Спорт
Кристијано го израмни рекордот на Касилјас против Јанг бојс и веднаш постигна гол!
Кристијано Роналдо го израмни рекордот на Икер Касилјас за настапи во Лигата на шампионите, откако беше стартер на првиот меч од новата сезона за Манчестер јунајтед против Јанг бојс.
Роналдо го имаше својот прв настап во ЛШ за Манчестер јунајтед во 2009 година, и сега има идентични 177 натпревари во елитното европско натпреварување со легедата на Реал Мадрид.
Ова не е единствен рекорд за Роналдо во ЛШ – тој е најдобар стрелец со 135 гола, вклучувајќи ги 17-те гола во 2013/14, рекорд за една сезона. Португалецот исто така има најмногу голови во нокаут фазата, дури 67, а исто така е и единствениот фудбалер кој постигнал голови во три финалиња а ЛШ, единствен фудбалер кој постигнал голови во сите шест групни натпревари, и единствен фудбалер со голови во 11 последователни мечеви.
Дека неговото пристигнување го „препороди“ Јунајтед, веднаш стана јасно, откако во Берн му беа потребни само 13 минути да го постигне 135. гол во натпреварувањето.
CRISTIANO RONALDO
Young Boys 0x1 Manchester Unitedpic.twitter.com/UG0oJOYVGS
— Vídeos (@vidsgrw) September 14, 2021
177 – Cristiano Ronaldo is set to make his 177th UEFA Champions League appearance, equalling Iker Casillas as the player the with the most appearances in the competition’s history. Staple. pic.twitter.com/mGgoZX14Hq
— OptaJoe (@OptaJoe) September 14, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона ја потопи „жолтата подморница“
Фудбалерите на Барселона лесно го победија Виљареал во 17-то коло од Примера (2:0), со што ја забележаа својата осма последователна победа во шпанската елита.
Избраниците на Ханси Флик, во Виљареал, го отворија резултаот во 12-та минута, кога Рафиња погоди од пенал.
Потоа следуваше шоуто на Ламин Јамал. Прво, Ренато Веига доби директен црвен картон во 39-та минута за наивен старт врз суперталентираниот 18-годишник, а пота Јамал во 63-та минута го постави конечниот резултат.
Јамал го постигна својот седми гол во 14-от лигашки натпревар, има и седум асистенции.
Од неуспехот во Ел Класико, Каталонците имаат само победи, со импресивна гол-разлика од 26:8. Во следниот натпревар, тие ќе гостуваат кај нивниот голем ривал Еспањол.
Барселона е на чело на табелата со 46 бода, четири повеќе од Реал Мадрид, Венаш зад водечката двојка е Атлетико, додека „жолтата подморница“ го зазема четвртото место.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Астон Вила не запира, Роџерс му пресуди на Манчестер Јунајтед
Фудбалерите на Астон Вила го победија Манчестер Јунајтед (2:1) на свој терен во дербито на 17-то коло од Премиер лигата. Астон Вила ја забележа скромната шеста победа во 61-от меѓусебен дуел со Јунајтед во Премиер лигата.
Головите, со кои Вила ја продолжи победничката серија ги постигна Морган Роџерс во 45-тата и 58-та минута. На другата страна, Матеус Куња погоди во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме.
За да биде уште полошо за „црвените ѓаволи“, капитенот и најдобар играч Бруно Фернандес се повреди и ја напушти играта на полувремето.
Единствениот позитивен факт е дебито на Џек Флечер (18), син на познатиот Дарен, играч на првиот тим на Јунајтед од времето кога клубот предовен од сер Алекс Фергусон владееше во Премиер лигата.
Роџерс речиси постигна два идентични гола на овој натпревар, со прецизен удар во спротицниот агол, при што првиот беше особено импресивен.
Куња постигна гол по големата грешка на Мети Кеш и добрата реакција на Патрик Доргу.
Куња беше тој што ја имаше најдобрата шанса во 68-та минута за израмнување, но неговиот удар со глава заврши покрај стативата.
Вила ја забележа својата 10-та победа по ред во сите натпреварувања и моментално е трета во Премиер лигата со 36 бода, три помалку од лидерот Арсенал. Следен противник за тимот на Унаи Емери е Челзи.
Јунајтед е седми со 26 бода, а негов следен ривал е Њукасл.
Фото/ Depositphotos
Спорт
Тренерот на Милан се соочува со жестока казна
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, е соочен со долга суспензија поради навреда на спортскиот координатор на Наполи, Габриел Оријали, за време на полуфиналето на италијанскиот Суперкуп помеѓу двата клуба во четврток вечерта.
Како што објавува „Газета Спорт“, тренерот на второпласираниот тим од Серија А би можел да добие казна од неколку натпревари во домашното првенство поради несоодветните зборови што му ги упатил на поранешниот италијански фудбалер.
Во случај да не добие суспензија, трофејниот италијански стручњак веројатно ќе биде „удрен во џебот“, а Дисциплинската комисија е таа што треба да одлучи каква казна ќе му одреди на Алегри.
Од Наполи веќе изјавија дека се надеваат, дека Алегри ќе добие соодветна казна за своето простачко однесување.
„Се надеваме дека овој целосно неконтролиран напад нема да помине незабележано, особено затоа што, со 33 камери вклучени во продукцијата на настанот, беше невозможно да не се види што се случи“, се вели во соопштението на клубот кој ќе се бори против Болоња за титулата победник на италијанскиот Суперкуп.
За потсетување, Милан ќе го игра својот следен натпревар во Серија А само во недела, 28 декември во Верона.
Foto/ freerangestock

