Спорт
Квадрадо со глупост во својот 200. меч, Фиорентина го „смачка“ Јувентус!
Јувентус го загуби својот прв меч во Серија А оваа сезона, откако дома нестабилната Фиорентина успеа да ги совлада со 0:3 на „Алијанц стадионот“ благодарение на глупоста на Хуан Квадрадо во својот 200. меч за „бјанконерите“, откако доби црвен картон по само 18 минути игра во кошмарен меч за тренерот Андреа Пирло.
Душан Влаховиќ ја наттрча цела одбрана на Јувентус уште во третата минута за шокантен старт на Виола, клуб кој пред овој меч имаше само две лигашки победи. Тогаш во 18. минута се случи клучниот момент на мечот, кога Хуан Квадрадо отиде директно на ногата на Кастровили, по што судијата прво му даде жолт картон, а по ВАР проверката ја смени бојата на картонот во црвена.
Ова ја урна тактиката на Јувентус, но резултатот остана ист до 76. минута, кога Алекс Сандро си постигна автогол, за само пет минути Мартин Касерес да зголеми на 0:3.
Со поразот, Јуве остана на четвртото место на табелата со 24 поени, идентично како и третопласираниот Наполи и дури седум зад лидерот Милан. Фиорентина, пак, малку се одвои од зоната за испаѓање – сега се на 15. место со 14 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Еден милион денари од Општина Битола за подготовките на Рустемовски за Олимпијадата
Двајца спортисти од Битола добија признанија на манифестацијата „Спортисти на годината 2025“ што се одржа синоќа.
Боксерите од Битола – Адријан Рустемовски е прогласен за млад спортист на Македонија, а Ален Рустемовски избран за спортист на годината на Македонија.


„Со ова уште еднаш Битола покажа и докажа дека е спортски град, а изградбата на боксерската сала е вистинска инвестиција на Општина Битола“, вели градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Тој најави дека со 1 милион денари од буџетот, Општината ќе го поддржи Рустемовски на неговите подготовки за обезбедување пласман на Олимписките игри.
По 71-ви пат беа доделени спортските награди на најдобрите спортисти, тренери и тимови од Македонија за 2025 година, а беа доделени и 500 стипендии „Спортска надеж“. Настанот го организираа Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.
Спорт
(Видео) Жесток протест на Зверев: Секогаш ги штитите Карлос и Јаник
Александар Зверев, бурно протестираше, во финишот на третиот сет, во дуелот со Карлос Алкараз, јасно ставајќи до знаење дека Шпанецот и Јаник Синер добиваат посебен третман од судиите.
Зверев и Алкарас го играат полуфиналето на Австралија опен. Во третиот сет при водство на Шпанецот од 2:0 во сетови и 5:4 во третиот сет, Шпанецот побара медицински тајм аут.
Поради ова, Зверев ја нападна главната судијка на овој натпревар, Србинката Маријана Вељовиќ, прекорувајќи ја што не го пушти часовникот за мерење на дозволената пауза.
„Зошто не го пушти часовникот? Грчеви се, зошто времето не почнува?“ и викаше Германецот на судијката, а таа се обиде да се одбрани:
„Не можам да кажам дали се грчеви или повреда.“
Зверев луто и одговори.
„Секогаш ги штитите нив двајца“, рече тој, мислејќи на Алкараз и Јаник Синер.
И додека Алкараз комуницираше со судијката, Зверев на германски викаше: „Гчеви, грчеви“.
Според тениските правила, кога станува збор за гчеви не е дозволем медицински тајм-аут.
Alexander Zverev: “This is bullshit. Carlos Alcaraz can’t take an MTO for cramps. He’s not injured.”pic.twitter.com/D3vPc2PtZg
— Danny (@DjokovicFan_) January 30, 2026
Спорт
(Видео) Спектакуларна пресметка на најдбрите дебитанти во НБА лигата
Изминатата ноќ во НБА ја обележааа дебитантите Кон Кнупел и Купер Флег. Шарлот Хорнетс го победија Далас со 123:121.
Пресметката на најдобрите дебитанти во лигата оваа сезона му припадна на Кон Кнупел. Тој беше херојот на Шарлот, постигна34 поени, вклучувајќи ги и победничките слободни фрлања на четир секунди до крајот.
На спротивната страна Купер Флег натпреварот го заврши со 49 поени. Флег го сруши рекордот на НБА, кога се во прашање дебитантите, кој го држеше Клиф Робинсон од 1980 година со 45 поени.
Но, во финишот, тој направи клучна грешка и промаши шут за продолжение.
Резултати:
Филаделфија – Сакраменто 113:111
/Макси 40 – Шредер 27/
Вашингтон – Милвоки 109:99
/Џорџ 23 – Тарнер 21/
Атланта – Хјустон 86:104
/МекКалум 23 – Дурант 31/
Чикаго – Мајами 113:116
/Досунму 23 – Пауел 21/
Далас – Шарлот 121:123
/Флег 49 – Кнупел 34/
Денвер – Бруклин 107:103
/Мари 27 – Портер Џуниор 38/
Финикс – Детроит 114:96
/Брукс 40 – Канингем 26/

