Спорт
Куртоа го нервира играњето со петица на Азар

Еден Азар го имаше официјалното деби за Реал Мадрид, но доби големи критики од својот соиграч, голманот Тибо Куртоа, кој беше изнервиран од предавањето на топката со игра со петица на неговиот белгиски сонародник при 3:2 победата над Леванте.
Азар влезе во игра во второто полувреме додека неговиот тим водеше со 3:1, но на крајот „Лос бланкос“ мораа да се потпрат на Куртоа и неговата одлична во финишот на мечот да ја заддржат победата. Куртоа, кој му беше соиграч на Азар и во Челси, беше лут.
„Еден покажа што умее со потегот кога за малку ќе постигневме гол – релаксиран на топката, со убави асистенции. Но, неколку пати навистина ме налути бидејќи се обидуваше да игра со петица и ја предаде топката. Добрите моменти се добри, но тоа ме нервираше“, изјави Куртоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Австрија без еден од најдобрите против Србија

Австрискиот репрезентативец Марсел Сабицер нема да игра против Србија во бараж натпреварите за да опастанк во А дивизијата во Лигата на нации.
Фудбалерот на Борусија Дортмунд се повреди во саботата на натпреварот на неговиот тим против Лајпциг.
Тој мораше да ја напушти играта во 33. минута поради повреда на коленото, па на негово место во игра влезе Бенсебаини.
„Марсел Сабицер доживеа повреда на коленото и ќе оди на рехабилитација во следните четири недели. Ти посакуваме брзо закрепнување Заби“, се вели во соопштението на Дортмунд.
Тоа значи дека селекторот на Австрија, Ралф Рагник нема да може да смета на него за двата плејоф натпревари за опстанок во А дивизијата од Лигата на нации.
Првиот натпревар ќе се игра на 20 март во Виена, а вториот три дена подоцна во Лесковац.
Спорт
На денешен ден започна падот на големиот Диего Марадона

На денешен ден во 1991 година започна падот на еден од најдобрите фудбалери во историјата Диего Армандо Марадона.
На 17. март на „Сан Паоло“, стадионот во Неапол кој денес го носи името на Марадона, се одигра натпревар помеѓу Наполи и Бари.
Актуелните шампиони наполитанците славеа победа од 1:0 со голот на Џанфранко Ѕола.
Сепак, она што го направи овој натпревар незаборавен не е нивниот триумф, туку она што следеше, пренесува „Индекс“.
Имено, по натпреварот, во примерокот од урината на Марадона имало траги од кокаин.
Десетина дена подоцна, Марадона беше уапсен во Буенос Аирес поради поседување половина килограм кокаин. Тој и двајца негови пријатели беа уапсени во стан во Кабалито, предградие на Буенос Аирес, што го означи крајот на големата кариера.
Судот пресуди дека Марадона ќе мора да оди на контролиран медицински третман, но тој долго време се бореше со „пеколот“ на зависноста.
За време на неговата суспензија, Марадона значително се здебели и имаше проблеми со клубот поради неисплатени барања за обештетување.
По одлежувањето на суспензијата, Марадона му се врати на фудбалот во 1992 година, кога потпиша договор со Севилја.
Сепак, неговите проблеми со дрогата продолжија да го прогонуваат.
Во 1994 година, тој повторно беше позитивен за време на Светското првенство во САД, што резултираше со уште една забрана за играње.
Марадона почна да користи кокаин за време на неговиот престој во Европа, особено во Неапол, каде што испиша историја и стана жива легенда во дресот на Наполи.
Иако редовно поминувал допинг тестови, Марадона продолжил да конзумира кокаин, што било овозможено со помош на италијанската мафија која го снабдувала со дрогата.
Марадона ја започна својата професионална кариера во Аргентинос Јуниорс, а потоа играше за Бока Јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја и Њуелс Олд Бојс.
Врвот на кариерата го достигна во Наполи, освојувајќи две првенства на Италија и еден Куп на УЕФА.
Тој ја предводеше аргентинската репрезентација до титулата на Светското првенство во 1986 година во Мексико, каде што неговите голови против Англија станаа легендарни.
Кариерата ја заврши во 1997 година во Бока, подоцна стана тренер, па дури и селектор на Аргентина, која ја водеше на Светското првенство во 2010 година.
Тој почина на 25. ноември 2020 година.
Спорт
Синер ја зголемува предноста и кога не игра, Ѓоковиќ и кога губи напредува

Џек Дрејпер го освои Мастерсот во Индијан Велс и забележа скок од седум места на АТП листата, на која и покрај тоа што не игра Јаник Синер суверено го држи првото место.
Дрејпер по најголемиот успех во кариерата од 14. скокна на седмото место, напредуваше и Новак Ѓоковиќ и покрај тоа што испадна по првиот меч во Индијан Велс.
На најновата АТП листа нема промени на првите четири позиции. Синер е прв, пред Александар Зверев, Карлос Алкараз и Тејлор Фриц.
Ѓоковиќ е на петтото место, ги искористи резултатите на Капсер Руд (6) и Данил Медведев (8) во Индијан Велс. Двајцата не успеаја да ги одбранат поени од минатата сезона.
Седми е Дрејпер, а топ 10 завршува со Андреј Рубљов и Стефанос Циципас.