Спорт
Лацио се испраксира за пресврти, вечерва жртвата е Торино

Лацијалите пред неколку дена со пресврт ( со обложувачки речник од 2 во 1) загубија од Аталанта. По неколку дена повторно со пресврт од 2 во 1 славеа дома против Фиорентина, а вечерва пак со пресврт, овојпат од 1 во 2 славеа на гостувањето кај Торино, во рамки на 29 коло во Серија А. На крајот на мечот на стадионот стоеше Торино 1, Лацио 2 гола.
„Биковите“ први поведоа на мечот, уште во 5 минута. Стрелец на водечкиот гол беше Белоти од пенал. Невнимателен во сопствениот шеснаесетник беше Имобиле.
Најдобриот стрелец на Лацио сезонава – Имобиле успеа во второто полувреме „да се извади“ за направениот пенал. На асистенција на Алберто, погоди за 1-1 во 48 минута и мечот го врати во егал.
Лацио тргна решително по останатите два бода кои го оставаат во борбата за Скудетото и тоа се исплатеше.
Пароло го совладаа Сиригу во 73 минута, на асистенција на Имобиле за големо славје кај фудбалерите со „небесносини“ дресови.
Со овие три бода Лацио во моментов е на само -1 во однос на Јувентус, кој пак мечот од ова коло нагости кај Џенова на Горан Пандев предмалку го започна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јужна Африка е 23-от учесник на СП

Фудбалската репрезентација на Јужна Африка е 23-та репрезентација, која обезбеди место на Светското првенство следната година во Канада, САД и Мексико.
Јужна Африка пласманот го избори со победата од 3:0 над Руанда дома во 10-то коло од мундијалските квалификации.
Головите на Таленте Мбате, Освин Аполис и Евидес Макгопе и ја донесоа победата на „бафана бафана“.
Јужна Африка го престигна Бенин во последното коло и го освои првото место во групата Ц.
На крајот, Бенин ги загуби сите шанси да биде на Светското првенство, откако загуби во последното коло од Нигерија со 3:0 и падна на третото место поради помала гол-разлика.
Јужна Африка ќе игра на Светското првенство за прв пат откако беше домаќин на натпреварувањето во 2010 година.
Спорт
Вардар 1961 со победа ја започна сезоната во Европската лига

Вардар 1961 со победа ја започна сезоната во Европската лига. Вечерва во „Јане Сандански“, македонскиот вице првак славеше со 34:29 во дуелот со Севесте.
Натпреварот го обележа и првото соочување на поранешните репрезентативни колеги, легендите на хрватскиот ракомет, сега тренери Иван Чупиќ и Игор Вори.
Вардар 1961 релативно лесно го доби натпреварот. Првиот дел мина во апсолутна доминација на Вардар, бргу домаќинот стекна предност од четири гола (8:4) и ја одржа до крајот на тој период.
Во вториот дел по 21:16 следуваа црните минути во играта на Вардар, дозволи серија на противникот од шест гола. Вардар бргу го врати ритамот одоговри со серија од три гола и потоа рутински го финишира дуелот.
Хориха со седум, односно Боно и Тузолана со по шест гола го предводеа Вардар 1961.
Foto/ facebook.com/rkvardar
Спорт
(Видео) Јапонија против Бразил од 0:2 до 3:2

Фудбалерите на Јапонија по пресвр го победија Бразил (3:2), во пријателски натпревар одигран во Токио.
Јапонците успеаја пред околу 50.000 свои навивачи да го надоместат дефицитот од два гола од првото полувреме и за прв пат во историјата да забележат победа над „селесао“.
Карло Анчелоти малку ги измеша картите, но без оглед на тоа, „кариоките“, дојддоа до предност преку Пауло Енрике и Габриел Мартинели.
Во 26-та минута, Енрике го постигна првиот, а Мартинели постигна гол шест минути подоцна по асистенција од Лукас Пакета.
Катастрофалната реакција на Фабрицио Бруно во 52-та минута ја искористи Такуми Минамимо и со тоа ја врати Јапонија во натпреварот.
Јапонците не застанаа тука, а двоен асистент беше Ито, кој влезе како резерва во вториот дел.
Прво, во 62-та минута, го пронајде Кеито Накамура, а потоа во 71-та минута изведе корнер, по што Ајасе Уеда го комплетира пресвртот.
За потсетување Јапонија и Бразил обезбедија учество на Светското првенство во 2026 година.