Спорт
Леброн нема да игра на ОИ, Кари се сомнева дека ќе игра во Лос Анџелес
Четирикратниот најкорисен играч (MВП) на американската професионална кошаркарска лига (НБА) и репрезентативец на Соединетите Американски Држави (САД) Леброн Џејмс објави дека нема да игра на следните Олимписки игри во Лос Анџелес.
„Веќе го знаете мојот одговор. Ќе ги гледам“, рече 40-годишниот Џејмс во подкастот „Mind the Game“, објави „ESPN“.
Џејмс освои златни медали со репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Париз, Лондон и Пекинг, како и бронза на Олимписките игри во Атина.
Во истата епизода од подкастот се појави и двократниот MВП на НБА и сонародник на Џејмс, Стивен Кари, кој рече дека има „силни сомнежи“ дека ќе настапи на Олимписките игри во Лос Анџелес.
„Со Божја помош, сè уште имам избор и физичка опција каде што можам да направам влијание врз тимот. Никогаш не вели никогаш, но многу се сомневам во тоа. Многу се сомневам во тоа“, рече 37-годишниот Кари, чии Олимписки игри минатата година беа негови први.
Џејмс и Кари заедно освоија златен медал на Олимписките игри во Париз, каде што репрезентацијата на САД ја победи репрезентацијата на Србија во полуфиналето, а во финалето ја победи Франција.
Олимписките игри во Лос Анџелес се закажани од 14 до 30 јули 2028 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Австрија оди на СП, Босна и Херцеговина во плејофот
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина не успеа директно да се квалификува за Светското првенство во 2026 година. Во последното десетто коло од европските квалификации, тие долго време водеа, но на крајот ремизираа со Австрија во Виена (1:1). Австријците ќе играат на Светското првенство по 1998 година
БиХ по 12 минути игра ја оствари целта, постигна гол за 0:1, прегу Табаковиќ кој најдобро се снајде во мешаницата пред голманот Алекс Шлагер.
Како што се очекуваше, Австрија потоа нападна и ги притисна Босанците пред нивниот гол. Постигнаа гол во 43-та минута, но беше поништен поради фаулот што го направи Лајмер на зачетокот на акцијата.
Во вториот фел првата замена на Ралф Рангник беше Михаел Грегорич, и токму тој постигна гол дваесет минути по влегувањето во игра. Слично како и Табаковиќ во 12-та, тој најдобро се снајде пред голот на Василљ цво 78-та минута.
Австрија ќе игра на Мундијалот, а Босна и Херцеговина, која се бореше до последната секунда ќе игра во баражот.
Спорт
(Видео) Катастрофа од игра и катастрофален пораз – Македонија прими седум гола од Велс
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа дебакл во Кардиф против Велс (7:1), во натпревар од последното коло во Ј групата, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Од оваа група директен пласман на Мундијалот избори Белгија, Велс го освои второто место и ќе игра плејоф за пласман на СП. Во баражот, но преку Лигата на нации ќе оди и Македонија.
Се до вечерва две години Македонија немаше пораз во официјален натпревар (Лига на нации и квалификации се СП). Крај на успешната низа дојде на „Милениум“ стадионот во Кардиф.
Македонија одигра лош меч, одбаната беше катастрофално лоша, а со исклучок на голманот Димитиревски, не се прославија ниту останатите фудбалери. Поразот оди и на душа на селекторот Благоја Милевски, кој целосно ја промаши тактиката.

Со исклуок на голот на Миовски во 23-та минута и мини притисокот во последните три минути од првиот дел, кога Македонија изведе три корнери, а Барди имаше опасен шут од слободен удар, Македонија беше невидлива на теренот.
Во победата на Велс блескаше фудбалерот на Фулам, Хари Вилсон со хет-трик, а по еден гол Брукс, Џонсон, Даниел Џејмс и Бродхед.
Спорт
(Видео) Одбраната е ужасна, Македонија губи во Кардиф со 3:1
Фудбалската репрезентација на Македонија има минус од два гола, во Кардиф против Велс, во натпревар од последното коло во Ј групата, во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Велшаните, во првите 45 минути се блиску до освојување на второто место во групата и пласман во баражот за место на СП. Македонија секако е во баражот, но доколку остане непоразена, противникот во баражот ќе го чека од третиот шешир, во споритвно на ждрепката во четврток ќе биде во четвртиот шешир и за противник во полуфиналето ќе добие селекција од најсилниот шешир.
Велс експресно дојде до предност од два гола, во 18-та минута Вилсон посгоди од пенал. Стојчевски со невнимателен старт го направи пебалот. Три минути подоцна уште една конфузија во нашата одбрана и зголеми на 2:0.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6zq2d0″,”div”:”rumble_v6zq2d0″});
Македонија се врати во мечот со голот на Миовски во 23-та минута, но по уште една лоша игра во одбраната, откако Илиевски испедна во дуелот со Бренан Џонсон, играчот на Тотенхем го постигна третиот гол за Велс.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6zq2l2″,”div”:”rumble_v6zq2l2″});

