Спорт
Ламар Одом стана „Црниот Исус“, фановите загрижени

Околу менталната состојба на поранешната НБА ѕвезда, Ламар Одом, повторно има многу прашања, откако тој на социјалните мрежи повторно се појави во своето алтер-его „Црниот Исус“, а претходно тврдеше дека неговата поранешна девојка му ги украла шифрите од социјалните мрежи.
41-годишниот Одом, кој има долга историја со злоупотреба на дроги и зависност од секс, објави видео во кое носи црна перика и во кое „претвара вода во вино“. Поранешната ѕвезда на Лејкерс, сепак, тврди дека видеото е за промоција на неговиот акаунт на Твич и дека се работи само за начин да се остане забавен за време на пандемијата на КОВИД-19.
„Опуштете се, проклетство. Не смеам да се забавувам без да бидам обвинет дека сум на дроги или надвор од умот? Ако ме знаете, ќе знаете дека играм цел ден. Животот е прекраток да се биде сериозен, а КОВИД не научи на тоа. Црниот Исус е моето алтер-его и само се обидувам да ве благословам сите“, напиша Одом на Инстаграм.
Одом, кој претходно беше во брак со Клои Кардашијан, сега ја обвинува својата поранешна девојка Сабрина Пар дека му ги украла сите шифри од социјалните мрежи и дека се обидува да „воспостави контрола“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јованка Радичевиќ во идеалниот тим на деценијата

Јованка Радичевиќ, поранешна ракометарка на Вардар, се најде во идеалниот тим на деценијата, во изборот на специјализираниот ракометен портал „Handball-planet.com“.
Покрај 34-годишната Радичевиќ, која е најдобро десно крило, во тимот на деценијата се најдоа голманката Катрин Лунде, Камила Херем, Кристина Неагу, Корнелија Грот, Нора Мерк и Хајди Локе.
Радичевиќ, во кариерата пет години го носеше дресот на Вардар (2013-2018).
Во изборот учествувале реномирани тренери, ракометни легенди и новинари од целиот свет.
Тренери: Драган Аџиќ (Црна Гора), Адријан Василе (Романија), Пер Јохансон (Шведска), Хорхе Дуенас (Шпанија), Ненад Шоштариќ (Хрватска), Хеле Томсен (Данска), Тор Одвар Моен (Норвешка).
Легенди: Тања Медвед (Србија), Даниела Пиедаде (Бразил), Кристина Варзару (Романија), Рафаеле Тревел (Франција), Каролине Бреиванг (Норвешка), Ања Алтхаус (Германија), Људмила Бодниева (Русија).
Новинари: Лаура Агена (Аргентина), Иболија Шекереш (Унгарија), Зорица Радојковиќ (Србија), Хорхе Даргел (Шпанија), Стиг Нигард (Норвешка), Сергеј Приголовкин (Русија), Бјорн Пазен (Германија).
Спорт
„Ливерпул ја губат трката за титулата, им следува борба за пласман во Топ 4“

Ливерпул, синоќа, по четири години и 68 натпревари, доживеа пораз на домашен терен во Премиер лигата. Барнли, сензационално ги однесоа бодовите од „Енфилд“, со голот на Ешли Барнс од пенал во 81.минута.
Ливерпул е во криза, тоа го покажуваат резултатите. „Црвенте“, во 2021 година немаат постигнато гол, а немаат победа на последните пет натпревари.
Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, најавува фијаско доколку Јирген Клоп не смени нешто во играта.
„Не се сеќавам кога последен пат се случило толку играчи, во исто време, да бидат вон форма…“, рекол во својот коментар на „Скај спортс“.
Ливерпул, викендов, ќе игра во ФА купот против Манчестер јунајтед, а потоа му следи серија на тешки натпревари во Премиер лигата.
„Доколку серијата што им следува не помине добро, тогаш е сигурно дека веќе во февруари ќе отпаднат од борбата за титулата. Доколу се случи тоа, тогаш Ливерпул ќе води жестока борба за Топ 4 и пласман во Лигата на шампионите“, стравува карагер.
По дуелот со Манчестер јунајтед, Ливерпул ќе игра против Тотенхем и Вест Хем во Лондон (28. и 31.јануари), потоа на „Енфилд“ ќе ги пречека Брајтон и Манчестер сити (3.и 7.февруари), а на 13.февруари ќе гостува кај Лестер.
Спорт
Стоичков: Пјаниќ не заслужува да ја носи осумката

Миралем Пјаниќ, досега не ги оправда очекувањата во Барселона. Репрезентативецот на БиХ, трпи критики по синоќешниот натпревар во Купот на Шпанија. Барселона со тешки маки, дури по продолженијата, успа да го елиминира третолигашот Корнеља.
Барселона славеше над Корнеља со головите на Дембеле во 93. и Брејтвајт во 120.минута. Претходно во првото полувреме пенал не реализира Пјаниќ, а истото му се случи и на Дембеле во финишот на регуларниот дел.
„Бројот осум не е за секого, овој број има посебна тежина, а Пјаниќ не е на тоа ниво. Тажен сум, се срамам од она што го видов. Тренерот Куман не е виновен кога двајца ќе промашат од белата точка. Пред не го е уште многу работа. Ќе му биде тешко со овие играчи“, рекол легендарниот играч на Барселона, Христо Стоичков.
Најдобриот фудбалер во историјата на Бугарија, во Барселона ја носеше осумката на грбот. Овој број во кариерата го носеле и други легенди на Каталонците: Андрес Иниеста, Филип Коку, Бернд Шустер, Тете Санчез, Карлес Рексач, Јоган Нескенс…
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот