Спорт
Леброн го помина Мелоун, Лејкерси загубија во Вашингтон

Ниту историската вечер за Леброн Џејмс не помогна Лос Анџелес лејкерс да стигнат до победа, „паѓајќи“ со 127:119 на гостувањето кај Вашингтон визардс, нивни 13-ти пораз во последните 17 мечеви.
Џејмс постигна 38 поени, 10 скока и 6 асистенции за да го помина Карл Мелоун на листата на најдобри стрелци во историјата на НБА лигата. „Кралот“ има 36.939 поени, поминувајќи го легендарниот „Поштар“ Мелоун (36.928) и сега пред него на вечната листа е само Карим-Абдул Џабар со 38.387 поени.
„Само тоа што сум дел од оваа лига толку многу години стигнав до најголемите кои го играле овој спорт и кои ми биле инспирација. Немам зборови. Тоа е чест за мене, за мојот роден град и за моето семејство и пријатели кои ми помогнаа на овој пат“, изјави 37-годишниот Џејмс.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Минесота – Милвоки 138:119
Кливленд – Детроит 113:109
Шарлот – Далас 129:108
Вашингтон – Л.А: лејкерс 127:119
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Австралиски „чатали“! Кирјос го одби предизвикот на Томич за боксерски меч

Бернард Томич сака да го среди своето несогласување со Ник Кирјос еднаш засекогаш, предизвикувајќи го тенискиот ривал на боксерски меч вреден 2 милиони долари.
По „закачките“ на социјалните мрежи Томич прво го предизвика Кирјос на тениски меч, но откако овој го одби тоа, сега предизвикот е за боксерски ринг.
„Мака ми е од овие зборови. Буквално го исеков овој кловн кога игравме, и сега е време повторно да го исечам. Мора да се разбуди. Единствено е број 1 по големината на устата. Знам дека не сака да игра тенис бидејќи е исплашен, па нека стави ракавици и да го решиме ова како мажи“, вели 29-годишниот Томич, посочувајќи дека облогот би бил на 1 милион долари.
Кирјос во моментов е 76. на АТП листата, додека Томич е далеку зад него на 418. место. И покрај ова Кирјос го одби предизвикот.
„Јас сум уште на турнејата, брату! Имам поголеми риби за фаќање. Ако сакаш да играш со мене и да исправиш нешто, врати се на врвот на тенисот. Јас сум таму“, одговори Кирјос.
Спорт
Леао: Во Милан велат дека сум ‘недопирлив’, не размислувам за Реал

Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао вели дека му ласка што го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид, но објаснува дека уште помило му е што во Милан сметаат дека е „недопирлив“ и сака успеси со италијанскиот клуб.
22-годишниот Леао имаше 11 гола за да помогне „росонерите“ да стигнат до првата титула по 11 години и е дел од младиот тим кој го состави Милан со помош на спортскиот директор Паоло Малдини.
„Јас сум во Милан, имам уште две години од договорот и се чувстувам како дома таму. Среќен сум што слушнав дека Милан велат дека сум ‘недопирлив’. Шпекулациите за Реал ме прават среќен, но останувам цврсто на земја и среќен сум што работам со искусни фубалери во Милан“, вели Леао.
Леао пристигна во Милан од Спортинг Лисабон во 2018 година како тинејџер, и му беше потребно време да го покаже најдоброто, што го направи оваа сезона.
Спорт
Ѓоковиќ за помалку доби исклучување, Бегу помина со 10.000 долари

Романската тенисерка Ирина-Камелија Бегу помина само со казна од 10.000 долари на Ролан Гарос, откако во бес го фрли рекетот, кој отскокна и удри дете на трибините. За потсетување, кога Новак Ѓоковиќ со топче ја погоди линиската судијка на САД опен, правилно беше исклучен од турнирот.
Светската тенисерка број 63., Бегу, губеше со брејк од 30. носителка, Русинката Екатерина Александрова, кога во бес го фрли рекетот, кој удри едно дете во лице. Мечот беше суспендиран неколку минути, по што беше дозволено мечот да продолжи и Бегу стигна до 6:7(3)/6:3/6:4 побеа и доби казна од 10.000 долари.
Александрова не беше среќна.
„Разочарувачки да се замине од Ролан Гарос на ваков начин, но правилата беа против мене. Се надевам дека по овој меч ќе бидат сменети правилата. Секој е одговорен за својот рекет“, вели Александрова на Инстаграм.
Lucky not to have been 𝗱𝗲𝗳𝗮𝘂𝗹𝘁𝗲𝗱 😲
Watch the moment as Irina-Camelia Begu throws her racquet into the crowd which caused a child in the crowd to cry 🫣#RolandGarros | #RG22 pic.twitter.com/hc7jAhy1Ba
— Eurosport (@eurosport) May 26, 2022