Контакт

Спорт

Лапорта во еуфорија на „Мастаља“: Уште 4 победи и титула!

Објавено пред

Со синоќешната победа 3-2 на Барселона на „Местаља“ против Валенсија тимот од Каталонија ги зачува шансите за шампионската титула во Ла Лига.

Драмата во последните 4 кола може да се одвива помеѓу Атлетико (М), Барселона, Реал Мадрид и Севилја.
Токму следното коло може да даде повеќе одговори затоа што Барселона ќе ги дочека „Јорганџиите“ на Симеоне, а Реал Мадрид ќе биде домаќин на Севилја.

По синоќешниот гостински триумф, претседателот на Барса, Жоан Лапорта го зафати еуфорија.

„Пред мечот со Валенсија рекод ако ги добиеме овие 5 натпревари до крајот, ќе бидеме шампиони. Сега веќе не се 5, туку 4 меча. Јас сум убеден дека ќе бидеме први“ рече Лапорта.

Повторно во центарот на вниманието е Лео Меси кој иако не постигна гол од пенал, двапати ја тресеше мрежата на „лилјаците“.

„Не е само Меси, целиот тим одигра одлично во Валенсија“ додаде Лапорта.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Данците ѝ се налутија на УЕФА

Објавено пред

Два дена по натпреварот Данска – Финска на Евро 2020, кој донесе вистинска драма на стадионот „Паркен“, Данците открија дека биле соочени со ултиматум од УЕФА поради што решиле да го продолжат натпреварот.

За потсетување, на овој натпревар во 43. минута колабира Кристијан Ериксен. Лекарите по десет минути реанимација успеаја да му го спасат животот на најдобриот дански фудбалер.

„Имавме две можности и ниту една не беше добра. Ја избравме онаа што беше помалку лоша. Многу играчи не можеа да го продолжат натпреварот. Мислите им беа на некое друго место. Во една таква ситуација требаше да имаме и трета опција“, рекол Мартин Брејтвајт откривајќи дека од УЕФА им понудиле да го продолжат натпреварот или да играат наредниот ден од 12 часот.

Постоела и закана од УЕФА дека доколку не го одиграат натпреварот, тој ќе биде регистриран со службени 3:0 за Финска.

„Се случи нешто ужасно и УЕФА на играчите им дава можност да изберат – да играат веднаш или да се вратат в недела напладне. Како е можно тоа“, рекол голманот Каспер Шмајхел.

Инаку, пред да продолжи натпреварот, во саботата, УЕФА објави дека во договор со играчите на двете репрезентации била донесена одлуката тој да продолжи.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ова е ера на Новак Ѓоковиќ

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ со вчерашниот триумф постави нови стандарди во тенисот и ги натера аналитичарите да се запрашаат дали тој е најдобриот играч во историјата, многу подобар од другите двајца од големата тројка – Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ е единствениот играч во опен-ерата, кој секој гренд слем го освоил најмалку два пати. Вкупно има 19 гренд слем трофеи во кариерата, еден помалку од Федерер и Надал.

Она што паѓа во очи е статистиката што Ѓоковиќ ја има во последните десет години во однос на Федерер и Надал.

Од 2011 година до вчера Ѓокоивќ освоил 18 од своите 19 гренд слем трофеи, победил на 31 турнир од мастерс-серијата и четири пати победил на завршниот АТП-мастерс. Вкупно во последните десет години прв на АТП-листата е 324 недели.

Федерер и Надал заедно во последната деценија имаа 15 гренд слем титули, победи на 28 мастерси, еден трофеј на АТП-мастерсот. Заедно на првото место на АТП-листата минале 132 недели.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кардиолог тврди: Ериксен повеќе никогаш нема да игра фудбал

Објавено пред

Кристијан Ериксен, во саботата, победи во најважниот натпревар. Најдобриот дански фудбалер, колабираше во 43.минута, во натпреварот против Финска. Десет минути, лекарите се бореа за неговиот живот. Докторот на данската репрезентација, откри дека неколку моменти срцевата активност кај Ериксен била прекината.

Откако успаја да го реанимираат на теренот, Ериксен веднаш беше префрлен во болницата во Копенхаген. Изминатите два дена лекарите прават анализи за да откријат што му се случило.

Прашање е што ќе биде со неговата кариера.

„Ова веројатно значи крај на неговата кариера“, порачал доктор Скот Мареј, водечкиот консултант за кардиологија во Националната здравствена служба на Обединетото кралство.

„Во Италија не им дозволуваат на луѓето да се занимаваат со спорт, доколку имаат срцеви проблеми. Таков е законот. Кај нив ова се применува во последните 20 години. Поради тоа стапката на смртност како последица на спортски активности изнесува помалку од еден отсто. Веројатно, Ериксен ќе има посебен пејсмејкер, дефибрилатор кој ја следи работата на срцето и предупредува на проблеми“, рекол доктор Мареј.

Ерикаен има 29 години, никогаш до дуелот на Паркен стадионот, немал никакви срцеви проблеми.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија1 час

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа2 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија3 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија4 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион4 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија5 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија6 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет7 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија7 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт19 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт19 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт20 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија1 ден

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа1 ден

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ1 ден

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија1 ден

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт1 ден

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија1 ден

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Досие