Контакт

Спорт

Л’Екип: ЕХФ ги знае учесниците на ЛШ фајнал-форот, Вардар „извисува“?

Објавено пред

Францускиот весник „Л’Екип“ тврди дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) има контроверзен план за комплетирање на ракометната сезона, со организирање на фајнал-фор турнири кои би биле составени од победниците во групната фаза, што значи дека Вардар би ја предал европската титула без борба.

Фајнал-форот во машката ЛШ е одложен за 23 август за мажите во Келн и на 6 септември за жените во Будимпешта, додека планот за четврт-финалињата е тие да се одиграат во јуни, кога Вардар би требало да се судри со Пик Сегед.

Сепак, според „Л’Екип“ постои и „план Б“ според кој само првопласираните две екипи од елитната група (А и Б) би влегле на фајнал-фор, односно тоа би биле Пари Сен-Жермен, Кил, Барселона и Веспрем.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

ЛШ: Дербито е во Торино

Објавено пред

Вечерва, со натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х ќе биде комплетирано второто коло во Лигата на шампионите. Дербито ќе се одигра во Торино, каде Јувентус без Кристијано Роналдо ќе ја пречека Барселона. Интересен може да и натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и лидерот во Бундес лигата, Лајпциг.

Вечерашните пресметки ќе започнат во 18:55 со дуелите помеѓу Башакшехир и ПСЖ, односно Краснодар и Челси. Останатите шест натпревари на програмата се во 21 часот.

Јувентус и Барселона имаат проблем со формата, клубот од Торино два пати играше нерешено во Серија А, додека во ЛШ го победи Динамо во Киев, Барса исто така влезе со победа над Ференцваротш во новата сезона во ЛШ, но во Ла Лига врза два порази.

Фудбалските фанови нема да го видат дуелот на Роналдо и Меси, бидејќи Португалецот се уште е позитивен на коронавирусот.

Група Е:

Краснодар-Челси 18.55
Севилја-Рен 21.00

Табела: Краснодар 1, Рен 1, Севилја 1, Челси 1

Група Ф:

Клуб Бриж-Лацио 21.00
Борусија Дортмунд-Зенит 21.00

Табела: Лацио 3, Бриж 3, Зенит 0, Борусија 0

Група Г:

Ференцварош-Динамо Киев 21.00
Јувентус-Барселона 21.00

Табела: Барселона 3, Јувентус 3, Динамо 0, Ференцварош 0

Група Х:

Башакшехир-ПСЖ 18.55
Манчестер Јунајтед-Лајпциг 21.00

Табела: Лајпциг 3, Манчестер Јунајтед 3, ПСЖ 0, Башакшехир 0.

Прикажи повеќе...

Спорт

Го запалија небото над Сплит – „Торцида“ го прослави 70. роденден

Објавено пред

Навивачката група на фудбалскиот клуб Хајдук, „Торцида“, на полноќ на спектакуларен начин прослави 70 години од своето постоење. Небото над Сплит, но и во други хрватски градови, сјајеше од факли и други пиротехнички средства.

„Торцида“ е основана на 28 октомври 1950 година од сплитски студенти во Загреб. Тие биле инспирирани од приказните на Бајдо Вукас и другите играч на Хајдук, кои раскажувале за атмосферата на СП во Бразил и начинот на навивање на бразилската „Торцида“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Зидан: Покажавме карактер! Ќе ја поминеме групата

Објавено пред

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, е задоволен од реакцијата на свпоите играчи, кои во Менхенгладбах успеаја да освојат бод против Борусија иако до 87. минута губеа со 2:0.

„Покажавме карактер! Се гордеам со играчите“, рекол Зидан и дополнил:

„Игравме добро, дури и во моментите кога губевме, верувавме дека можеме да се вратиме. Резултатот не ги задоволува нашите амбиции, ние секогаш одиме на победа, но задоволен сум од играта“.

Реал во првите две кола во Б-групата има освоено само еден бод и се наоѓаат на последното место на табелата.

„Ќе поминеме во наредната фаза. Иако сега не победивме, игравме добро. Ако продолжиме вака, ќе направиме големи работи. Видов добра претстава на мојот тим“, заклучил Зидан.

Реал во наредните две кола ќе игра со Интер, најпрвин во Мадрид, а потоа во Милано.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет1 час

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија2 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет3 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија4 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет4 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет4 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет4 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа5 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет15 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија16 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа17 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија18 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија19 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија20 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт22 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет22 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет24 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија24 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука1 ден

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Досие