Контакт

Спорт

ЛЕ: Арсенал и Рома со пресврт-победи, Наполи дома загуби од „десеткуваниот“ Алкмар

Објавено пред

Арсенал и Рома со пресврт во второто полувреме успеаја да стигнат до победи во првото коло од Лига Европа, додека Наполи немаше толку среќа и дома загуби од холандскиот АЗ Алкмар, тим кој имаше 9 фудбалери во аут со корона вирусот.

Во Виена, Рапид имаше 1:0 водство против Арсенал до 70-тата минута, кога во четири минути „топчиите“ обезбедија победа преку Давид Луиз и капитенот Пјер-Емерик Обамејанг.

Слично беше и во Швајцарија, каде што Јанг Бојс имаа 1:0 водство против Рома со гол од пенал од 14-тата минута. Бруно Переш израмни во 69. минута, пред албанскиот репрезентативец Мареш Кумбула да обезбеди победа во 74. минута.

На „Сан Паоло“, Наполи успеа да загуби од холандскиот АЗ Алкмар со 0:1 со голот на Дани де Вит во 57. минута. Најефикасно беше во Леверкузен, каде што Баер со 6:2 ја „растури“ Ница на Патрик Виеира.

ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО

ГРУПА А

ЦСКА Софија – ЦФР Клуж 0:2

Јанг Бојс – Рома 1:2

ГРУПА Б

Дандалк – Молде 1:2

Рапид Виена – Арсенал 1:2

ГРУПА Ц

Баер Леверкузен – Ница 6:2

Хапоел Бер Шева – Славија Прага 3:1

ГРУПА Д

Лех Познањ – Бенфика 2:4

Стандард Лиеж – Ренџерс 0:2

ГРУПА Е

ПАОК – Омонија 1:1

ПСВ Ајндховен – Гранада 1:2

ГРУПА Ф

Наполи – АЗ Алкмар 0:1

Риека – Реал Сосиедад 0:1

РАПИД ВИЕНА – АРСЕНАЛ

ЈАНГ БОЈС – РОМА

НАПОЛИ – АЛКМАР

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – НИЦА


РИЕКА – РЕАЛ СОСИЕДАД

ПСВ АЈНДХОВЕН – ГРАНАДА

ЛИЕЖ – РЕНЏЕРС

ЛЕХ – БЕНФИКА

ПАОК – ОМОНИЈА

ЦСКА СОФИЈА – ЦФР КЛУЖ

ДАНДАЛК – МОЛДЕ

Спорт

Кралско разочарување – Алавес го победи Реал во Мадрид

Објавено пред

Фудбалерите на Реал Мадрид, доживеаја пораз на домашен терен од Алавес (1:2), во 11.коло.

Како многу пати оваа сезона Реал одигра катастрофално прво полувреме, во кое му дозволи на ривалот рано водство. Лукас Перез, во петтата минута, погоди од белата точка. На пеналот му претходеше играњето со рака, од страна на Начо, пред својот гол.

До крајот на полувремето, Тибо Куртоа, со брилијанта интервенција го спречи Лукас Перез да го постигне вториот гол.

Вториот дел донесе нов „студен туш“ за Реал. Куртоа лошо исфрли една топка, Хоселу внимателно ја следеше акцијата, а откако ја пресече топката лесно ја испрати во празниот гол.

Во 62 минута, Куртоа повторно го спречи Перез да постигне гол во ситуација кога напаѓачот на Алавес беше сам пред него. Неколку минути подоцна Перез му приготви шанса на Хоселу, а неговиот удар заврши крај дирекот.

Најблиску до постигнување на гол фудбалерите на Реал беа во 92.минута, кога топката по ударот со глава на Маријано Дијаз, од гол линијата во поле ја исфрли Лагвардија.

Трошка надеж за Реал беше голот на Касемиро во 86.минута. Бразилецот најдобро се снајде по една мешаница пред голот на Пачеко.

Веќе во наредната минута Куртоа спречи гол по обидот на Борха Саинз.

Последната шанса за израмнување Реал ја имаше в 96.минута, но ударот на Иско заврши во горниот дел од гредата.

Реал го доживеа вториот пораз на домашен терен во Ла Лига, вкупно трет во првенството. Со 17 поени, Реал се на четвртото место на табелата. Од друга страна Алавес ја забележа третата победа сезонава и со 13 поени се на деветтото место.



Прикажи повеќе...

Спорт

Инзаги: Да бевме попаметни ќе го победевме Јувентус

Објавено пред

Тренерот на Беневенто, Филипо Инзаги, ги исповалил своите фудбалери по ремито со актуелниот шампион Јувентус (1:1) во деветото коло, во Серија А.

„Пред неколку месеци игравме по кал, на терените во Серија Б. А сега останавме непоразени во дуелот со Јувентус. Малку да бевме попаметни ќе победевме“, рекол Инзаги кој како играч го носел дресот на Јувентус.

„Момците заслужија да уживаат. Во изминатите 18 месеци завршија одлична работа. Јувентус е еден од најдобрите тимови во Европа. Горд сум на моите играчи“.

Беневенто, дебитант во Серија А, во првите девет кола има освоено 10 бода и се наоѓа на делба на 12 позиција во првенството.

Прикажи повеќе...

Спорт

Нова повреда на Азар

Објавено пред

Еден Азар, за чии трансфер Реал Мадрид издвоија 100.000.000 евра, доживеа нова повреда.

Белгиецот го започна натпреварот со Алавес во 11.коло, во Ла Лига, но го напушти теренот пред истекот на првото полувреме. Азар се пожали на болки во ногата по половина час игра, а теренот го напушти во 37.минута.

Азар, поради повредите, го пропушти целиот втор дел од минатата сезона, а од почетокот на оваа одигра само пет натпревари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет10 часа

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија10 часа

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија11 час

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион12 часа

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа13 часа

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Регион14 часа

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија15 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Спорт17 часа

ФИБА го одложи натпреварот Македонија-Италија

Македонската кошаркарска репрезентација нема да го одигра првиот натпревар, во „балонот“ во Талин, против Италија. Дуелот кој требаше да започне...

Европа18 часа

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните...

Македонија20 часа

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички...

Свет21 час

Во Хонгконг запленети дијаманти со вредност од 700.000 евра

Царината во Хонгконг заплени повеќе од 160 дијаманти во вредност од околу 700.000 евра. Дијамантите се запленети од камион на...

Свет22 часа

Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте се опoравиле од Ковид-19

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советуваше Американците кои веќе имале коронавирус, или претпоставуваат дека го имале,...

Македонија22 часа

Охридскиот градоначалник со осуда за оштетувањето на споменикот во чест на загинатите бугарски туристи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати јавна осуда поради оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги...

Свет1 ден

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија2 дена

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија2 дена

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија2 дена

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Досие