Спорт
Кристијано Роналдо го тужи Јувентус
По Леонардо Бонучи и Кристијано Роналдо поднесе тужба против Јувентус. За разлика од Бонучи, кој тврди дека клубот го наруѓил неговиот углед, Роналдо по судски пат сака од „старата дама“ да наплатаи 19.900.000 евра.
Сумата која ја побарува Роналдо е како што тврди тој, се заостанати плати што не ги добил за време на карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирус. Денеска адвокатите ја доставија целата документација до ствот во Торинбо и започнаа постапка против Јувентус.
Претходно истото го направи Пауло Дибала, кој се договори со Јувентус веднаш да му исплати три милиони евра плата. Со оваа тужба Роналдо сака да ги земе парите што требало да ги добие според договорот. Претходно тој се договорил со Јувентус да ја одложи исплатата за периодот по пандемијата.
Јувентус двапати ги намали платите за време на кризата со корона. Прво, во 2020 година им ги скрати платите на сите играчи подеднакво за да заштеди пари бидејќи немаше приход од билети, а потоа во 2021 година управата разговараше со секој играч поединечно за намалување на платата.
Во тој момент Роналдо заработуваше 31.000.000 евра нето годишна плата и се согласи да ја одложи исплатата на речиси 20.000.000 евра додека не заврши пандемијата.
Јувентус никогаш не му ги исплатил тие пари, поради што решил да поднесе тужба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

