Спорт
„Ла Република“: Алегри поради Роналдо заминал од Јувентус
Масимилијано Алегри, кој со Јувентус освои пет трофеи во низа во Серија А и двапати играше во финалето во Лигата на шампионите, клубот го напушти во 2019 година. Тогаш на неговото место Јувентус го ангажира Маврицио Сари. Тој ја продолжи низата на Алегри, ја освои Серија А, но Јувентус не импресионира со стилот поради што и дој доби отказ. Јувентус сезонава во предводи Андреа Пирло.
Јувентус сезонава нема да ја одбрани титулата, која ја освојуваше во последните девет години. Тимот на Пирло нема континуитет, игра по системот топло-ладно, а и атмосферата во соблекувалната не е сјајна.
Медиумите два дена пишуваат за испадот што го направил Кристијано Роналдо по завршувањето на натпреварот со Џенова и потоа во соблекувалната.
Според „Ла Република“, токму поради Роналдо, Алегри во 2019 година добил отказ. Трофејниот тренер на Јувентус побарал од челниците да го продадат Роналдо.
„Морате да го продадете Роналдо, поради него не може да напредуваат клубот и тимот“, бил советот на Алегри.
Претседателот на клубот, Андреа Ањели, сепак решил да не го послуша овој совет, туку му врачи отказ на Алегри. Она што е интересно, Алегри останал во пријателски односи со Ањели и тој најчесто се поврзува со Јувентус доколку Пирло добие отказ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гидсел МВП на Европското првенство
Данскиот ракометен репрезентативец Матијас Гидсел е прогласен за најкорисен играч (MВП) на Европското првенство, објавено е на официјалната веб-страница на Европската ракометна федерација (EHF).
Германецот Андреас Волф е избран за најдобар голман. Норвешкиот ракометар Аугуст Педерсен е прогласен за најдобро лево крило, додека Данецот Симон Питлик е најдобар лев бек на Европското првенство.
Исланѓанецот Гисли Кристјансон е избран за најдобар централен бек. Најдобро десно крило е Марио Шоштариќ од Хрватска, додека Португалецот Франциско Кошта е избран за најдобар десен бек.
Германецот Јоханес Гола е прогласен за најдобар пивотмен. Најдобар дефанзивец е Португалецот Салвадор Салвадор, додека најдобар млад ракометар е неговиот сонародник Франциско Коста.
ЕП започна на 15 јануари во Данска, Норвешка и Шведска, а завршува вечерва во Хернинг.
Спорт
(Видео) Драматична победа на Манчестер Јунајтед
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, по победите над Манчестер Сити и Арсенал, го победија и Фулам. „Црвените ѓаволи“ во драматичен натпревар славеа со 3:2.
Бразилците беа задолжени за головите, прво Касемиро во 19-та минута, а потоа во 56-та минута му асистираше на сонародникот Матеус Куња за вториот гол.
Фулам успеа да го намали резултатот на 2:1 преку Раул Хименез, а во втората минута од судиското продолжение резервистот Кевин го шокираше домашниот тим со фантастичен гол за израмнување на 2:2.
Сепак, Фулам не можеше да направи чудо како неодамна против Ливерпул, овој пат се случи спротивното Бенџамин Шешко 90+4 му донесе спектакуларен триумф на тимот на Мајкл Карик.
Foto/EPA
Спорт
Алкараз урна два рекорди стари речиси еден век
Речиси еден век, тенисот чекаше и дочека да бидат урнати два гигантски рекорди. И двата беа постигнати денес во Мелбурн од Карлос Алкараз. И двата се нешто што навистина одекнува во историјата.
Првиот стар 88 години, на 22-гпдошна возраст Алкараз стана најмладиот играч во историјата со кариерен Гренд слем, односно ги освоил сите четири најголеми трофеи во белиот спорт. Претходниот носител на рекордот беше Дон Баџ, кој го постигна во 1938 година.
Само седум други тенисери го постигнале ова: Фред Пери, Род Лејвер, Рој Емерсон, Андре Агаси, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Кај тенисерките, оваа листа е малку подолга: Морен Коноли, Дорис Харт, Ширли Фрај Ирвин, Маргарет Корт, Били Џин Кинг, Крис Еверт, Мартина Навратилова, Штефи Граф, Серена Вилијамс и Марија Шарапова.
Вториот подвиг на Алкараз е уште потежок за постигнување. Никој не го направил тоа од 1935 година и Фред Пери. Поминаа дури 91 година откако тенисер ги освои своите први финалиња на сите четири Гренд слем турнири.
Алкараз е помлад од Пери, кој имаше 26 години кога го постигна овој подвиг. Во 2022 година, Алкараз го победи Каспер Рудо во Њујорк, 2023 година во Лондон, Ѓоковиќ, 2024 година во Париз, Александар Зверев, а сега повторно Ѓоковиќ во Мелбурн. Во осумте одиграни финалиња на Гренд слем турнири, тој има само еден пораз – минатото лето на Вимблдон против Јаник Синер.

