Спорт
Леброн: Секој може да ни удри клоца
Лос Анџелес Лејкерс, во 49. натпревар сезонава го забележаа 25.пораз. „Езерџиите“ загубија во Атланта со 138:122.
Лејкерси играа без Ентони Дејвис и во ниту еден момент не можеа да им парираат на домаќините, кои на крајот рутински забележаа победа.
Лидерот на Лејкерси, Леброн Џејмс, потврди дека оваа сезона ништо во тимот не оди според планираното.
„Можеме да добиеме секого во оваа лига и од секого можеме да загубиме. Исто така може да се деси секој од НБА да ни удри клоца. Каков скор имаме? Под 50 проценти? Да, 24-25. Тука сме каде што сме“, изјави Леброн.
Леброн натпреварот го заврши со 20 поени, девет скока и осум асистенции. Лејкерси ги предводеше Остин Ривс со 28 поени. Кај Атланта петмина постигнаа двоцифрен број на поени: Тре Јанг (26 поени и 13 асистенции), Дежонте Мареј (24 поени и девет скока), Џамал Џонсон (19 и 11 скока), Садик Беј (18 поени и осум), Богдан Богдановиќ (18 поени).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вест Хем ќе го отпушти Еспирито Санто?
Нуно Еспирито Санто пристигна во Вест Хем со задача да го подигне клубот по лошиот почеток на сезоната, но не работата не му оди според планираното.
„Чеканите“ се во зоната за испаѓање, а од доаѓањето на Португалецот, тие имаат забележано само два триумфа во 13 натпревари.
Затоа Вест Хем размислува да се раздели со Санто, според „Ток Спорт“. Засега не е наведено кој би можел да го замени.
Поранешниот менаџер на Нотингем Форест го наследи Греам Потер, но шок терапијата не успеа.
Вест Хем се наоѓа на 18-то место во Премиер игата со скромни 13 поени.
Foto/ depositphotos
Спорт
Горецка пред трансфер во Премиер лигата
Репрезентативецот на Германија, играч на Баерн, Леон Горецка (30), би можел да му се приклучи на Тотенхем во зимскиот преоден рок, објавија британските медиуми.
Оваа сезона, Горецка не беше во почетниот состав на ниту еден од шесте натпревари од Лигата на шампионите, додека во Бундеслигата тренерот Винсент Компани често го заменува по еден час игра.
Тренерот на Спарс, Томас Франк, верува дека германскиот играч за врска би бил одлично решение за проблемите во средниот ред, а медиумите тврдат дека Горецка е отворен и за нови предизвици.
Поволна околност кога станува збор за потенцијален трансфер во англиски клуб е фактот што договорот на Горецки со Баерн истекува на крајот од оваа сезона.
Foto/ depositphotos
Спорт
Фелипе Луис го продолжи договорот со Фламенго
Фелипе Луис ќе остане тренер на Фламенго до 2027 година, објави во понеделникот бразилскиот клуб.
Човекот кој освои пет трофеи во првата година од својата професионална тренерска кариера, потпиша нов договор и со тоа стави крај на сите шпекулации за неговиот понатамошен ангажман.
Фиелипе Луис, некогаш ѕвезда на Атлетико Мадрид и бразилската репрезентација, веднаш по завршувањето на кариерата, започна да работи како тренер. Прво во тимовите до 17 и до 20 години на Фламенго, а првиот тим го презеде во септември 2024 година.
Со клубот од Рио де Жанеиро, во тековната година го освои националното првенство на Бразил, Купот, Суперкупот, првенството Кариока и Копа Либертадорес.
„Тој не оди никаде“, пишува во официјалното соопштение на Фламенго во врска со потпишувањето на новиот договор.

