Спорт
Курзава останува во ПСЖ до 2024-та
Левиот бек на францускиот шампион, ПСЖ, 27-годишниот Лајвин Курзава го продолжи договорот со „Светците“ од Париз.
Курзава кој со ПСЖ освои 13 трофеи на „Паркот на принцовите“ дојде во 2015 година од екипата на Монако за 25 милиони евра.
Тој во ПСЖ, според новиот договор, ќе остане до 2024 година.
Оваа сезона тој имаше 23 настапи за својот клуб во сите натпреварувања. Постигна еден гол, а имаше и две асистенции.
4 saisons supplémentaires ✍️#Kurzawa2024 pic.twitter.com/znZzRDNYlG
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) June 29, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хрватска со победа ја отвори главната фаза на ЕП
Хрватските ракометари ја отворија главната фаза на Европското првенство со победа над Исланд – 30:29 (19:15).
Избраниците на Дагур Сигурдсон водеа од самиот почеток на натпреварот и успешно ги одбиваа нападите на Скандинавците во текот на целиот натпревар. Првото полувреме го затворија со серија од 3:0 и стигнаа до најголеми плус четири.
Омар Магнусон реши да ги земе работите во свои раце и со пет гола во второто полувреме успеа да ја намали предноста на Хрватите на само еден гол разлика.
Тоа не ги поколеба трикратните сребрени медалисти од првенствата на Стариот континент, кои повторно избегаа на безбедно растојание и обезбедија многу важен триумф.
На крајот сепак им дозволија на Исланѓаните да постигнат два брзи гола, што на крајот може скапо да ги чини доколку се формира круг со три или повеќе репрезентации со ист број на бодови, кога ќе се гледа гол-разликата.
Матео Мараш и Звонимир Срна ја предводеа Хрватска. Првиот постигна седум, вториот шест гола. Одличен беше и голманот Кузмановиќ, кој одбрани три седмерци.
Од друга страна, се истакнаа Магнусон и Один Рикардсон, кои броеја до осум.
Хрватите ќе се сретнат со Швајцарија, Словенија и Унгарија до крајот на Главната рунда.
Доколку се најдат меѓу првите две нации во групата, ќе обезбедат место во полуфиналето.
Foto/ EPA
Спорт
Ејбрахам се враќа во Астон Вила
Тами Ејбрахам е на пат да се врати во англискиот фудбал по четири и пол години. Ејбрахам е на прагот да се врати во Астон Вила, за која постигна 26 гола во Чемпионшип во сезоната 2018/19.
Како што објави „ТРТ Спор“, а потврди и Фабрицио Романо, Бешикташ и Астон Вила постигнале договор. Вила ќе плати 21 милион евра и во Истанбул ќе го испрати Јашин Озџан, како дел од трансферот.
Ејбрахам пристигна од Рома во црно-белиот тим од Босфор ова лето, а во последно време не игра во добра форма.
Екипата на Унаи Емери беше без Дониел Мулен кон средината на јануари, кој замина на позајмица во Рома, па Абрахам пристигнува како врвна замена во се попредизвикувачкиот дел од сезоната.
Искусниот англиски голгетер ќе биде замена за Оли Воткинс, кој е единствениот вистински напаѓач во Вила во тековната кампања.
Foto/ depositphotos
Спорт
Тотенхем се сериозно заинтересирани за Енди Робертсон
Британските медиуми тврдат дека капитенот на шкотската репрезентација Енди Робертсон, долгогодишен лев бек на Ливерпул, би можел да стане нов играч на Тотенхем. Робертосон, 10 од 12-те сезони во Премиер лигата, одигра во дресот на Ливерпул.
Робертсон дојде од Данди Јунајтед во Англија, поточно во Хал, во 2014 година и со „тигрите“ испадна во Чемпионшип, но се врати во елитните редови на англискиот фудбал веќе следната сезона.
Во Ливерпул пристигна во 2017 година, каде што брзо се етаблираше на левата страна од стартната постава, а работите се променија со заминувањето на германскиот стручњак Јирген Клоп и доаѓањето на холандскиот тренер Арне Слот.
Робертсон одигра само 13 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, а на почетокот на оваа Слот донесе уште еден лев бек, Милош Керкез.
Наводно, Тотенхем испратил понуда до 31-годишникот. Сепак Би-Би-Си пишува дека Ливерпул нема потреба од лев бек откако во меѓувреме го донесе 19-годишниот Бразилец Соуза.
Сепак, тие истакнуваат дека Бразилецот е премногу млад и дека поради тоа менаџерот Томас Франк бара искусен фудбалер на таа позиција.
Договорот на Робертсон истекува ова лето, а тој неодамна изјави дека не знае, односно сè уште не одлучил, што му носи иднината.
Foto/ EPA

