Спорт
Лацио му даде профи договор на правнукот на Мусолини

Романо Флоријани Мусолини, правнукот на италијанскиот фашистички лидер Бенито Мусолини, се пофали дека добил професионален договор со римскиот клуб Лацио.
Флоријани Мусолини играше како десен бек за У19-тимот на Лацио минатиот месец, а сега тој вели дека потпишал тригодишен договор со клубот.
„Помислувајќи на тоа каде почнав, пресреќен сум што го имам првиот професионален договор со Лацио и следните три години ќе го носам овој прекрасен дрес“, напиша 18-годишниот Мусолини на „Инстаграм“.
Тој е најмладиот син на поранешната актерка и членка на Европскиот парламент, Алесандра Мусолини.
Лацио има многу проблематични врски со фашистичкиот режим на Мусолини, иако во 1927 година тие беа единствениот италијански клуб кој се спротивстави на планот на диктаторот да се спојат Лацио и Рома за да се направи посилен тим, кој би конкурирал на северните клубови.
Во 2018 година Лацио беше казнет 50.000 евра откако ултрасите го облепија „Олимпико“ со фотографии на Ана Франк во дрес на Рома, а во 2015 година Пауло ди Канио, легендата на клубот, со фашистички поздрав прославуваше гол по победата на дербито против Рома.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пол Џорџ го реши трилерот во Портланд

Пет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Победи забележаа Лос Анџелес Клиперс, Минесота, Њујорк, Бруклин и Атланта.
Дербито помеѓу Поертланд и Клиперси, во драматична завршница им припадна на кошаркарите од Лос Анџелес. Конечниот резултат 113:112 го постави Пол Џорџ на 4,8 секунди до крајот. Крилниот играч ан Клиперси беше прецизен од линијата за слободни фрлања. Џорџ натпреварот го заврши со 33 поени и 11 скокови. На спротивната страна се истакна Си Џеј Мекалум со 28 поени.
Резултати:
Атланта-Орландо 112:96
Њу Орлеанс-Бруклин 129:134
Њујорк-Шарлот 109:97
Сакраменто-Минесота 120:134.
Спорт
Алаба за плата од 22 милиони евра ќе игра за Реал

Давид Алаба од наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Австриецот во „кралскиот клуб“ ќе пристигне без обесштетување. Со Реал ќе потпише петгодишен договор.
Давид Алаба не успеа да се договори со Баерн околу платата, поради што реши да го напушти Минхен. Реал решија да ги исполнат финансиските барања на Австриецот. Алаба ќе стане најпалтениот дефанзивец во светот, со годишна плата од 22 милиони евра.
Алба е поливалентен играч, поради што ќе биде големо засилување за Реа. Тој може да игра како лев бек, централен дефанзивец и во редот за врска.
Спорт
По распадот се огласи Суперлигата: Предлогот е добар, Англичаните попуштија под притисок на јавноста

По повлекувањето на англиските клубови, во врска со новонастанатата ситуација се огласија од Суперлигата. „Заинтересирани“ за ова ново натпреварување се италијанските клубови (Јувантус, Интер, Милан) и шпанските (Реал, Барселона, Атлетико).
„Европската Суперлига верува дека моменталниот статус кво во европскиот фудбал мора да се смени“.
„Предлагаме ново европско натпреварување, бидејќи постојниот систем не е добар. Нашиот предлог е насочен кон развојот на спортот и во исто време да генерира ресурси и стабилност за целата фудбалска пирамида, вклучително и помош за решавање на финансиските потешкотии предизвикани од пандемијата. Ова натпреварување ќе обезбеди материјално зголемени исплати за сите фудбалски актери“, објави Суперлигата и се осврна на повлекувањето на Англичаните од натпреварувањето:
„И покрај најавеното повлекување на англиските клубови, кои беа принудени да донесуваат вакви одлуки поради притисокот на кој беа изложени, убедени сме дека нашиот предлог е целосно во согласност со европските закони и правила, како што беше презентирано денес со судска одлука за заштита на Суперлигата од трети страни.
Со оглед на моменталните околности, ќе ги преиспитаме најадекватните чекори за преобликување на проектот, секогаш имајќи ја предвид нашата цел – да им понудиме на навивачите најдобро можно искуство, притоа обезбедувајќи исплати за солидарност на целата фудбалска заедница “.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?