Контакт

Спорт

Куман доби поддршка од играчите

Објавено пред

Играчите на Барселона му дадоа поддршка на тренерот Роналд Куман по поразот од Бенфика (3:0) во Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

„Најлесно е да го избркате тренерот. Сите сме одговорни за ова. Се наоѓаме во критична ситуација. Очајно дејствуваме и во одбраната и во нападот“, рекол капитенот Серхио Бускетс.

„Не мислам дека решение е смена на тренерот“, рекол Френки де Јонг по поразот во Лисабон.

„Сепак, јас не можам да зборувам за Куман, тоа прашање не треба мене да ми го поставувате. Мораме да продолжиме да се бориме, заедно треба да излеземе од кризата. Мораме да станеме обединети, само така ќе излеземе од оваа тешка ситуација“.

Шпанските медиуми објавија дека претседателот Џоан Лапорта и неговите соработници до доцна во ноќта ја разгледувале ситуацијата во која се наоѓа тимот. Нов состанок ќе имаат во текот на денот.

Барселона викендов ја очекува нов тежок натпревар. Барса ќе гостува кај Атлетико во Мадрид. Куман, поради суспензија, нема да го води тимот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Мбапе објави дека заминува од ПСЖ

Објавено пред

Една голема епизода во кариерата на Килијан Мбапе заврши. Францускиот фудбалер вечерва и официјално потврди дека на крајот од сезоната го напушта Пари Сен Жермен.
Но, вториот дел од енигмата сепак останува, бидејќи Мбапе не кажа каде ќе ја продолжи кариерата. Иако, цел свет тоа одамна го насетува.

dobivaj vesti na viber

Епизодата на Килијан во Париз не заврши славно. Трофејот во Лигата на шампионите и оваа сезона остана недостижен за брзиот напаѓач, иако „светците“ важеа за големи фаворити во полуфиналето против Борусија Дортмунд.

Сите други домашни трофеи одамна престанаа да ја задоволуваат гладта и на Ембапе и на навивачите на францускиот клуб.

И покрај тоа што не кажа каде ќе ја продолжи кариерата, тоа најверојатно ќе биде Реал Мадрид.

Мбапе вечерва преку видео порака се прости од навивачите на Пари Сен Жермен.

„Отсекогаш сум велел дека ќе ви се обратам кога ќе дојде вистинското време. Сакам да ве информирам дека ова е мојата последна сезона во Пари Сен Жермен. Нема да го продолжам договорот и оваа авантура ќе заврши во следните неколку недели. Мојот последен натпревар ќе го одиграм на „Паркот на принцовите“ во недела.

Се борам со многу емоции. Имав можност и голема чест да бидам дел од најголемиот клуб во Франција и еден од најдобрите во светот, што ми овозможи да дојдам овде и да почувствувам како е да се игра во голем клуб под притисок. Нашредував како играч, се разбира со едни од најдобрите фудбалери во историјата. Некои големи шампиони. Запознав многу луѓе, созреав како личност, со сета слава и грешки што ги направив“, изјави Мбапе.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бразил на Копа Америка без Ришарлисон, Касемиро, Габриел Жесус…

Објавено пред

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот на натпреварувањето останува повеќе од еден месец. Во ростерот има 23 играчи, а Доривал може да направи измени до 23 јуни, ден пред Бразил да го одигра првиот натпревар против Костарика.

dobivaj vesti na viber

Поради повреда на спиското го нема Нејмар, а покрај него нема и тројца кои беа стнадардни на Сп во Катар: Ришарлисон од Тотенхем, Касемиро (Манчестер Јунајтед) и Габриел Жесус (Арсенал). Изненадување е што на списокот го нема фудбалерот на Јувентус, Бремер.

Нападот на Бразил ќе го предводат играчите на реал, Винисиус и Родриго, заедно со 17-годишниот Ендрик.

Изненадувања на списокот се Андреас Переира од Фулам и Жоао Гомеш од Волвс, како и Еванилсон од Порто и Савио од Џирона.

Бразил на Копа Америка е во група со Костарика, Колумбија и Парагвај.

Голмани Алисон (Ливерпул), Бенто (Атлетико Паранаенсе), Едерсон (Манчестер Сити),

Одбрана: Бералдо (ПСЖ), Едер Милитао (Реал Мадрид), Габриел (Арсенал), Маркињос (ПСЖ), Данило (Јувентус), Јан Куто (Џирона), Гиљермо Арања (Атлетико Минеиро), Вендел (Порто),

Ред за врска: Андреас Переира (Фулам), Бруно Гимараеш (Њукасл), Даглас Луис (Астон Вила), Жоао Гомеш (Волвс), Лукас Пакета (Вест Хем),

Напад: Винисиус Жуниор (Реал Мадрид), Родриго (Реал Мадрид), Габриел Мартинели (Арсенал), Рафиња (Барселона), Еванилсон (Порто), Савио (Џирона), Ендрик (Палмеирас).

Прикажи повеќе...

Спорт

Во сообраќајна несреќа тешко повреден Бабнгида, брат му загина, сопругата и детето се во критична состојба

Објавено пред

Поранешниот нигериски фудбалер Тијани Бабангида (50) имал тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Нигерија, а во несреќата загинал неговиот три години помлад брат Ибрахим.

dobivaj vesti na viber

Тијани, неговата сопруга, син и куќна помошничка, кои исто така биле во автомобилот, со тешки повреди биле примени во болница.

Некои медиуми тврдат дека Тијани е свесен, а остатокот од семејството сѐ уште е во критична состојба, но закрепнува.

Тијани Бабангида беше репрезентативец на Нигерија од 1994 до 2004 година и играше на Светското првенство во 1998 година, а најголема трага во клупскиот фудбал остави во Ајакс во периодот од 1996 до 2003 година.

Тијани моментно е претседател на Здружението на професионалните фудбалери на Нигерија. Фудбал играше и трагично загинатиот Ибрахим. Најмногу играше за африкански клубови, но стигна и до холандски Волендам.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската...

Македонија4 часа

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува...

Македонија7 часа

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија8 часа

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија9 часа

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија9 часа

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија10 часа

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија12 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје13 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа15 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет15 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет15 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија23 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија1 ден

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија1 ден

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија1 ден

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија1 ден

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија1 ден

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...