Спорт
Кристијано Роналдо соборил 11 фудбалски рекорди оваа сезона!
Иако сезоната ја заврши само со домашниот трофеј со Јувентус, 35-годишниот Кристијано Роналдо може да се пофали дека имал една од најдобрите индивидуални сезони во својата кариера со 11 неверојатни статистики за 2019/2020.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ ги постигна своите 100. и 101. гол за Португалија во неделната 2:0 победа над Шведска, а со Јувентус имаше дури 31 постигнат гол и бројките сами зборуваат за неговите квалитети во 2019/2020.
„Тој стана првиот европски фудбалер со над 100 постигнати гола за репрезентацијата и се доближи на само осум гола од рекордот на Иранецот Али Даеи (109 гола). Роналдо сега има ист број голови како најдобриот стрелец во француската репрезентација (Тјери Анри, 51 гол) и холандската репрезентација (Робин ван Перси, 50 гола) заедно. Вториот и третиот најдобар стрелец за Португалија (Паулета – 47 гола и Еузебио – 41 гол) комбинирано имаат 13 гола помалку од него.
Тој сега има над 700 гола во својата кариера, нешто што досега им успеало само на шест други фудбалери (Пеле, Ромарио, Герд Милер, Јосеф Бицан, Ференц Пушкаш и Лионел Меси) кои стигнале до оваа цифра.
Тој исто така стана најстариот фудбалер што постигнал повеќе од 30 гола во една од топ-5 европски лиги од 1948 година.
Роналдо стигна до 50 гола во 61 меч за Јувентус, најбрзо во историјата на славниот италијански клуб и второ најбрзо во историјата на Серија А. Тој е исто така единствен фудбалер што постигнал 50 гола во Премиер лигата, Ла Лига и Серија А. Конечно, ова е 15-та последователна сезона во која тој има двоцифрен број постигнати голови.
„Иднината ја знае само Бог. Се чувствувам добро играјќи со овие млади фудбалери. Постигнувањата во кариерата зборуваат сами за себе и не морам да докажувам ништо. Кога ќе имам, ќе го направам тоа на теренот“, изјави Роналдо по мечот со Шведска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.