Спорт
Латифи се извини, Хорнер му вети доживотна достава на Ред бул!
Канадскиот возач на Вилијамс, Николас Латифи, се извини велејќи дека немал намера да одигра толку голема улога во исходот на Ф1-шампионатот на последната трка од сезоната во Абу Даби, а од Ред бул му ветија доживотна достава на нивниот пијалак.
Латифи се судри во 52. круг од трката од 58 круга за да предизвика излегување на безбедносното возило, кое целосно ја смени ситуацијата во трката и му дозволи на Макс Ферстапен да го престигне Луис Хамилтон за победата и титулата, во исто време предизивкувајќи протест од Мерцедес.
„Не ми беше тоа намерата и можам само да се извинам што така влијаев на шампионатот. Се мачевме во неколку кривини, вклучувајќи ја таа на која излетав. Тоа беше опасна кривина цел викенд за мене и направив грешка. Не бев свесен за ситуацијата во трката и во ниту еден момент немав намера да влијаам на исходот, но направив грешка и ја уништив мојата трка“, изјави Латифи.
Шефот на Ферстапен, Кристијан Хорнер, по трката за „Скај спортс“ изјави дека ќе осигури Канаѓанецот да добие доживотна достава на Ред бул. 26-годишниот Латифи може да си дозволи многу повеќе од доживотно снабдување со Ред бул бидејќи е син на милијардерот Мајкл Латифи, сопственик на „Софина фудс“ и „Нидала“, компанијата што купи 200 милиони фунти од Групацијата Мекларен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Убедлив триумф на Јувентус во дуелот со актуелниот првак
Фудбалерите на Јувентус убедливо го победија шампионот на Италија, Наполи со 3:0 (1:0), во дерби натпреварот од 22-то коло на Серија А. Во центарот на вниманието беа тренерите Антонио Конте и Лучано Спалети, играа против своите поранешни клубови.
„Старата дама“, го искористи фактот дека Наполи пристигна ослабен и оствари убедлив триумф. Шампионот на Италија за прв пат оваа сезона прими три гола во еден натпревар од Серија А.
Канаѓанецот Џонатан Давид ја најави победата во 22-та минута по асистенцијата од Мануел Локатели.
Во вторите 45 минути, уште два пати беше совладан Алекс Мерет, кој бранеше наместо повредениот Вања Милинковиќ Савиќ.
Во финишот на натпреварот, Јувентус постигна два гола, Вториот е дело на Кенан Јилдиз по додавање на Фабио Мирети, кој штотуку влезе во играта. А потоа и најубавиот гол на натпреварот, фантастичен удар на Филип Костиќ за конечни 3:0.
Kostic finds the back of the net! Juventus with a powerful strike!#JUVNAP #SerieA #Footballpic.twitter.com/gKrHrXcwcl
— goalpostX (@GoalpostX) January 25, 2026
Наполи сега има девет поени помалку на табелата од лидерот Интер и се чини дека полека го губат чекорот во шампионската трка.
Foto/
Спорт
Исланд ја декласира Шведска на ЕП
Ракометарите на Исланд ја победија Шведска со 35:27 во второто коло од втората фаза на Европското првенство.
Исланѓаните, се рехабилитираа по поразот од Хрватска и им го нанесоа првиот пораз на турнирот на Швеѓаните. Во моментов во Групата 2, Исланд, Шведска и Словенија имаат по четири бода и се на врвот на табелата. Хрватска е четврта со два бода и натпревар помалку.
Исланд водеше во текот на целото прво полувреме. Швеѓаните се држеа до 9:7, но Исланѓаните потоа направија серија од 5:1 и стекнаа голема предност од шест гола.
На шполувреме Исланд водеше 18:12, но со одлична игра на почетокот од второто полувреме, Шведска се врати на само еден гол негатива во 42-та минута.
Исланд успеа да го одбие тој налет, со три последователни гола, стекна предност од четири гола (26:22). Во 52-та минута, Шведска губеше со 28:25, но потоа Исланд постигна пет последователни гола и се одвои на огромни +8.
Исланд до победата го предводеше брилијантниот Виго Кристјансон со 11 гола. Бјарки Мар Елисон додаде шест гола, а Один Тор Рикхардсон пет гола. Голманот Виктор Гисли Халгримсон одбрани 12 удари. Албин Лагергрен постигна пет гола за поразениот тим.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Голчиште на Доргу, па голчиште на Куња – Јунајтед во Лондон го победи Арсенал
Манчестер Јунајтед, под водство на Мајкл Керик, по Сити успеа да го победи и Арсенал. Во дербито, одиграно во Лондон, Јунајтед победи со 3:2 и се искачи на четвртото место на табелата. Арсенал, го забележа третиот пораз не само во Премиер лигата, туку во сите натпреварувања. По првиот пораз на домашен терен сезонава, Арсенал има четири поени повеќе од Сити и Астон Вила.
Арсенал доминираше во првите 30 минути и дојде до предност со авто-голот на Лисандро Мартинез. Играта на лидерот се распадна во 37.минута, кога Зубименди буквално му ја подари топката на Мбумо, а Камерунецот погоди за 1:1.
Вториот дел најпрвин го обележа Микел Артета. Менаџерот на Арсенал, во 58-та минута изврши четири измени, откако седум минути претходно Патрик Доргу со евро-гол го комплетираше пресвртот на Јунајтед.
Арсенал изедначи во 84-та минута, по голема мешаница пред глот на Ламенс, Мерино ја пикна топката во голот.
Целосен шок на „Емирати“ следуваше две минути подоцна кога Матеус Куња, хируршки прецизно биеше од 23 метри и го постави конечниот резултат.
Foto/ EPA

