Спорт
Лаутаро под негови услови сака нов договор со Интер
Евентуланото заминување на Килијан Мбапе од ПСЖ ќе предизвика уште неколку други трансфер кога се во прашање напаѓачите. Поради тоа лелниците на Интер му понудиле на Лаутаро Мартинез продолжување на договорот до 2028 година, пренесува „Газета дело Спорт“.
Според новиот договор аргентинскиот фудбалски репрезентативец би заработувал осум милиони евра по сезона. Проблем е што Мартинез сака повеќе пари.
Италијанските медиуми потсетуваат дека Мартинез со недели преговара со раководството на Интер. Сепак, договор се уште не е постигнат, бидејќи капитенот на Интер бара плата од 10 милиони евра по сезона.
Аргентинскиот фудбалер во клубот од Милано заработува 6,5 милиони евра годишно.
„Газета дело спорт“ наведува дека следната средба меѓу челниците на Интер и менаџерот на аргентинскиот фудбалер би можела да се одржи во март во Мадрид.
На 13 март, Интер ќе му гостува на Атлетико во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а седиштето на управната агенција што го претставува Мартинез се наоѓа во Мадрид.
Аргентинецот пристигна во Интер во 2018 година од Расинг. За Интер одигра 267 натпревари и постигна 124 гола.
Мартинез (26) има договор со Интер до 30 јуни 2026 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Херојска борба во Хернинг – Македонија ремизираше со Португалија
Македонија одигра нерешено со Португалија 29:29 (13:15), во второто коло на Европското првенство во ракомет.
Македонија, предводена од капитенот Филип Кузмановски, ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Покрај капитенот, херој е и голманот Томовски кој одбрани два зицери во 20 секунди, кога Португалците напаѓаа за победа.
Жестока борба водеа Македонија и Португалија во текот на целиот натпревар, во арената во Хернинг.
Водеше Македонија на стартот со 4:2, Португалија се врати во мечот и се до финишот на полувремето се играше реиси гол за гол.
Финишот на првиот и почетните четири минути од второот полувреме беа лоши за Македонија. Во тој период Португалците постигнаа пет гола.
До крајот на мечот Македонија ја бркаше предноста на ривалот, а на четири минути до крајот резултатот беше 26:26. Во реостанатото време двата тима постигнаа по три гола, штета што избраниците на Кире Лазаров не добија шанса да имаат напад за победа.
Кузмановски го предводеше македонскиот тим со 15 голови, на споритвнат страна се истакна Кико Кошта со 11.
Во последното коло, во вторник, Македонија ќе игра против Романија, а Португалија против Данска.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Виола излезе од кризата – Фиорентина победи во Болоња
Фудбалерите на Фиорентина победија во Болоња со 2:1 како гости во 21-то коло од Серија А. Ова играчите му ја посветија на Роко Комисо. Претседателот на Фиорентина почина вчера на 76-годишна возраст.
За потсетување, тимот од Тоскана не победи во ниту еден натпревар во првенството до 21 декември, беше закован за дното, но оттогаш е во голем налет.
Триумфот на стадионот „Ренато Далара“ беше трет во последните 27 дена и прв на гостински терен оваа сезона.
Во Фиренца дефинитивно сега дишат полесно, но се свесни и дека вистинската работа допрва доаѓа.
Стрелци за тимот на Паоло Ваноли беа Роландо Мандрагора и Роберто Пиколи, кои во првото полувреме, кое беше одлично за гостите, а катастрофално за Болоња, му донесоа на својот тим капитална предност против тим кој се стреми кон европски позиции.
Колку тренерот на домашниот тим, Винченцо Италијано, беше незадоволен од играта на својот тим во првите 45 минути, најдобро покажува неговиот потег да направи четири замени веќе на полувремето.
Ги остави во соблекувалната напаѓачите Холм, Орсолини, Фројлер и Одгард, а наместо нив ги внесе Зорте, Роу, Моро и Фабијан.
И токму еден од резервните играчи, Фабијан, внесе неизвесност во натпреварот кон крајот, со голот ва 88-та минута, но Болоња не успеа да се спаси од пораз.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул го сака Камавинга?
Ливерпул наводно сериозно ја разгледува опцијата за трансфер на играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, тврди „Фихајес“.
Англичаните веруваат дека Камавинга е совршено решение за тимот на Арне Слот и се надеваат дека ќе го искористат моменталниот хаос во Мадрид за да го убедат да се пресели во Премиер лигата.
„По заминувањето на Чаби Алонсо од клупата на Реал Мадрид, внатрешната ситуација во клубот се движи во неочекуван правец и ја отвори вратата за реконструкција на тимот. Едуардо Камавинга, 22-годишен француски играч за врска, сега се етаблираше како играч кого сакаат да го видат на „Енфилд.
Со амин на Арне Слот, англискиот клуб се стреми да ја искористи моменталната „клима“ во Реал Мадрид и да испрати официјална понуда. Интересот, опишан од стручњаците на британскиот пазар како реален и долгорочен, укажува на договор што би ги надминал вообичаените суми што ги плаќа клубот од Мерсисајд за трансфери“, тврди „Фихајес“.
Foto/ depositphotos

