Спорт
Лајпциг на врвот, Вегхорс со хет-трик против Хофенхајм (Видео)
Лајпциг се вратија на челната позиција во Бундеслигата со победата над Вердер од 3:0. Со натпревар повеќе од Баерн, Лајпциг се на 45 поени, два повеќе од Баварците. Од петте натпревар кои се одиграа попладнево само Лајпциг победија како домаќини, Аугзбург и Фрајбург ремизираа додека на гостински терено победија Баерн Леверкузен, Волфсбург и Херта.
Лајпциг се искачија на врвот и во исто време го турнаа Вердер на претпоследното место на табелата. Патрик Шик го обележа мечот со гол и асистенција. Чехот најпрвин му асистираше на клостерман, а потоа и самиот постигна гол. Конечните 3:0 ги постави Мукиеле.
Играч на колот е напаѓачот на Волфсбург Вегхорст кој постигна хет-трик во победата 2:3 кај Хофенхајм. За домашниот тим по еден гол постигнаа Баумгартнер и Крамариќ.
Со ист резултат 2:3 Леверкузен славеа кај Унион Берлин. Херој на „фармацевтите“ е Белараби кој погоди за победа во 94 минута.
По заминувањето на Јирген Клинсман Херта успеа да победи. Бајата и Куња погодија во победата 2.1 кај Падерборн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

