.
„Росонерите“ благодарение на двојниот стрелец Јовиќ во реваншот го победија Интер со 3:0, вкупни 4:1 и се пласираа во финалето на Купот. За титулата ќе се борат со Болоња, која првиот меч во Емполи го доби со 3:0, така што реваншот вечерва ќе биде само формалност.
Лошата сезона за Милан сега изгледа помалку лоша, бидејќи тимот ќе се бори за вториот трофеј, по оној што го освои во Ријад, во рамките на италијанскиот Суперкуп.
Андреа Страначони, поранешниот тренер на Интер, за италијанските медиуми го анализираше дуелот помеѓу Интер и Милан. И донекаде е изненаден од играта на српскиот напаѓач кој, како што вели, би го задржал во клубот.
„Не знам дали Консеисао, кој беше тренер на Виторија Гимараеш кога Јовиќ дебитираше во португалскиот фудбал (за Бенфика) како 19-годишник, тогаш веќе беше негов навивач… Но, едно е сигурно: му честитам што веруваше во Јовиќ, инсистираше на него и покрај тоа што клубот вложи милиони во трансферот на Хименз во јануари. Би го задржал Јовиќ“, изјави Страмачони.