Спорт
Лампард: Изминативе години Ливерпул потроши многу пари

Менаџерот на Челси, Френк Лампард, изјавил дека клубот потрошил многу пари во преодниот рок бидејќи поради казната на ФИФА, не можеше да биде активен минатото лето на трансфер-пазарот.
Лампард со оваа изјава му одговори на колегата од Ливерпул, Јирген Клоп, кој неодамна изјави дека неговиот клуб не може да троши толку пари бидејќи газдите не биле олигарси.
„Би рекол дека тоа е интересна изјава. Кога зборуваме за сопствениците на клубовите, мислам дека не е важно со каква работа се занимаваа, секако станува збор за богати луѓе. Ливерпул има фантастична приказна во последните четири или пет години откако тука е Јирген. Тие донесоа добри засилувања, за нив платија многу пари. Тука се Ван Дајк, Алисон, Мане, Салах, Фабињо, Кеита. Неверојатни играчи, скапо се платени“, рекол Лампард.
Челси во преодниот рок потроши над 200 милиони фунти на нови играчи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
КОНМЕБОЛ жестоко ги казни Индепендиенте и Унивесидад де Чиле

Аргентинскиот клуб Индепендиенте е дисквалификуван од Купот Судамерикана, по насилните инциденѕи меѓу навивачите за време на натпреварот против Универсидад де Чиле пред две недели во близина на Буенос Аирес, објави во четврток Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).
19 лица беа повредени во тепчките меѓу навивачите на Индепендиенте и Универсидад де Чиле, во кои беа употребени палки и пиротехника.
Аргентинскиот клуб, исто така, ќе мора да ги игра следните 14 натпревари на турнирите на КОНМЕБОЛ без свои навивачи и да плати казна од 250.000 долари, одлучи Јужноамериканската фудбалска конфедерација.
Управното тело, исто така, му изрече казна на чилеанскиот клуб, кој мора да плати 270.000 долари, а двата тима ќе играат седум домашни натпревари пред празни трибини и седум гостувања без свои навивачи.
Универсидад де Чиле се пласира во четвртфиналето, каде што ќе се соочи со Алијанц Лима од Перу.
Одлуката дојде откако официјалните лица го прекинаа натпреварот на 20 август на „Естадио Либертадорес де Америка“ во Буенос Аирес поради недостаток на обезбедување по инцидентите што резултираа со сериозни повреди и повеќекратни апсења.
За време на натпреварот, чилеанските навивачи фрлаа предмети кон локалните навивачи, кои одговорија со влегување во гостинскиот сектор за да ги претепаат.
Во моментот на паузата, тимовите беа изедначени 1:1, што му одеше во корист на чилеанскиот тим, кој го доби првиот натпревар со 1:0.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Нагелсман: Можеби треба да повикам играчи со послаб квалитет

Германската фудбалска репрезентација загуби со 2:0 од Словачка во Братислава во натпреварот од првото коло од квалификациите во Групата А за Светското првенство во 2026 година.
Домашниот тим поведе со голот на Давид Ханцко во 42-та минута, а потоа асистентото за првиот гол, Давид Стрелец во 55-та минута го постигна вториот гол.
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман не го криеше своето разочарување, ги критикуваше своите избраници.
„Бевеме без двајца-тројца повредени, но ова се најдобрите играчи што ги имаме во Германија. Можеби следниот пат треба да поканиме играчи со послаб квалитет кои ќе дадат се од себе на теренот“, луто го коментираше поразот младиот стручњак.
Foto/ EPA
Спорт
Меси не е сигурен дека ќе игра на Светското првенство

Лионел Меси даде изјава што изненади многумина по победата против Венецуела (3:0), во претпоследното коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство..
Дуелот со Венецуела беше последен за Меси во дресот на Аргентина пред домашната публика, а по натпреварот, ја загрижи домашната јавност.
Имено, Меси сè уште не е сигурен дали ќе настапи на претстојното Светско првенство.
„Со години ја имав наклонетоста на Барселона, а мојот сон беше да го имам тоа и овде, во мојата земја, со мојот народ. Ќе ги паметам добрите работи. Мислам дека нема да играм, поради моите години – најлогично е дека нема да бидам на Светското првенство. Ќе се водам според тоа како се чувствувам. Се обидувам да бидам искрен со себе. Не сум донел одлука, но ќе размислам внимателно“, рече Меси по натпреварот.
Foto/ EPA