Спорт
Кристијано со „крампони“ за рагби добива екстра брзина

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо нашол нов начин да обезбеди предност на фудбалскиот терен, користејќи „крампони“ за рагби на своите копачки.
Според „Тутоспорт“ и „Спорт медијасет“, ЦР7 верува дека промената која ја прави на своите копачки ќе му даде подобра фрикција на теренот и ќе му дозволи да биде уште побрз иако има над 30 години.
Ова не е новост во светот на фудбалот, откако напаѓачот на Монпелје во февруари објави дека користи „крампони“ за рагби, кои очигледно функционираа – тој постави рекорд во Лига 1 оваа сезона со спринт од 36.8 км/ч.
Најверојатно се работи за „крампони“ од гума, наместо од метал, за да се добие поголема флексибилност и брзина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марк Маркез победи во Мизано, ја забележа 99.победа во кариерата

Победник на Големата награда на Сан Марино и Римини во Мизано е возачот на Дукати, Марк Маркез. Марк ја забележа својата 99-та победа во кариерата.
Постариот Маркез имаше одличен старт и веднаш се проби од четвртотот до второто место, пред Алекс Маркез, а зад Марко Бецеки, кој имаше одличен старт.
Бецеки беше лидер се до 12-от круг и практично првата грешка што ја направи го чинеше скапо. Марк Маркез се проби до првото место, Бецеки се закани во следните неколку круга, забрзувајќи, но не можеше да ја загрози победата на Марк.
На третото место, Алекс Маркез практично возеше сам, никој не беше доволно блиску за да му го загрози местото на подиумот.
А зад нив – еден по еден испаднаа – Жоан Зарко, Жоан Мир, Аи Огура, Маверик Вињалес, Педро Акоста, Франческо Банџаја.
Што се однесува до пласманот под третото место, Франко Морбидели го освои четвртото место, пред Фабио ди Џанантонио и Фермин Алдегуре. Лука Марини го освои седмото место, Фабио Квартараро осмото, Мигел Оливеира деветтото и Бред Биндер десеттото место.
Светското првенство продолжува со Големата награда на Јапонија од 26 до 28 септември.
Вечерашниот пад во спринт трката значи дека Марк нема да може да ја потврди титулата во следната трка, но ќе може да стигне до својата 100. победа и да стане третиот возач што го сторил тоа, по Џакомо Агостини (122) и Валентино Роси (115).
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Чолито и Израел ја срушија Рома на „Олимпико“

Фудбалерите на Торино ја победија Рома на „Олимпикo“ со 1:0 во натпреварот од третото коло на Серија А. „Биковите“ ја забележаа првата победа оваа сезона, воедно на Рома и го нанесоа првиот пораз по двете победи на стартот.
Стрелец на голот за „биковите“ беше Џовани „Чолито“ Симеоне, син на познатиот тренер на Атлетико, Диего.
Моментот на одлука се случи во 59-та минута кога Торино, по иницијативата на противникот, постигна гол во транзиција.
Симеоне повлече во контра, размени додавање со Нгонг, се позиционираше и откако доби прецизен пас од истиот играч, со хируршки прецизен удар од работ на шеснаесетникот го совлада Миле Свилар.
Ci sono tipo sei errori in 30 secondi, poi quello fa il goal dell’anno dopo un anno di niente#RomaTorino#Simeone
— ApocaFede (@DrApocalypse) September 14, 2025
Кај Торино блескаше и голманот, Франко Израел, кој во надополнувањето на времето спречи израмнување по обидите на Писили, Суле и Ел Шарави, и дефинитивно го дели епитетот херој на натпреварот со Симеоне.
За Римјаните ова беше прв пораз против Торино во последните девет меѓусебни дуели, а воедно и прв пораз воопшто на домашен терен по 13 натпревари.
Голот што го постигна Симеоне е прв за „Биковите“ оваа сезона, по ремито со Фиорентина во претходното коло и дебаклот против Интер (0:5) во отворањето на сезоната.
Foto/ EPA
Спорт
Џон Тери: Навивам Ливерпул да ја освои титулата

Џон Тери, според многумина најголемата легенда во историјата на Челзи, ја изненади фудбалската јавност со изјавата дека сака Ливерпул, поради Диого Жота, да ја освои титулата во Премиер лигата оваа сезона. Тери призна дека верува оти неговиот поранешен тим сè уште не е подготвен за таков потфат.
Поранешниот капитен на Челзи одигра 717 натпревари за клубот, постигнува 67 гола, пет пати ја освои Премиер лигата и еднаш Лигата на шампионите, заедно со бројни други титули.
Откако ја заврши кариерата кратко влезе во тренерските води како асистент, а потоа 44-годишниот Тери се врати во својот клуб во јули 2023 година како ментор на академијата и амбасадор на клубот, поради што сè уште е многу близок до првиот тим.
Токму затоа неговата изјава за „talkSPORT“, во која не го поддржува тимот на Енцо Мареска, предизвика чудење.
Тери го издвои Ливерпул, актуелниот шампион предводен од Арне Слот, како фаворит. Една од причините е реалниот поглед на моменталните можности на Челзи и желбата да не се врши притисок врз младиот тим.
Сепак, втората причина е многу потрогателна – Тери сака „Црвените“ да ја освојат титулата во чест на сеќавањето на поранешниот напаѓач на Ливерпул, Диого Жота, кој трагично загина во сообраќајна несреќа во јули.
„Мислам дека титулата е нивна, искрено. Мислам дека имаат огромна мотивација поради многу тажната загуба на Диого Жота. Само поради тоа, навистина се надевам дека Ливерпул ќе може да го стори тоа. Мислам дека тие се најсилниот тим. Манчестер Сити повторно покажа ранливост оваа сезона.“
Тери, исто така, се осврна на својот Челзи. „Не сум сигурен дека Челзи има доволно искуство во тимот за да дојде до крајот. Исто така не сакам да вршам притисок врз нив. Затоа мислам дека титулата му припаѓа на Ливерпул и, како што реков, им посакувам среќа во тоа“, додаде тој.
Foto/ EPA