Спорт
Кулушевски за рутинска победа на Јуве над СПАЛ и дуел во полуфиналето со Интер

Јувентус и без Кристијано Роналдо во составот, имаше доволно сили да го совлада со 4:0 второлигашот СПАЛ и да се пласира во полуфиналето на Копа Италија, каде што ќе има шанса за одмазда против Интер на Антонио Конте, кој вчера во драма ги победи Милан.
Тинејџерите Раду Драгусин и Николо Фаџоли (дебитант) добија шанса, заедно со Дејан Кулушевски и Алваро Мората во ново партнерство во нападот, а во тимот се врати и Матијс де Лихт првпат по оболувањето од КОВИД-19, додека Џиџи Буфон доби шанса да биде стартер еден ден пред неговиот 43. роденден.
Јуве дојде во водство уште во 16. минута, кога Франческо Викари го фаулираше Адриен Рабио, а Алваро Мората беше сигурен од белата точка. Кулушевски го пронајде Џанлука Фработа во 33. минута за фантастичен гол, пред во 78. минута, самиот Кулушевски да зголеми на 3:0, пред Федерико Киеза во 94. минута да стави точка на мечот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вундеркиндот Мусиала во Баерн до 2026 година

Џамал Мусиала, вундеркиндот на Баерн Минхен, го потпиша првиот професионален договор со актуелниот европски првак.
Мусиала и Баерн договориле соработка до јуни 2026 година.
Џамал Мусиала, на 17-годишна возраст од академијата на Челси пристигнал во Минхен. За првиот тим на Баерн има одиграно 27 натпревари, постигнал четири гола. Тој е најмладиот стрелец во Лигата на шампионите, во историјата на Баерн.
Фудбалерот е роден во Германија, кога имал седум години неговите родители се преселиле во Англија. Во ноември минатата година, Мусиала, одигра два натпревари за младата репрезентација на Англија. Сепак, негова желба е да игра за сениорскиот тим на Германија.
♦ #Musiala2026 ♦#MiaSanMia @JamalMusiala pic.twitter.com/76kE7BwibA
— 🏆🏆🏆FC Bayern English🏆🏆🏆 (@FCBayernEN) March 5, 2021
Спорт
Хамшик во Гетеборг

Поранешниот капитен на Наполи, Марек Хамшик, се врати во Европа, медиумите го поврзуваа со неговиот поранешен клуб Слован од Братислава, меѓутоа тој решил кариерата да ја продолжи во Шведска, во екипата на Гетеборг.
Хамшик, во јануари 2019 година го напушти Наполи и се презели во Далијан. Минатиот месец тој го раскина договорот со овој клуб и како слободен играч се врати во Европа.
Во еден од најтрофејните шведски клубови, Хамшик, ќе се обиде да ја достигне оптималната форма пред Европското првенство. Словачка на ЕУРО 2020 се наоѓа во група со Шпанија, Шведска и Полска.
Од наредното лето, на Хамшик во Гетеборг ќе му се приклучат и искусните шведски репрезентативци Маркус Берг и Оскар Вент.
Марек Хамшик за Наполи одиграл 520 натпревари, постигнал 121 гол.
Спорт
МЗТ го прегазија Ловќен

Кошаркарите на МЗТ, во „меурот“ во Сараево, го декласираа Ловќен со 96:55 (24:11, 25:20, 28:12, 19:12), во деветтиот натпревар, во АБА2 лигата.
Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов, победата ја најавија уште во првиот период, кога стекнаа предност од 13 поени. На полувреме МЗТ имаше плус од 18 поени, а во последните десет минути тие влегоа разлика од 34 поени.
Со оглед на резултатот, тренерот Кочов ги користеше сите 11 кошаркари. Најефикасен беше капитенот Стојановски со 15 поени, два помалку постигнаа Гравет и Крствески.
Шестата победа, во деветтиот меч сезонава, го искачи МЗТ на второто место на табелата. МЗТ има ист скор како и Борац, Спарс и Златибор.
Фото/ABA league
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“