Спорт
Ларкин ја предводи листата на најплатените играчи во Евролигата
Специјализираниот кошаркарски портал „Јурохупс“ ја објави листата на најплатени играчи во Евролигата. На листата има по еден кошаркар на Партизан и Црвена звезда.
Според „Јурохупс“, најголема плата во Евролигата за сезоната 2023/24 има плејмејкерот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин. Американецот кој беше еден од најважните фактори за освојување на две последователни европски шампионски титули за Анадолу Ефес заработува четири милиони евра годишно.
Само тој го проби прагот од три милиони евра, а најблиску до него е овогодинешното новиот играч на Панатинаикос Костас Слукас. Грчкиот репрезентативец договори годишна плата од 2,8 милиони евра.
На третото место е капитенот на Партизан, Кевин Пантер. Американецот избра да остане во црно-белото јато за сума од 2,6 милиони евра по сезона. Никола Миротивќ кој се поврзуваше со Партизан во Олимпија Милано заработува 100.000 евра помалку од Пантер.
Следуваат Дариус Томпсон (Анадолу Ефес) со 2,3 милиони, браќата Ернангомез, Вили (Барселона) со 2,2 милиони и Хуанчо (Панатинаикос) со 2,1, колку што ќе заработи и ѕвездата на Виртус, Торнике Шенгелија.
Топ 10 завршува со шестмина кошаркари чија плата изнесува два милиони евра: Шабаз Нејпир (Црвена звезда), Мајк Џејмс (Монако), Вил Клејберн (Анадолу Ефес), Николо Мели, Кевин Пенгос (Олимпија Милано) и Томаш Саторански (Барселона).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Италија со победа над Албанија ја започна одбраната на титулата
Актуелниот шампион Италија со победа над Албанија од 2:1 ја запошна одбраната на титулата на Европското првенство.
Натпреваро запошна шокантн за Италијанците кои примија гол по само 23 секунди. Бајрами ја искористи грешката на Димарко и го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП. До последната минута од натпреварот тоа беше се што направија Албанците на овој натпревар.
По голот фудбалерите на Албанија веднаш се повлекоа зад топката, а на Италијанците не им требаше многу за да се вратат во игра.
Италија имаше корнер во 11. минута од натпреварот, топката дојде до Пелегрини кој упати одличен центаршут и на втората статива го пронајде Бастони кој ја заби топката во мрежата.
Само пет минути подоцна Италија направи целосен пресврт. Николо Барела ја искористи лошо исфрлената топка од албанската одбрана и упати фантастичен волеј удар кој Стракоша не можеше да го одбрани.
Италија целосно ја презеде иницијативата, Албанија чекаше прилика од контранапад, а во 33. минута Фратези можеше да ја зголеми предноста на „аѕурите“, сепак стативата го спаси Стракоша.
До крајот на првото полувреме Скамака можеше да постигне гол во 40. минута, Стракоша беше на вистинското место и го одбрани ударот на напаѓачот на Аталанта.
Во второто полувреме, Италијанците се решија само да ја контролираат топка и да чекаат грешка на Албанците. Во 60. минута Скамака му ја додаде топката на Киеза, но играчот на Јувентус од 16 метри шутираше покрај стативата.
До крајот Италија имаше иницијатива на теренот, но не успеа да направи многу. Нападите беа бавни, без вистинска идеја и без желба да се нападне голот на Албанија.
Таквата определба можеше сакпо да ги чини, бидејќи Манај имаше шанса во 90. минута по одлична долга топка, но ударот го одбрани Донарума.
Следниот натпревар „азурите“ ќе го играат за пет дена против Шпанија, додека Албанија ден порано ќе игра со Хрватска.
Спорт
(Видео) Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП, Италија сепак води во Дортмунд
Репрезентативецот на Албанија, Недим Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на Европските првенства.
На стадионот „Вестфален“ во Дортмунд, Бајрами ја искористи катастрофалната грешка на Ди Марко и го совлада Донарума по само 23 секунди игра.
Albania scores in 25 seconds against Italy 🤣 #albania #italy #EURo2024 pic.twitter.com/c48owFmYcs
— Heybets (@playheybets) June 15, 2024
Актуелните европски шампиони експресно се опоравија по почетниот шок.
Бастони го изедначи резултатот во 11.минута. Дефанзивецот на Интер, погоди со глава откако остана сам на втората статива по нафрлувањето на Пелегрини.
Четири минути подоцона, Италија направи целосен пресврт. По една флипер ситуација пред голот на Албанија, топката дојде до Барела кој од 15 метри ја смести топката во голот.
Спорт
Далиќ: Изгледавме немоќно
Репрезентацијата на Хрватска загуби од Шпанија со 3:0 во 1. коло од групата Б на Европското првенство. Головите за Шпанија ги постигнаа Алваро Мората во 29. минута, Фабијан Руиз во 33. минута и Дани Карвахал во 45. минута.
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, на прес конференцијата рече дека неговиот тим го заслужил поразот.
„Секоја чест за Шпанија. Почнавме доста тешко, потоа се прегупиравме и потоа таа длабока топка за која зборувавме не отвори и Мората постигна гол. Наша грешка, работевме на тоа и примивме гол од ситуација на која предупредувавме.
Она што ме изненади од наша страна е што стоевме предалеку од играчите. Дадовме премногу простор на нивната предна линија, бевме премногу бавни, предалеку и не бевме агресивни.
Рековме дека треба да играме со многу помалку допири, рековме дека треба да ја свртиме страната во два допири и не го прававме тоа добро. Високиот пресинг не беше пресуден“, рече Далиќ.
Во второто коло, за четири дена Хрватска ќе игра против Албанија.