Спорт
Крстаиќ: Јавноста мора да знае, ако селекторот е од Звезда, помошникот мора да биде од Партизан

Фудбалската репрезентација на Србија е во голема неволја. По лошиот настап на Европското во Германија, повеќето играчи се скараа со селекторот Драган Стојковиќ-Пикси. Иако ја немаше поддршката од поголемиот дел од јавноста, Фудбалскиот сојуз на Србија сепак му го продолжи договорот на селекторот.
За возврат, Пикси отпиша дури осум играчи, кои беа на ЕП, па Србија значително подмладена влезе во новиот циклус на Лигата на нациите.
Во првото коло успеаја да извојуваат реми со Шпанија (0:0) во Белград, а во второто коло беа поразени во Данска со 2:0.
За проблемите на српскиот фудбал проговори и поранешниот селектор Младен Крстаиќ, пренесуваат тамошните медиуми.
„Кога ја презедов репрезентацијата, некои велеа, луд Босанец, прифати да биде селектор. А зошто да не прифатам? Не прифатив да бидам кардиолог. Немав искуство, но и Лампард немаше искуство кога го презеде Челси“.
Потоа на јавноста ѝ ја откри тајната на српскиот фудбал, како што пишуваат српските медиуми.
„Јавноста ме пречека со критики. Таков сум по природа, можеби затоа што не знам како да кренам рачна. Знаете, за во иднина, кога станува збор за репрезентацијата. Кога ќе дојде новиот селектор, асистентите мора да бидат компензација. Кога Муслин го назначија за селектор, за негов асистент ме поставија тогашните челноци на Сојузот“, вели Крстаиќ.
Потоа точно опиша што сакал да каже: „Еден од Звезда, еден од Партизан. Да има баланс! Еве, јавноста да дознае нешто што претходно не го знаела. Тоа е она што не е нормално. Замислете да има еден од Баерн во германската репрезентација, а еден од Дортмунд. Кај нас е поинаку“, изјави Крстаиќ, а неговата изјава крена прашина во Србија.
Крстаиќ стана селектор непосредно пред Светското првенство во Русија 2018 година. Тогаш Србија се пласира на турнирот предводена од селекторот Славољуб Муслин, но два месеца пред почетокот на турнирот тој си поднесе оставка. Тогаш медиумите пишуваа дека Муслин бил под притисок од највисоките инстанци да го повика во репрезентацијата Сергеј Милинковиќ-Савиќ. За Сергеј, Муслин неколкупати пред да си поднесе оставка говореше дека тој не се вклопува во неговиот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реал ја победи Борусија Дортмунд

Списокот на учесници во полуфиналето на Светското клупско првенство е комплетиран. Во последниот натпревар од четвртфиналето на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 3:2.
Чаби Алонсо за нешто помалку од еден месец колку што е тренер на Реал, на големата сцена го промовираше Гонзало Гарсија.
Момчето од клупската академија го постигна четвртиот гол на првенството, моментално е израмнет на првото место на листата на стрелци и е сериозен кандидат да биде главен хит на ова прво клупско Светско првенство.
21-годишниот централен напаѓач му донесе водство на Реал во 10-та минута по асистенцијата од Арда Гулер. Неговиот имењак Фран го зголеми резултатот на 2:0 десет минути подцна.
Реал ја држеше предноста до финишот, а потоа во судиското надополнување беа постигнаи уште три гола.
Максимилијан Баер намали на 2:1 во 92-та, а една минути подцна Килијан Мбапе му ја врати на Реал предноста од два гола. Хујсен во 95-та минута доби црвен картон, а Гираси од пенал во 98-та минута го постави конечниот резултат.
На крајот, може да се каже дека херој е Тибо Куртоа, кој во десеттата минута од судиското продолжение го одбрани ударот на Марцел Сабицер, со кој Реал обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Во полуфиналето, Реал ќе игра против актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Флуминенсе и Челзи се среќаваат во второто полуфинале.
Спорт
Томас Милер го одигра својот последен натпревар за Баерн

Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Томас Милер, го одигра својот последен натпревар во дресот на Баварците. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија тимот на Баерн со 2:0 и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД.
Томас Милер играше за германскиот тим во финишот од натпреварот. 35-годишниот фудбалер влезе на теренот во 80-та минута наместо Кингсли Коман и тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на Баерн.
Германскиот ветеран не доби нов договор и во април го објави своето заминување од Минхен на крајот од сезоната.
Томас Милер е дете на Баерн, целата своја кариера ја помина со Баварците. Дебитираше за првиот тим во 2007 година и одигра вкупно 756 натпревари, постигна 250 голови и запиша 276 асистенции.
Тој е еден од најтрофејните фудбалери во историјата. Во дресот на Баерн, освои точно 33 трофеи.
„Danke für alles, Томас!“, објави Баерн на социјалните мрежи со емотикон од срце.
Спорт
Игор Жесус го засили Нотингем Форест

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.
„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.
Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).
Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.
Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO