Спорт
Ландо Норис го победи Ферстапен на ГН на Мајами
Ландо Норис ја забележа првата победа во кариерата. Возачот на Мекларен победи на трката за Големата награда на Мајами. Ова е прва победа за Мекларен од 2021 година кога Даниел Рикардо победи во Монца. Норис во Мајами победи пред Макс Ферстапен (Ред Бул) и Шарл Леклер (Ферари).
Норис, трката во Мајами ја стартуваше од петтата позиција, која ја загуби на стартот, но како што одминуваа круговите тој беше најбрзиот човек на патеката. Најбрзиот круг го возеше во 25 круг, кога дел од неговите конкуренти ги сменија гумите.
За одличното возење го „погледна и среќата“. Поради инцидентот меѓу Магнусен и Сарџент, во 28.круг на патеката излезе возилото за безбедност. Норис го искорсти влезе во боксот и се врати на челната позиција.
Откако возилото за безбедност ја напушти патеката, Норис на чиста брзина ја доби борбата со Ферстапен.
Британецот со деби победата ја прекина доминацијата на Ферстапен во Мајами, кој имаше шест последовни победи на оваа патека.
Бодови во Мајами освоија: Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Луис Хамилтон (Мерцедес), Јуки Цунода (РБ), Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јунајтед еден месец ќе бидат без капитенот
Манчестер Јунајтед вчера во Бирмингем, доживеа пораз од Астон Вила (2:1) и остана без капитенот Бруно Фернандеш.
Португалецот се повреди во финишот на првото полувреме, остана на теренот, но не се појави во второто полувреме.
Менаџерот, Рубен Аморим, по натпреварот откри дека Бруно е повреден, дека ќе отсуствува одреден период. Според англиските медиуми, Португалецот ќе паузира најмалку еден месец. што значи дека ќе пропушти седум натпревари.
Повредата на Буруно дополнително ги зголеми проблемите на менаџерот Аморим, кој во моментов не може да смета на Брајан Мбеумо, Амад Дијало и Нусаир Мазрауи, кои се со националните тимови на Африканскиот куп на нации.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дани Алвеш купува португалски клуб, па како засилување ќе го донесе Дани Алвеш
Поминаа девет месеци откако жалбата на Дани Алвеш беше одобрена, со што тој беше ослободен од казната што првично му беше изречена за силување. Оттогаш, Алвес се најде во улога на проповедник, а како што објавија бразилските медиуми, сега се подготвува да се врати на фудбалскиот терен.
Дани Алвеш го одигра својот последен професионален натпревар во јануари 2023 година, само неколку дена пред да биде уапсен под обвинение за силување. Пумас, каде што играше во тоа време, веднаш го раскина неговиот договор.
Како што објави „ESPN“ од Бразил, Алвеш планира да се врати во фудбалот како играч.
Наводно, Алвеш е во преговори со група инвеститори за купување на португалскиот третолигаш Сао Жоао Вер.
Планот е, кога и ако купувањето биде успешно, Алвеш да биде регистриран како играч, барем во првите шест месеци.
Тоа, како што пишуваат Бразилците, би можело да се случи во јануарскиот преоден рок, па Алвеш би го одиграл вториот дел од сезоната за својот иден клуб, по што официјално би се пензионирал.
Во исто време, случајот за кој тој беше осуден на затворска казна е сè уште во тек бидејќи обвинителството поднесе жалба против ослободителната пресуда.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Неименуван клуб од Премиер лигата ќе плати 115 милиони евра за Бруно Гимараеш
Бразилскиот играч од средниот ред Бруно Гимареш (28), кој се приклучи на Њукасл пред две години, а за чии услуги се заинтересирани Барселона, ПСЖ и Арсенал, би можел да го напушти клубот уште во јануари. Според најновите информации од Англија, активирана е неговата откупна клаузула, но не е од споменатите клубови, туку од засега неименуван клуб од Премиер лигата.
Според тврдењата на англискиот извор „Indykail“, прашање на време с кога Бразилецот ќе замине од „Сент Џејмс Парк“.
„Договорот на Бруно Гимареш има откупна клаузула од околу 115 милиони евра. Неименуван клуб од Премиер лигата веќе испратил неколку рани барања во врска со Гимареш“, објави овој извор.
Иако името на заинтересираниот клуб не е откриено, се шпекулира дека тоа би можел да биде Челзи. Менаџерот на „сините“, Енцо Мареска, наводно побарал од управата да доведе врвен играч од средниот ред во јануарскиот преоден рок, а Гимареш совршено се вклопува во тој профил.
Бруно Гимареш ја започна својата кариера во бразилскиот Го Аудакс, по што се пресели во Атлетико Паранаенсе. Тој пристигна во Европа во 2020 година, кога Лион го донесе за 20 милиони евра.
Само две години подоцна, Њукасл му плати 42 милиони евра, а во меѓувреме, Бразилецот стана еден од клучните играчи на Њукасл и еден од најценетите играчи од средниот ред во Премиер лигата.
Foto/ depositphotos

