Спорт
Куп на кралот – Барса и Реал се домаќини на Бетис и Селта, Атлетико гостува кај второлигаш

Барселона во осминафиналето на Купот на кралот ќе се соочи со Бетис, додека Реал Мадрид на домашен терен ќе игра со Селта Виго, беше одличено денес со ждрепка.
Бранителот на титулата, екипата Атлетик Билбао во осминафиналето ќе ја пречека Осасуна од Памплона, додека Атлетико Мадрид ќе игра против второлигашот Елче.
Во останатите натпревари третолигашот Оренсе ја пречекува Валенсија, четвртолигашот Понтеведра на домашен терен игра против Хетафе, второлигашот Алмерија го пречекува Леганес, а осминафиналето го заокружува натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Рајо Ваљекано.
Натпреварите од осминафиналето се закажани за 14 до 16 јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Галатасарај по Гундоган го сака Чалханоглу

Галатасарај сака преодниот рок да го заврши со уште еден звучен трансфер. Преодниот рок во Турција трае до наредната недела. .
Галатасарај го потпиша Илкај Гундоган, а сега редот за врска сака да го засили со Хакан Чалханоглу.
Клубот понудил 17 милиони евра, но Интер нема намера да го пушти Турчинот, особено не за таа сума. Сепак, во Галатасарај се убедени дека Чалханоглу ќе дојде:
„Хакан сака да дојде кај нас, но околностите не се поволни. Сепак, ние сме уверени дека ќе дојде. Ако не денес, тогаш утре. Порано или подоцна, Чалханоглу ќе го носи дресот на Галатасарај. Нека ја погледне кариерата на Гундоган и нека таа биде негова ѕвезда водилка. Хакан е млад и ние ја почитуваме неговата желба да ја заврши кариерата кај нас“, соопшти раководството на Галатасарај.
Foto/ X
Спорт
Холандија остана без Де Јонг, се повредил против Полска

Холандскиот репрезентативец Френки де Јонг го напушти кампот на националниот тим и се врати во клубот откако се повреди на квалификацискиот натпревар против Полска.
Како што објави Фудбалската федерација на Холандија, 28-годишниот играч од средниот ред беше принуден да се врати во Барселона по повредата здобиена на натпреварот со Полска во Ротердам (1:1).
Претходно, селекторот на Холандија, Роналд Куман, изјави дека Де Јонг се пожалил на болки во мускулите во второто полувреме, поради што бил заменет од Квинтен Тимбер во 83-та минута.
Френки де Јонг ќе го пропушти следниот квалификациски натпревар на „лалињата“ против Литванија, закажан за 7 септември во Каунас.
Де Јонг е еден од клучните играчи на холандската репрезентација, досега одигра 60 натпревари.
Холандија има седум бода од првите три натпревари и моментално го дели првото место во Групата Г заедно со Полска и Финска.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Монца

Макс Ферстапен, актуелниот шампион на Формула 1 и возач на Ред Бул, беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Италија, која се вози на култната стаза во Монца.
Холанѓанецот ја освои пол-позицијата со време од 1.18.792.
Зад него беа двајца возачи на Мекларен, Ландо Норис на второто место и Оскар Пјастри на третото место.
Четвртата и петтата позиција ги зазедоа адутите на домашната публика, односно дуото на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.
Сепак, поради казната, Хамилтон ќе стартува од десеттото место.
Пва значи дека третиот ред им припадна на пилотите на Мерцедес Џорџ Расел, Андреа Кими Антонели. Зад нив се Габриел Бортолето (Кикс Заубер), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Јуки Цунода (Ред Бул).
Трката за Големата награда на Италија се вози в недела од 15 часот.
Foto/ EPA