Спорт
Ланс за Кусанов плати 100.000 , сега го продава за 50 милиони евра

Централниот дефанзивец на Ленс, Абдукодир Кусанов (20) ќе биде првото засилување за Манчестер сити во јануарскиот преоден рок.
Информацијата доаѓа од добро информираниот Фабрицио Романо, кој наведува дека менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола дал „зелено светло“ талентираниот Узбекистанецда се пресели на „Етихад“.
Наводно, Сити на францускиот клуб ќе му плати отштета од 50 милиони евра.
Овој фудбалер, репрезентативец на својата земја, доживеа метеорски подем во изминатите три години, откако пристигна во „Б“ тимот на Ленс, од малку познатиот белоруски клуб Енергетик-БГУ.
Ленс ќе заработи голема сума бидејќи прет три години за трансферот на Кусанов издвои само 100.000 евра.
Кусанов оваа сезона одигра 16 натпревари во сите натпреварувања.
🔵🇺🇿 More on Khusanov and Man City exclusive story.
Man City started working on deal before end of 2024 with one mission to Lens also included for direct meeting.
Pep Guardiola approved Khusanov as immediate signing. Total green light.
Here we go, coming soon. 🏁 pic.twitter.com/sSm6VQHf8P
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 10, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Луис Суарез: Во минатото ги гризеше противниците, сега ги плука

Темпераментниот Луис Суарез, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, повторно ја покажа својата „темна страна“.
Уругваецот, во минатото гги гризеше Отман Бакал, Бранислав Ивановиќ и Џорџо Кјелини, а синоќа повторно се најде во центарот на вниманието.
Суарез претрпе пораз од Интер Мајами во финалето на Лига купот, од Сиетл, убедливо со 3:0.
Поразот тешку го прифати Суарез, по завршувањето на натпреварот се степа со Џино Рамирез, чија задача е да се грижи за безбедноста на Сиетл Саундерс.
По жестоката дискусија, во која напаѓачот на Интер го имаше главниот (единствениот) збор, и обидот на Оскар Устари да ги раздели, Суарез плукна по Рамирез и со тоа дополнително ја ескалираше ситуацијата.
Тренерот на тимот од Флорида, Хавиер Маскерано, по натпреварот истакна дека не знае што точно се случило и дека никој не сака да гледа вакви сцени по натпреварот, но и тој обезбеди алиби за својот играч, додавајќи дека „таквата реакција подразбира претходна провокација“.
Фото/ Принтскрин
Како и да е, јасно е дека Суарез ќе биде суспендиран по овој потег.
Luis Suarez spits at a Seattle Sounders staff member
byu/Delmer9713 insoccer
Спорт
Исак во Ливерпул, договорен е третиот најголем трансфер во историјата на фудбалот

Неколкумесечна сага, конечно заврши. Ливерпул и Њукасл постигнаа договор – Александар Исак ќе ја продолжи кариерата на „Енфилд“.
Трансфер инсајдерите Дејвид Орнштајн и Фабрицио Романо, објавија дека Ливерпул и Њукасл, договориле трансфер вреден 144,2 милиони евра (125 милиони фунти), што би бил трет најголем трансфер во историјата во однос на надоместокот.
Њукасл ќе добие дополнителни 5 милиони фунти (5,8 милиони евра) од фондот за солидарност, за вкупно 150 милиони евра.
Пред трансферот на Исак, остануваат само трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ (222 милиони) и трансферот на Килијан Мбапе на „Паркот на принцовите“ (180 милиони).
Во исто време, тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата, надминувајќи го оној на Енцо Фернандес (122 милиони) од Бенфика од страна на Челзи во јануари 2023 година.
Флоријан Вирц пристигна во Мерсисајд ова лето за почетна сума од околу 115 милиони, но со дополнителни 18,5 милиони кои би отишле на сметката на Баер по исполнувањето на одредени бонуси.
Исак ќе има медицински преглед во текот на денот, по чие успешно завршување треба да биде промовиран.
Швеѓанецот ги бојкотираше натпреварите на Њукасл и не одигра ниту една минута оваа сезона за да издејствува заминување од „Сент Џејмс Парк“. По првата одбиена понуда од Ливерпул, втората беше прифатена и покрај јавниот став на „страчките“ дека играчот не е на продажба.
Минатата сезона постигна 27 гола на 42 натпревари за тимот на Еди Хау. Негова замена е Ник Валтемаде, кој пристигна од Штутгарт.
Откако го комплетираа трансферот на Исак, Ливерпул се насочува кон доведување на Марк Гуеи, капитенот на Кристал Палас. Доколку успеат во тоа, за очекување е Џо Гомез да замине во Милан.
Foto/ EPA
Спорт
Јувентус го договори Жегрова и го испрати Гонзалес во Атлетико

Јувентус, во финишот на преодниот рок обезбеди важно засилување. Поранешниот фудбалер на Лил, Едон Жегрова доаѓа во Јувентус. Во исто време клубот ќе го напушти Нико Гонзалес.
Косовскиот репрезентативец пристигнува од француски Лил, каде што играше претходните три сезони и се профилираше како еден од најдобрите играчи во Лига 1 на позицијата офанзивен играч за врска.
Жегрова ќе му се придружи на својот поранешен соиграч од Лил во Јувентус, Канаѓанецот Џонатан Давид, кој исто така им се придружи на Бјанконерите ова лето, но како слободен играч.
Италијанските медиуми објавуваат дека Јувентус ќе му плати 15 милиони евра на Лил
За репрезентацијата на Косово досега одигра 42 натпревари и постигна пет гола.
Исто така, на претпоследниот ден од преодниот рок, раководството на „старата дама“ ја прифати понудат од Атлетико за Аргентинецот, Нико Гонзалез.
Сезонава, Нико ќе настапува како позајмен играч во Атлетико. Клубот од Мадрид ќе плати еден милион евра за позајмицата.
На крајот од сезоната, во завосност од настапите, Атлетико ќе може да го откупи договорот на Аргентинецот за за сума помеѓу 20 и 30 милиони евра.
Фото/ Принтскрин