Спорт
Ларкин го урна ПАО среде Атина, Фенербахче го декласира Париз
Ефес успеа да направи брејк во Атина, на теренот на европскиот шампион Панатинаикос, додека Фенербахче со убедливата победа над Париз дојде на чекор до пласман на завршниот турнир.
Кошаркарите на Ефес го совладаа Панатинаикос во вториот натпревар од четвртфиналната серија од плејофот во Евролигата со резултат 79:76 и го изедначи резултатот во серијата на 1:1.
Панатинаикос, водеше 39 поени, во текот на натпреварот два пати имае 15 поени предност, во решавачката четврина влезе со предност од 10 поени, но не успеа да победи.
Клучна беше серијата на Ефес од 9:0 која започна на 1:50 до крајот на натпреварот.
Во таа серија се истакна плејмејкерот на Ефес, Шејн Ларкин, кој во последната минута постигна седум поени, вклучувајќи ја и тројката за првото водство на Ефес 76:73.
Панатинаикос имаше напад за продолженија, но Кендрик Нан беше непрецизен.
Ларкин натпреварот го заврши со 20 поени, пет асистенции и три скока, Пи Џеј Дожер постигна 14, а Венсан Поаире забележа дабл-дабл со 16 поени и 10 скока.
Нјефикасен кај ПАО беше Чеди Осман со 16 поени, Нан забележа 14 поени и шест асистенции.
Третиот натпревар се игра во Истанбул на 29. април.
Фенербахче го победи Париз со 89:72. Екипата на Шарунас Јасикевичиус одигра брилијантно прво полувреме во кое постигна 61 поен и стекна преност од 23 поени, која во овој натпревар ниту Ти Џеј Шортс не успеа да достигне.
Најефикасен во победничкиот тим беше Тарик Биберовиќ со 20 поени (4/4 за два), Најџел Хејс-Дејвис постигна 16 поени, а Марко Гудуриќ 13.
На спротивната страна единствен расположен беше Ти Џеј Шорц со 18 поени, Надир Ифи имаше 15 поени (6/17 од поле), а Тајсон Варди 10 поени.
Третиот натпревар е закажан за 29 април во Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

