Спорт
Ласицкене: ИОЦ лажат со загриженоста за безбедноста на руските спортисти

Олимписката шампионка во скок во височина, Марија Ласицкене го критикуваше претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах поради дволичноста во објаснувањето зошто руските и белоруските спортисти не смеат да се натпреваруваат на интернационалните натпреварувања.
Ласицкене ова лето му прати отворено писмо на Бах, кој тврдеше дека забраната за настапот на руските и белоруските спортисти е направена поради заштитата на спортистите од непријателските реакции на интернационалните натпреварувања.
„Дволичноста на Бах е во тоа што тој вели дека е опасно за Русите и Белорусите да се натпреваруваат, но гледаме како тенисерите и тенисерките патуваат низ целиот свет без проблеми. Затоа само нека каже: ‘Вие сте Руси, вие сте одговорни за тоа што се случува и затоа сте казнети’. Не ни кажувајте дека не смееме да се натпреваруваме поради нашата безбедност. Зошто така?“, вели 29-годишната Ласицкене.
Таа исто така ја отфрли можноста да го смени руското државјанство за да може да се натпреварува.
„Не, тоа нема смисла. Дури и да сакам да го направам тоа, ќе пропуштам три години поради таканаречениот ‘карантин’. Првата причина зошто не сакам да менувам државјанство е тоа што сум Русинка, сум била и ќе бидам. Имам татковина, родена сум тука и сакам да се натпреварувам за Русија“, објаснува Ласицкене.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лукаку: За една година сите заборавија што можам да направам на теренот

Напаѓачот Ромелу Лукаку даде опширно интервју за „DAZN“ во кое зборува за неговата тешка сезона во Челси и неговото враќање во Интер.
„Сезоната во Челси ми даде дополнителна мотивација да бидам уште подобар од порано. Мислам дека за една година сите заборавија на работите кои сум способен да ги направам на теренот. Тоа е еден вид на гнев што го имам во себе. Тимот исто така е максимално мотивиран, откако не успеа да ја освои титулата минатата сезона. Сите заедно се надеваме дека ќе бидеме многу подобри и дека ќе освоиме трофеи во новата сезона“, изјави Лукаку.
Интер во првото коло од новата сезона во Серија А му гостува на Лече.
Спорт
Кој ќе биде супер-шампион на Европа? Реал и Ајнтрахт на пресметка во Хелсинки

Носителот на трофејот во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, вечерва (21 часот) ќе се соочи со победникот во Лигата на Европа, Ајнтрахт Франкфурт, на Олимпискиот стадион во Хелсинки, во пресметката за Суперкупот на УЕФА. „Кралевите“ го совладаа Ливерпул на „Стад де Франс“ и по 14. пат се искачија на кровот на Европа, додека „орлите“ го победија Глазгов Ренџерс на пенали и го освоија вториот европски трофеј во клупската историја.
Реал и Ајнтрахт ќе се сретнат само вторпат. Првата и единствена досегашна пресметка меѓу двата тима беше во финалето на КЕШ во 1960 година, кога „кралевите“ победија со 7:3.
За Реал Мадрид ова ќе биде осми настап во меч за Суперкупот на УЕФА. Досега има четири победи и три порази на овие натпревари. Само Милан и Барселона имаат освоено повеќе вакви трофеи – по пет.
Ајнтрахт ќе дебитира во Суперкупот.
Реал Мадрид одигра само три пријателски натпревари, а тимот на Карло Анчелоти се уште се подготвува за новата сезона. Во првиот дуел „белите“ загубија со 0:1 од големиот ривал Барселона во Лас Вегас. Реал потоа ремизираше 2:2 со Клуб Америка, а на самиот крај на јули Карим Бензема и друштвото го победија Јувентус со 2:0.
Ајнтрахт Франкфурт веќе ја започна новата сезона во Бундеслигата, но првиот меч беше катастрофален – пораз од шампионот Баерн Минхен со 1:6 на домашен терен. Сепак, германскиот тим верува дека може да покаже поинакво лице против Реал Мадрид на вечерашниот супер-дуел во Хелсинки.
Спорт
Рома ја одби понудата на Тотенхем за Заниоло

Италијанскиот калчолигаш Рома ја одби понудата на Тотенхем за офанзивниот играч за врска, Николо Заниоло. Лондончани упатија понуда да го земат играчот на позајмица со задолжителна откупна клаузула за 20 милиони фунти.
Раководството на Рома смета дека тоа е потценувачка понуда, бидејќи очекуваат најмалку 50 милиони евра за 23-годишниот италијански репрезентативец.
Разговорите меѓу двата клуба продолжуваат, а Антонио Конте би сакал да го има Заниоло во тимот на Тотенхем оваа сезона.