Спорт
Лацио сака да го врати Маурицио Сари

Лацио e еден од клубовите во Серија А кој ќе влезе во новата сезона со нов тренер. Јасно е дека по шокантниот пораз од Лече, во последното коло, тренерот Барони си го потпиша отказното решение.
Лацио во финишот на сезона одигра лошо, а поразот од Лече го остави без настап во европските купови.
Новинарот, Џанлука ди Марцио, објави дека Маурицио Сари добил понуда да се врати на „Олимпико“.
Искусниот тренер нема работа откако го напушти Лацио каде што помина три години и каде што имаше одлични резултати, иако не успеа да освои трофеј.
Новата понуда важи две години.
Според новиот договор, тој би имал 2,8 милиони евра годишно, а од него зависи дали ќе се врати на клупата на „небесносините“.
Освен него, како можни тренери се споменуваат и Серж Консеисао и Мирослав Клозе.
Да потсетиме дека Сари го напушти Лацио од лични причини, а веќе една година е невработен и би можел да се врати на клупата на овој тим доколку го прифати договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Риека ја освои двојната круна и му донесе на Динамо 20 милиони евра

Илија Несторовски го одигра целиот натпревар за Славен, додека Јован Манев мечот го гледаше од клупата за резерви кај Риека.
Динамо Загреб исто така се радуваше на овој исход. Победата на Риека им овозможи на „модрите“ директен пласман во Лига Европа. Динамо има најдобар клупски коефициент од сите квалификанти.
Доколку Славен го освоеше хрватскиот Куп, „сините“ ќе се префрлеа во Конференциската лига, и тоа од втората квалификациска рунда.
Индиректно, со освојувањето на Купот, Риека му обезбеди на Динамо проектирана добивка од околу 20 милиони евра.
Спорт
Тотенхем го „мерка“ Лирој Сане

Освојувањето на Лига Европа му обезбеди на Тотенхем место во Лигата на шампионите, сега тимот треба да се засили за следната сезона.
Прв на листата на желби е Лерој Сане, 29-годишниот крилен напаѓач на Баерн чиј договор со Баварците истекува во јуни.
Германскиот репрезентативец би можел да дојде во англискиот клуб без обештетување. Досега преговорите со Баерн не беа успешни.
Несогласувањето се случи бидејќи двете страни во преговорите имаат различни позиции кога станува збор за годишната плата, односно колку е фиксниот дел и колку би добивал во бонуси.
Сане ја започна својата кариера во Шалке, а во летото 2016 година се пресели во Манчестер сити. По четири сезони во Англија, се врати во Германија и во јули 2020 година потпиша за Баерн, кој плати обештетување од 49 милиони евра за него.
Оваа сезона, тој постигна 13 гола и шест асистенции во сите натпреварувања. Според „Трансфермаркт“, Сане вреди 38 милиони евра.
Спорт
Ди Марија по 20 години се врати во Росарио

Трофејниот аргентински фудбалер Анхел Ди Марија се врати во Аргентина, поточно во својот роден град и клубот каде што ја започна својата кариера.
Станува збор за тимот на Росарио Централ, за кој дебитираше во 2005 година и играше до 2007 година, кога замина во Бенфика.
Во тимот од Лисабон ги помина претходните две сезони, а сега, како 37-годишник, дојде да му помогне на клубот каде што ги направи своите први фудбалски чекори.
Ди Марија има брилијантна кариера, играше за Реал, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Јувентус, а беше и светски шампион со Аргентина.
Сè уште не е време да замине во пензија, го чекаат нови предизвици во клуб кој моментално добро стои во аргентинската лига, моментално е на водечката позиција во Зона Б, пред Риверо и Индепендиенте.