Спорт
Куман: Немаме брзина, не сме добри еден на еден
Барселона успеа да извлече бод на „Ноу Камп“, против Гранада. Роналд Араухо во 90. минута го постигна голот за 1:1. Претходно Гранда водеше од 2. минута кога Домингез го совлада Тер Штеген.
Роналд Куман повторно има оправдување за играта на неговиот тим, особено за тактиката во последните 15 минути, кога Пике го внесе на теренот да игра како класичена деветка. Финишот Барса го играше со нафрлувања пред голот на Гранада, на високите Де Јонг, Пике и Араухо.
„Што може да е направи со ваков состав? Да се игра тики-така кога никаде нема простор? Моравме да побараме алтернативен пат. Во овој момент ние немаме играчи кои се добри еден на еден, немаме брзина во тимот. Со ова што имаме го дадовме најдоброто, можевме дури и да победиме“, рекол Куман.
Оваа изјава сигурно нема да им се допадне на навивачите на Барселона, ниту на претседателот Џоан Лапорта. Според медиумите, само поради клаузулата за обесштетување Куман сè уште е тренер на Барселона.
Доколку добие отказ, Барселона ќе мора на тренерот да му испалати шест милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Судењето на Манчестер Сити ќе започне во „блиска иднина“
Првиот човек на Премиер лигата, Ричард Мастерс, изјави дека „во блиска иднина ќе се одржи рочиште за случајот со Манчестер Сити по сите 115 точки“.
Бен Рамсби, истражувачки новинар на англиски Телеграф, ја објави веста на својот профил на мрежата „Х“.
Со коментар дека „ова е најблиску до кое Мастерс дошол да спомне конкретен датум“.
Некои информации кои се појавија во јавноста на крајот на минатата година укажуваа дека судењето би можело да започне есента 2024 година.
Сити е обвинет по 115 точки од обвинението за повеќекратни финансиски прекршоци. Истрагата започна уште во 2018 година и продолжи до почетокот на 2023 година, а беа проверени и одлуките и работењето на клубот од сезоната 2009/10.
Што значи тоа „во блиска иднина“ останува да видиме. Судењето веќе е одложено поради откривање на нови докази и сведоци подготвени да сведочат.
Спорт
Ибрахимовиќ му препорача тренер на Милан
Златан Ибрахимовиќ (42) од оваа сезона е советник за спортски прашања во фудбалскиот клуб Милан. Легендарниот шведски центарфор учествува во обликувањето на спортската политика на клубот, а наскоро „росонерите“ ќе треба да одберат нов тренер. Стефано Пиоли го напушта клубот на крајот на сезоната по пет години и едно освоено Скудето.
Италијанските медиуми пишуваат дека Златан лобира функцијата да ја преземе Марк ван Бомел (47). Поранешниот холандски играч за врска го предводи белгиски Антверпен.
Ибрахимовиќ и Ван Бомел играа заедно за Милан од јануари 2011 до јуни 2022 година. Наводно клубот веќе стапил во контакт со тренерот.
Ван Бомел во кариерата самостојно ги водеше ПСВ и Волфсбург, а работеше и како асистент во репрезентациите на Австралија и Саудиска Арабија. Во својата кариера настапуваше за Фортуна Ситард, ПСВ, Барселона, Баерн и Милан, а кариера ја заврши пред 11 години како играч на ПСВ Ајндховен.
Раководството на Милан размислува уште неколку кандидати. Според „Газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги. Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома.
Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Волвс, додека најпознат е по менаџирањето на Шпанија, Реал Мадрид и Севилја.
Спорт
Енис Барди: Шпанците ме споредуваа со Меси
Капитенот на фудбалсата репрезентација на Македонија, Енис Барди, во интервју за „haber61.net“, зборуваше за периодот кога беше во Леванте. Потенцираше дека во еден период бил подбар изведувач на слободните удари од Лионел Меси.
„Навистина, бев подобар од Меси. Постигнав седум гола од 25 слободни удари, а Меси имаше осум од 52, имав многу подбар процент на реализација. Според процентот бев подобар. Да бидеме сериозни, прекрасно беше чувството што луѓето ме споредуваа со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Се гордеев со тоа“, рече Барди.