Спорт
Лацио го понижи Милан – четири гола во мрежата на шампионот
Лацио го пречека актуелниот шампион Милан на „Олимпико“ и се погрижи тимот на Пиоли да го памети Рим. „Лацијалите“ славеа со 4:0 и се искачија на третата позиција на табелата во Серија А со 37 бода. Лидерот Наполи сега има 12 бода пред Милан на врвот.
Сергеј Милинковиќ – Савиќ брзо погоди, уште во четвртата минута, а Закањи зголеми на 2:0 пред крајот на првиот дел.
Луис Алберто од пенал го постигна третиот гол за Лацио во 67.минута, а Фелипе Андерсон го постави конечниот епилог.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Миовски стрелец, Ренџерс поразени од Ференцварош
Глазгов Ренџерс загубија во Будимпешта од Ференцварош (2:1), во шестото коло, во Лига Европа.
Пкотскиот великан водеше со спектакуларниот гол на Бојан Миовски во 27-та минута. Македонскиот репрезентативец влегува во форма, откако беше стрелец изминатиот викенд, во Премиер лигата на Шкотска.
Ференцварош до крајот на полувремето изедначи, во петтата минута од судиското надополнување на времето погоди Отвос. Победата на Унгарците им ја донесе Варга во 72-та минута.
По шест рунди Ренџерс се на 33-то место со само еден бод и реално без шанси за пласман во нокаут фазата, додека Ференцварош со 14 бодови се наоѓа на четвртото место.
Foto/ freerangestock
Спорт
(Видео) Шкендија го победи Слован Братислава
Фудбалерите на Шкендија го победија Слован од Братислава со 2:0 (2:0), во петото коло во Конференциската лига. Шкендија дојде до втората победа и вкупно седмиот бод, што и донесе скок на 18-то место на табелата. Шкендија сега има реални шанси да се пласира во нокаут фазата.
Шкендија го скрши Слован во втората половина од првото полувреме. Во 33-та минута Бајриќ си постигна авто гол, а во првата минута од судиското надополнување на времето, водстото го дуплираше Спахиу.
Покрај освоените три бода, Шкендија за овој триумф ќари и 400.000 евра, колку што УЕФА ја вреднува победата во Конференциската лига.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
„Луѓе немаат за леб, се водат војни, а Винисиус заработува милијарди“
Селекторот на ватерполо репрезентацијата на Хрватска, Ивица Туцак, во подкастот „Lood“ зборуваше за социјалните неправди и искривените вредности во спортот.
Трофејниот тренер ја апострофираше диспропорцијата помеѓу заработката на фудбалерите и другите професии, а коментираше и за моменталната состојба во светот.
„Седам со, можам да кажам, мојот пријател, докторот Стипе Јадријевиќ. Што прави тој човек во животот, низ што поминува. Спасува луѓе, отстранува црн дроб, трансплантации. А овој човек има милијарди евра затоа што најдобро ја шутира топката, тоа е ужасно“, рече Туцак и продолжи.
„Како ќе заврши сето ова, оваа лудост во која живееме. Ваму војни, глупости, убиства… Овде овој човек игра фудбал и заработува сто милијарди. Некој Винисиус, со сета почит кон момчето, човекот… заработува толку пари. Па од каде ова, не ме замарајте! Што почна да се случува? Ајде, милион, два, пет… или десет нешто. Јас самиот сум спортист и знам што е потребно за да се биде успешен. Но, овој заработува милијарда, а некаде луѓето умираат од глад. Предмет на потсмев на времето во кое живееме.“
Foto/ freerangestock

