Спорт
Криза кај „сините“? Саутемптон со камбек за голема победа над Челси
Саутемптон со 2:1 ги совлада Челси на „Сент Мерис“ за да му го нанесе вториот пораз на тимот на Томас Тухел во само пет кола во новата сезона од Премиерлигата, најавувајќи „мини-криза“ на „Стемфорд Бриџ“ по бурниот преоден рок, во кој можеби уште ќе се активни до четврток.
А, работите, почнаа одлично за Челси – Рахим Стерлинг во 23. минута покажа дека не го загубил осетот за гол, снаоѓајќи се најдобро во шестнаесетникот за водство на гостите. Но, тимот на Ралф Хазенхитл се врати до крајот на полувремето. Белгиецот Ромео Лавија израмни само пет минути подоцна, за Адам Армстронг во финишот на полувремето да го комплетира пресвртот за 2:1.
Дали ситуацијата на Челси новиот газда Тод Бели ќе ја решава со „панично“ купување до крајот на преодниот рок, останува да се види.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-41886”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Кил освои бод кај шампионот, Борусија падна во Берлин
Фудбалерите на Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд по победите во Лигата на шампионите непријатно ги изненадија своите навивачи во Бундес лигата. Актуелниот шампион Баер, на домашен терен испушти предност од два гола против дебитантот Кил, а Борусија загуби во Берлин од Унион со 2:1.
Бундес лига, 6.коло:
Унион Берлин – Дортмунд 2:1 (2:0)
Фохт 26 (п), Фертесен 45 – Рајерсон 62
Леверкузен – Кил 2:2 (2:1)
Бонифас 4, Хофман 8 – Гашвил 45+5, Арп 69
Бремен – Фрајбург 0:1 (0:0)
Доан 75
Бохум – Волфсбург 1:3 (0:2)
Боаду 72 – Томас 21, Ветер 37, 88
Спорт
(Видео) Жота за триумф на Ливерпул на Селхурст Парк
Фудбалерите на Ливерпул со победа над Кристал Палас го отворија седмото коло во Премиер лигата. Ливерпул со 1:0 го порази домаќинот и ја забележа шестата победа во сезоната. Ливерпул е лидер на табелата и тука ќе остане и по комплетирањето на седмата рунда.
Не им беше лесно на „црвените“ на Селхурст Парк пред 25.000 глоедачи. Мечот го реши раниот гол на Диого Жота во деветтата минута.
Жота го постигна 60-ти гол во дресот на Ливерпул на јубилејниот 100-ти натпревар во дресот на клубот од „Енфилд“.
Португалецот можеше да постигне уште некој гол но не беше прецизен во 35. и 62. минута.
Шанса имаше и Салах во 57. минута но Дин Хендерсон одлично одбрани, а шанси за домашниот тим пропуштија Исмаил Сар во судиското надополнување и Еберечи Езе во 84. минута.
Голманот на Ливерпул, Алисон се повреди во 77. минута, па до крајот на мечот на голот на гостите беше Чехот Витеслав Јарош.
First goal of Liverpool Vs Crystal place (0:1) D.Jota ⚽️ pic.twitter.com/qwtJccpNSM
— Jadkar (@JadkarFootball) October 5, 2024
Спорт
Фенербахче експресно најде замена за Вилбекин
Американскиот кошаркар Сабен Ли стана нов член на Фенербахче.
Скоти Вилбекин, синоќа ги скина предните вкрстени лигаменти на првиот натпревар од новата сезона во Евролигата кога Фенербахче пред своите навивачи го победи Олимпијакос со 82:71.
Како што пренесуваат Арис Баркас и порталот „Јурохупс“, челниците на Фенербахче веднаш стапиле во контакт со колегите од Маниса и го договориле трансферот на Сејбен Ли.
Поранешниот НБА играч на Детроит, Филаделфија и Феникс блесна на првиот натпревар од Лигата на шампионите на ФИБА во дресот на Маниса и забележа 36 поени и по шест скока и асистенции во победата над Мурсија 103:97.
Ли е поранешен судент на универзитетот Вандербилт. Инаку, неговиот братучед Трент Форест моментално е член на Басконија.