Спорт
ЛЕ: Шкупи се враќа од Ирска со негатива од два гола
Македонскиот шампион, Шкупи доживеа 3:1 пораз на гостувањето кај ирскиот Шамрок Роверс во квалификациите за Лига Европа, откако примија гол во последните минути од мечот.
Мечот не започна најдобро за тимот на Гоце Седлоски, откако домаќините стигнаа до предност уште во 12. минута со голот на Греем Бурк од пенал, за по половина час игра водството да биде удвоено преку Дилан Вотс.
Сепак, надеж за реваншот донесе Бразилецот Кевен во 77. минута, со фантастичен гол од далечина, по што Шкупи мораше да се бори да го оддржи резултатот по црвениот картон кој го доби Валид Хамиди во 84. минута од мечот. Казната стигна во 97. минута, кога Гери О’Нил даде гол за 3:1 водство на ирскиот клуб
ЛИГА ЕВРОПА, КВАЛИФИКАЦИИ, 1.МЕЧ
Шамрок Роверс (Ирс) – Шкупи (МКД) 3:1
АЕК Ларнака (Кип) – Партизан (Срб) 2:1
Фенербахче (Тур) – Словачко (Чеш) 3:0
Малме (Шве) – Дуделанж (Лук) 3:0
Марибор (Сло) – ХЈК Хелсинки (Фин) 0:2
Линфилд (СИр) – Цирих (Шва) 0:2
Олимпијакос (Грц) – Слован Братислава (Свк) 1:1
Голот на Кевен можете да го погледнете тука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Минамино ја заврши сезоната, веројатно го пропушта Светското првенство
Играчот од средниот ред на Монако и јапонската репрезентација, Такуми Минамино (30), сериозно го повреди коленото, во неделата, на натпреварот од Купот на Франција против Оксер и веројатно ќе го пропушти Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада.
Минамино претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и го чека операција.
„За време на натпреварот против Оксер, нашиот играч од средниот ред Минамино го повреди левото колено. Лекарските прегледи покажаа руптура на предните вкрстени лигаменти“, објави клубот од Кнежевството.
Јапонецот е во Монако од јули 2022 година и досега постигна 23 гола на 120 натпревари. Тој одигра 73 натпревари и постигна 26 гола во дресот на Јапонија.
На Светското првенство, Јапонија ќе игра во групата Ф заедно со Холандија, Тунис и една екипа од квартетот Украина, Шведска, Полска и Албанија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Филкруг пристигна во Милано, утре ќе потпише договор со Милан
Напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, вечерва слета во Милано. За утре се закажани медицинските тестови, доколку успешно ги мине ќе стане член на Милан.
Напаѓачот на Вест Хем, Филкруг, треба да му се придружи на Милан како позајмен играч со опција за откуп од Вест Хем.
Во среда, на Бадник според новиот календар, Филкруг ќе тренира под водство на Масимилијано Алегри за прв пат и ќе биде достапен за првиот натпревар во 2026 година против Каљари, благодарение на специјалното одобрение од Фудбалскиот сојуз на Италија.
Некои медиуми од Апенините пишуваат дека, по завршувањето на сезоната Милан ќе може да го откупи договорот на Германецот за сума од 11 до 13 милиони евра.
Филкруг не беше во преден план оваа сезона во Вест Хем оваа сезона, одигра само 413 минути во девет настапи. Германскиот напаѓач сè уште нема постигнато гол во натпреварувачката сезона 2025/26.
Foto/ depositphotos
Спорт
Вашингтон со 48 поени го затрупа кошот на Крка
Кошаркарите на Партизан, во Љубљана ја победија Крка со 99:92, во АБА лигтата. Натпреварот го обележа Двејн Вашингтон со 48 поени.
Американецот, спречи уште еден кикс на Партизан, постигна половина од поените на својот тим. Партизан е втор во својата група со осум победи и еден пораз.
Вашингтот мечот го заврши со 48 поени, постигна 10 тројки од 14 обиди и го урна рекордот на Дерон Расел, кој во дресот на Морнар, во октомври 2022 година против Задар постигна 47 поени.
Со 10 постигнати тројки, Вашингтон на првото место, на вечната листа се изедначи соТему Ранико и Јосип Сесар.
Foto/ Krka, Drago Perko

