Спорт
Леброн Џејмс незапирлив против „елените“, Лејкерси по 7 години се во плеј-оф
Леброн Џејмс со 37 поени, 8 скока и 7 асистенции синоќа придонесе во победата на Лејкерси против Милвоки Бакс 113-103.
„Кралот“ со тоа стана третиот кошаркар во историјата на НБА лигата што ја мина границата од 34.000 поени. Пред него се Карим Абдул Џабар со 38.387 поени и Карл Мелоун со 36.928 поени.
Нема веќе екипи во НБА со едноцифрен број на порази, а за тоа се погрижи Кралот Џејмс и неговите соиграчи од Лос Анџелес лејкерс со победа од 113:103 против Милвоки бакс.
Поддршка Џејмс во триумфот против „елените“ имаше од Ентони Дејвис (веѓата) кој постигна 30 поени и имаше 9 скока.
Лејкерси со синоќешната победа обезбедија настап во плеј-офот, првпат по 2013 година.
Ноќешни резултати: Лос Анџелес Лејкерс – Милвоки Бакс 113:103, Вашингтон Визардс – Атланта Хоукс 118:112, Бруклин Нетс – Сан Антонио Спарс 139:120, Њујорк Никс – Оклахома Сити Тандер 103:126, Бостон Селтикс – Јута Џез 94:99, Чикаго Булс – Индијана Пејсерс 102:108, Минесота Тимбервулфс – Орландо Меџик 118:132, Њу Орлеанс Пеликанс – Мајами Хит 110:104, Далас Маверикс – Мемфис Гризлис 121:94, Феникс Санс – Портланд Трејлблејзерс 127:117.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

