Контакт

Спорт

ЛЕ: Наполи со клучен триумф во Полска, реми за Вест хем во 1 000. меч на Мојс

Објавено пред

Наполи си ги зголеми шансите за пласман во нокаут фазата во Лига Европа, откако стигнаа до клучна 4:1 победа на гости кај Легија Варшава во меч во кој Елиф Елмас беше стартер, додека гостите добија два пенала за пресвртот.

Вест хем пак, во 1.000-тиот меч на Дејвид Мојс како менаџер, одиграа интересно 2:2 реми на гостиу кај за заддржување на првото место во нивната група.

Во прекрасна атмосфера на стадионот на Полската војска во Варшава, Махир Емрели ги донесе Легија во водство во 10. минута, и оваа предност ја имаа до 51. минута кога беше досуден првиот пенал за Наполи. Полјакот Пјотр Зиелински ја замолчи сопствената публика за израмнување, пред во 75. минута да биде досуден уште еден пенал, кој Дрис Мертенс сигурно го реализираше. Само четири минути подоцна Чаки Лозано ја обезбеди победата на Наполи, пред замената Адам Унас во 90. минута да стави точка на натпреварот.

И во Белгија, домаќините Гент дојдоа до рано водство, уште во петтата минута, но Саид Бенрама во 59. и 82. минута го инспирираше камбекот на „чеканите“. Сепак, во 88. минута, Томаш Соучек си постигна автогол за конечни 2:2.

Во другите поинтересни мечеви, Јенс Хауге со гол во 92. минута им донесе на Ајнтрахт Франкфурт важна победа кај Олимпијакос, додека Лион ја забележа и четвртата победа во четири меча, овој пат со 3:0 против Спарта Прага.

ЛИГА ЕВРОПА, 4.КОЛО

ГРУПА А

Брондби – Ренџерс 1:1

Лион – Спарта Прага 3:0

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-10908-37725”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Б

Монако – ПСВ Ајндховен 0:0

Реал Сосиедад – Штурм Грац 1:1

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-10911-37725”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ц

Легија Варшава – Наполи 1:4

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-10912-37725”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Д

Олимпијакос – Ајнтрахт Франкфурт 1:2

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-10913-37725”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Е

Галатасарај – Локомотив Москва 1:1

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-10914-37725”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Х

Генк – Вест хем 2:2

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-10917-37725”));

Standings provided by SofaScore LiveScore


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Челси е клубот на годината на „Франс фудбал“

Објавено пред

Европскиот шампион Челси е прогласен за „клуб на годината“, во новата награда која ја доделува „Франс фудбал“, организаторите на „Златната топка“, откако „сините“ од Лондон минатата сезона стигнаа до својата втора титула од Лигата на шампионите.

Под водство на германскиот тренер Томас Тухел, кој пристигна во Лондон на половина сезона, Челси не само што успеаја да бидат во топ 4 во англиската Премиерлига, туку и во англиското финале во Лигата на шампионите ги совладаа своите ривали Манчестер сити, а во моментов се на првото место во својата лига.

Челси до наградата доаѓа пред аргентинската репрезентација, која ја освои Копа Америка изминатото лето, како и италијанската репрезентација, која триумфираше на ЕУРО 2020.

Прикажи повеќе...

Спорт

Седумка! Лео Меси со нова „Златна топка“ во неверојатната кариера

Објавено пред

Без големи изненадувања, Лионел Меси вечерва во „Театарот Шателе“ во Париз ја доби својата рекордна седма „Златна топка“ за најдобар фудбалер на светот, одбележувајќи уште една фудбалска година во која честопати беше на насловните страници.

И покрај лошата сезона со Барселона, која на крајот резултираше со драматично заминување од неговиот клуб од детството и трансфер во Пари Сен-Жермен, Меси беше најдобар стрелец минатата сезона во шпанската Ла лига, а летото му беше крунисано со најголемото остварување со аргентинската репрезентацијата, победата на Копа Америка над лутиот ривал Бразил за прво репрезентативно злато во кариерата.

Во изборот на „Франс фудбал“, Меси го победи својот најголем ривал за титулата, Роберт Левандовски, кој ја доби пак наградата за „напаѓач на годината“, додека трет беше италијанскиот ас на Челси, Жоржињо.

„Денеска сум тука во Париз и навистина сум многу среќен. Сакам да продолжам да се борам и да стигнам до нови цели. Не знам уште колку години имам пред себе, но уживам во моментов. Благодарност до моите колеги во Барса, Париз и Аргентина“, изјави Меси.

Мала контроверза на денот на прогласувањето на победникот предизвика реакцијата на Кристијано Роналдо преку социјалните мрежи во која го обвини претседателот на „Франс фудбал“ за лажење, а по конечниот пласман, тој првпат беше на 6. позиција на конечниот пласман.

Покрај оваа титула, Меси победуваше во изборот на „Франс фудбал“ и во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година. Со седум „Балон д’ор“ тој станува убедлив рекордер пред вечниот ривал, Португалецот Кристијано Роналдо, кој пет пати беше прогласуван за најдобар (2008, 2013, 2014, 2016, 2017). По трипати оваа награда била во рацете на Французинот Мишел Платини (1983, 1984, 1985) и Холанѓаните Јохан Кројф (1971, 1973, 1974) и Марко ван Бастен (1988, 1989, 1992).

ЗЛАТНА ТОПКА, КОНЕЧЕН ПЛАСМАН, ТОП 10

1.Лионел Меси (Барселона/ПСЖ, Аргентина)

2.Роберт Левандовски (Баерн Минхен/Полска)

3.Жоржињо (Челси, Италија)

4.Карим Бензема (Реал Мадрид, Франција)

5.Н’Голо Канте (Челси, Франција)

6.Кристијано Роналдо (Јувентус/Манчестер јунајтед, Португалија)

7.Мохамед Салах (Ливерпул, Египет)

8.Кевин де Брујне (Манчестер сити, Белгија)

9.Килијан Мбапе (ПСЖ, Франција)

10.Џанлуиџи Донарума (Милан/ПСЖ, Италија)

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Прикажи повеќе...

Спорт

„Лав Јашин“ за Џиџио Донарума, најдобриот голман на светот

Објавено пред

Голманот на италијанската репрезентација и на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума е добитник на наградата „Лав Јашин“ како најдобар голман во изминатата сезона, откако со италијанската репрезентација стигна до титулата од Европското првенство, а помогна и неговиот претходен клуб, Милан да се врати во Лигата на шампионите.

Во изборот на „Франс фудбал“, Донарума ги победи голманот на Челси и на Сенегал, Едуар Менди, додека трет беше словенечкиот чувар на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Ова е второ доделување на оваа награда, откако во 2019 година тој отиде во рацете на бразилскиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија5 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија5 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија9 часа

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија10 часа

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија10 часа

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа11 час

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија12 часа

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа13 часа

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет14 часа

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија1 ден

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет1 ден

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија2 дена

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија2 дена

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет2 дена

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија2 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија2 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија2 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија2 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија3 дена

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Досие