Спорт
Лајпциг го „торпедираше“ Штутгарт

По шокантниот пораз во првото коло од Мајнц, германскиот вице-шампион РБ Лајпциг се „рехабилитираше“ со убедлива 4:0 победа над Штутгарт во второто коло од Бундеслигата, покажувајќи дека повторно ќе биде меѓу најсериозните кандидати за титулата на Баерн Минхен.
Унгарскиот феномен Доминик Собослаи го отвори резултатот во 38. минута од мечот, пред победникот да биде решен во фуриозни 15-тина минути во второто. Емил Форсберг само што почна второто полувреме зголеми на 2:0, пред Собослаи само шест минути подоцна да постигне втор гол за 3:0, а во 65. минута, Андре Силва со гол од пенал ги постави конечните 4:0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Галагер собори многу рекорди во Лигата на шампионите

Атлетико ја анулира предноста на Реал Мадрид од првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите по само 27 секунди игра.
Конор Галагер постигна гол на натпреварот на „Метрополитано“, соборувајќи бројни рекорди во Лигата на шампионите.
Ова беше најбрзиот гол во тековната сезона на најсилното европско натпреварување Исто така ова беше и најбрзиот гол во Лигата на шампионите постигнат од англиски фудбалер, најбрзиот гол на Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите и најбрзиот гол што го примил Реал Мадрид од 2007 година.
Галагер е првиот англиски играч кој постигнал гол во мадридското дерби.
Спорт
(Видео) Арсенал и Астон Вила си ги потврдија местата во топ 8

Арсенал и Астон Вила ги потврдија своите места во четвртиналето во Лигата на шампионите. Арсенал одигра 2:2 во Лондон со ПСВ Ајндховен, првиот меч им припадна на „топџиите“ со 7:1, а Вила по 3:1 во првиот меч, во вториот го победи Клуб Бриж со 3:0.
Арсенал два пати водеше против ПСВ со головите на Зинченко и Рајс, на 1:1 израмни Перишиќ, на 2.2 Дуреш.
Астон Вила во второто полувреме постигна три гола против Бриж, кој од 17.минута играше со фудбалер помалку. Црвен картон доби Сабе во 17.минута.
Два гола постигна Асенсио, еден засилувањето од Челси, кој лани играше во Дортмунд, Матсен.
Спорт
Македонија загуби од Словенија

Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Ракометната репрезентација на Македонија забележа пораз од Словенија со 26:32 (16:15) во третото коло од квалификациите за пласман на ЕП.
Македонските ракометари покажаа „две лица“ на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“. Одлични беа избраниците на Кире Лазаров во првото, но целосно потфрлија во вториот дел.
Македонија одлично го започна, во првиот дел ја достигна највисоката предност од шест голови разлика,(11:5).
Словенците бргу се консолидираа, полека ја топеа разликата и на полувреме Македонија замина со гол предност.
Во вториот дел Словениците беа подобри. Го презедоа водството, а прашањето околу победникот го решија со среијата (1:5) во завршните 10 минути.
Филип Кузмановски со десет голови ја предводеше Македонија, Митев постигна пет, а Пешевски четири. Митревски имаше девет успешни интервенции.
На табелата во групата Словенија води со максимални шест бода, Литванија е втора со четири, Македонија трета со два, последна е Естонија без освоен бод.
Следува реваншот, во Копер од 18 часот в недела.