Спорт
Лазаров: На СП го допревме дното, со добра стратегија сега треба да почнеме да напредуваме

Ракометната легенда, еден од најдобрите десни бекови во историјата на овој спорт, Кирил Лазаров, во опширно интервју за подкастот на ракометниот сојуз на Хрватска, говори на многу теми.
Лазаров со Македонија се наоѓа во Египет на СП. Десниот бек седми пат во кариерата е учесник на еден Мундијал. На 27.Светско првенство, Македонија потфрли со играта и резултатите.
Во досегашниот тек од првенството Лазаров и екипата забележаа победа само над Чиле, а доживеа порази од Шведска, Егпипет, Словенија и Русија.
„ Знам дека цела Македонија тагува од нашите убедливи порази. Верувајте ниту мене не ми е лесно. Кај нас е смена на генерациите, но и покрај тоа мораме да се бориме до крај. Можеби ова СП е добро за нас, го допревме дното и имаме шанса со добра стратегија да почнеме да напредуваме“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јокиќ со 41 поен им пресуди на Портланд, Дончиќ за 15 секунди го урна Бостон

Балканците, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, повторно се тема во американската јавност. Изминатата ноќ, Јокиќ постигна 41, а Дончиќ 31 поен.
Далас Маверикс против Бостон Селтикс, имаа 11 поени предност во последните три минути, не успеаја да ги сочуваат, Селтикс го презедоа водството и во тие моменти на сцена стапи Дончиќ. Словенецот за 15 секунди постигна две тројки за конечен триумф на Далас од 110:107.
Лидерот на Маверикс натпреварот го заврши со 31 поен, 10 скока и осум асистенции.
Денвер Нагетс славеа во дуелот со Портланд 111:106.
Јокиќ натпреварот го заврши со 41 поен, по пет скока и асистенции и една украдена топка. Ова е петтиот натпревар од почетокот на сезоната на кој Јокиќ постигнува 40 или повеќе поени.
Спорт
Јанг и Букер извисија за Ол-стар натпреварот

Тренерите на Истокот и Западот ги избраа резервите за Ол-стар натпреварот, кој на програмата е на 8 март, во Атланта.
Американците потенцираат дека меѓу резервите ги нема Тре Јанг од Атланта и Девин Букер од Финикс, играчи кои со она што го покажуваат од почетокот на сезоната, заслужија да играат на натпреварот на сите ѕвезди.
Јанг има просек од 26,9 поени, 9,5 асистенции и 3,9 скока, а Букер просечно бележи 24,7 поени, 4,3 асистенции и 3,8 скока по натпревар.
Тренерите Квин Снајдер и Док Риверс ги избраа овие играчи:
Запад: Крис Пол, Пол Џорџ, Демијан Лилард, Донован Мичел, Руди Гобер, Зајон Вилијамсон и Ентони Дејвис.
Исток: Џејмс Харден, Џулиус Рендл, Џејсон Тејтум, Џејлен Браун, Зек Лавин, Бен Симнс и Никола Вучевиќ.
Претходно, со гласовите на навивачите беа избрани стартните петорки:
Запад: Леброн Џејмс, Стеф Кари, Лука Дончиќ, Каваи Ленард, Никола Јокиќ
Исток: Кајр Ирвинг, Бредли Бил, Кевин Дурент, Јанис Адетокумбо, Џоел Ембид.
Спорт
Нов рекорд на Баерн во Лигата на шампионите

Баерн Минхен, со убедливата победа над Лацио во Рим, зачекори во четврт-финалето, во Лигата на шампионите. Европските шампиони победија со 4:1 и поставија нов рекорд во елитното натпреварување.
Натпреварот во Рим беше 17. гостување на Баварците во Лигата на шампионите на кое не доживеале пораз.
Последен пат во гости се поразени во 2017 година.
На вечната листа зад Баерн се Манчестер јунајтед и нивната серија од 16 мечеви без пораз, во периодот од 2007 до 2010 година.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер