Спорт
Кубацки победи во Бишофсхофен и ја освои „4 скокалници“ (видео)
Давид Кубацки го остави најдоброто за крај, откако триумфираше на скокалницата во австрискиот Бишофсхофен за да ја победи норвешката сензација Мариус Линдвик за титула од новогодишната турнеја „4 скокалници“ како трет Полјак по Адам Малиш (2003) и Камил Штох (2017 и 2018).
Кубацки беше лидер во пласманот на новогодишната серија и пред скоковите во Бишофсхофен, но без победа, откако на претходните три скокалници беше на подиумот и беше во директна битка со младиот Линдвик, кој пак победи во Гармиш-Партенкирхен и во Инсбрук, но лошиот пласман на првата скокалница во Оберстдорф беше клучен.
Дека Кубацки е подготвен за големи работи, тој покажа уште во првата серија, кога со огромен скок од 143 метри го обезбеди првото место, за во втората серија да скокне 140.5 метри за да собере вкупно 300.9 поени. Второто место го освои Германецот Карл Гајгер со 291 поен (140 и 136 метри), додека Линдвик успеа да биде само трет со 289.4 поени (139 и 137 метри).
Пласманот на топ 3 беше идентичен и во пласман на „4 скокалници“ – Кубацки е победник со 1.131,6 поени пред Линдвик (1.111) и Гајгер (1.108,4).
1️⃣5️⃣1️⃣.6️⃣
Four Hills leader Dawid Kubacki takes the lead in Bischofshofen with a mammoth jump! ?
? Watch #FourHills LIVE
? Eurosport 1
??? Eurosport Player: https://t.co/0Fa7uXMVB9 pic.twitter.com/YOiIckCVER— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 6, 2020
DAWID KUBACKI GEWINNT DIE TOURNEE!!!#4hills | @vier_schanzen | @skiverband@sven_hannawald | @MatzeBielek | #fraghanni pic.twitter.com/LhyJzauXJ0
— Eurosport DE (@Eurosport_DE) January 6, 2020
TAK TAK TAK
2. wygrana Kubackiego w PŚ, ale w jakim stylu ❗️300.9 pkt
13. podium w karierzeTCS 2019/20
1. Dawid Kubacki ???
2. Marius Lindvik ???
3. Karl Geiger?? ?
#4hills #Vierschanzentournee #skijumpingfamily pic.twitter.com/vN7ejeOKxQ— Karol Darmoros (@KarolDarmoros) January 6, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

