Спорт
Лапорта одбил 60 милиони евра за Рафиња

Рафиња, Бразилецот од Барселона, привлекува големо внимание од бројни европски клубови.
Бразилецот конечно е стандарден во тимот на Чави, игра добро во последно време, постигна два од трите гола на гостувањето кај ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Како што пренесува каталонскиот весник „Спорт“, челниците на Барселона во последните денови ја одбиле понуда на неименуван клуб од Премиер лигата.
Клубот понудил 60 милиони евра, но Џоан Лапорта не сакал да разгледува понуди помали од 80 милиони евра.
Од Англија се верува дека најмногу се заинтересирани Манчестер јунајтед и Челзи.
Оваа сезона Рафиња за Барселона постигна вкупно осум гола на 30 натпревари во сите натпреварувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Матета со магичен потег не дозволи триумф на Арсенал

Фудбалерите на Арсенал ремизираа со Кристал Палас 2:2 (2:1) во малото лондонско дерби од 34. коло на англиската Премиер лига.
Домашните поведоа на „Емирати“ во третата минута кога Јакуб Кивиор беше највисок во скокот и со глава ја затресе мрежата на Палас.
Израмнувањето го донесе Еберечи Езе, во 27. минута, но Арсенал сепак со предност замина на одмор.
На три минути до одморот, во 42. минута, Леандро Тросар постигна гол.
Во вториот дел Арсенал успешно ја одржуваше стекнатата предност, до 83. минута кога го видовме најубавиот момент, веројатно во целото коло.
Жан-Филип Матета со удар од преку 20 метри успеа да го лобува Давид Раја и со тоа да ги постави конечните 2.2.
Арсенал со ова реми само ја одложи промоцијата на Ливерпул во нов шампион. „Топџиите“ имаат 67 бодови и доколку в сабота Ливерпул освои барем бод против Тотенхем, на четири кола до крајот и математички ќе ја освои титулата.
Спорт
(Видео) Лука Јовиќ го однесе Милан во финалето на Купот

Милан по пауза од седум години ќе се бори за трофејот во Купот на Италија. Вечерва, Милан го декласира градскиот ривал Интер во полуфиналниот реванш со 3:0.
Патот на Милан до финалето му го трасира Лука Јовиќ. Српскиот репрезентативец кој на крајот од годината беше отпишан, во последниот месец почна да добива шанса од Сержо Консеисао. Довербата на тренерот ја оправда со голови.
Во првенството погоди против Наполи и Фиорентина.
Вчерва постигна два и ја обезбеди победата. Првиот гол го постигна по асистенција на Хименез во 36. минута, а вториот во 49. минута. Победата во 85.минута ја потврди Тижани Рејдерс.
JOVIĆ WITH THE HEADER MAKES IT 1-0
HES BACK pic.twitter.com/Nk2RT6UOVC— the clip guy (@srbsportclip) April 23, 2025
🚨🇮🇹 GOAL | Inter 0-2 AC Milan | Luka Jovic
LUKA JOVIC DOUBLES THE LEAD FOR AC MILAN !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! 1-3 ON AGGREGATE !!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/oJL75Qh3sJ
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) April 23, 2025
Спорт
Олимпијакос и Монако го одбранија домашниот пораз

Тешки порази доживеаја шпанските великани Барселона и Реал, во првите четвртфинални натпревари во Евролигата. Монако ја победи Барселона со 97:81, а Олимпијакос со 84:72 славеше против Реал.
Кошаркарите на Монако во третиот период го решија мечот кога се одлепија од противникот на +17 и успеаја да сочуваат голема предност и до крајот да го одбранат домашниот терен.
Монако го предводеа Мајк Џејмс и Даниел Теис со по 22 поени, а одличен беше и Ели Окобо со 19 поени и седум асистенции.
Кај Барселона, Кевин Пантер беше најдобар со 16 поени и два скока, Дарио Бризуела додаде 13, колку што постигна и Фал кои имаше и 14 скокови.
Олимпијакос, за разлика од Монако, во првата четвртина ја најави победата, а практично го реши натпреварот до полувремето кое го доби со 47:29.
Саша Везенков беше најефикасен со 23 поени и седум скока.
Го следеа Еван Фурние со 13 поени и Никола Милутинов со 11 поени и осум скока. Најдобар во тимот на Реал беше Серхио Љуљ со 16 поени, додека двоцифрен беше само уште Марио Хезоња со 13 поени.